Понуди
    Filters
    Пребарување

    Божиќен пазар во Прага

    Божиќен пазар во Прага

    Го чуствувате мирисот на сладок цимет, мирисот на печени костени. Зарем ова не звучи како магичен Божиќ во земјата на чудата? Тоа е токму она што се чуствува како Божиќ во Прага. Секоја година во Прага се трансформираат центарот на градот и градските плоштади во мали божиќни села полни со традиционални дрвени колиби. Ведаш по пристигнувањето на Божиќниот пазар на староградскиот плоштад ќе ја почуствувате топлината и мирисот на печени костени и варено вино, па следно што ќе забележите е огромна осветлена елка полна со светилки и прекрасни украси во близина на малите дрвени куќички со црвени покриви. На Божиќните тезги се нудат различни традиционални Чешки сувенири како Божиќни украси, рачно изработени украси, накит, скулптури, стакларија, уметнички дела и итн... Повеќето од предметите се рачно изработени, правејки го секој подарок нешто специјално што можете да го понесете дома да ве потсетува на магичното искуство од Божиќниот пазар во Прага. После поминатото време, шетајќи во делот со сувенири не пропуштајте да ги поминете и тезгите со храна и пијалок. Нешто што треба секој да проба е традиционалиот Чешки десерт наречен трдло или “Trdelnik” ролна направена од слатко пециво покриено со шеќер и мешавина на орев или цимет и шеќер. За љубителите на слатки јадења по желба може да биде и со нутела во внатрешноста – превкусно! Ако не сте љубители на слатки јадења нема да бидете разочарани, бидејќи тука е и широк спектар на скара, со колбаси, печено свинско, стекови... сето тоа може да се залее со освежувачко локално пиво, варено вино или вкусно топло чоколадо. Магичен провод ве чека! Не чекајте и букирајте го вашето патување за годинешниот Божиќен пазар во Прага за само 119евра со вклучен превоз сместување во хотел 2 вечери со појадок и доживејте ја магијата на божиќната Прага единствено со Нехар Травел :)

     

     

     

     

     

    Блог архива