Понуди
    Filters
    Пребарување

    Будимпешта

    Термин 07-11 Септември
    1 ден СКОПЈЕ - БУДИМПЕШТА Состанок на групата на паркингот спроти салата Борис Трајковски во 16.00 часот. Тргнување за Будимпешта во 16.30 часот. Се патува преку Србија со куси попатни паузи. Ноќно возење.
    2 ден БУДИМПЕШТА Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Предлагаме панорамско разгледување на градот со стручен локален водич: Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, црквата "Св. Стефан", мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата "Св. Матејас", Рибарската тврдина... Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Сместување во хотел... Вечерта, предлагаме крстарење со брод по Дунав. Враќање во хотел. Ноќевање
    3 ден БУДИМПЕШТА - ВИЕНА Појадок. Препорачуваме посета на Виена, панорамско разгледување на градот: Рингот, Парламентот, Виенската Опера, градското Собрание, Палатата Хофбург, Катедралата Св.Стефан. Слободно време за прошетки низ стариот дел на градот. Во попладневните часови посета на шопинг центарот во Пандорф. Враќање во Будимпешта. Ноќевање.
    4 ден БУДИМПЕШТА –СЕНТ АНДРЕА Појадок. По појадокот заминуваме на посета на живописното гратче Сент Андреа(факултативно), во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби, богато со голем број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Враќање во Будимпешта. Слободно попладне. Поаѓање за Македонија во вечерните часови. Ноќно и денско возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.
    5 ден СКОПЈЕ Пристигнување во Скопје во пладневните часови ..

    ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 99 € / 6.140 ден


    ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

    • Превоз со високотуристички автобус
    • 2 ноќевања во хотел 3* НП во Будимпешта (околина)
    • Организација и водство на програмата
    • Организација на аранжманот
    • Лиценциран туристички придружник

    ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
    • Задолжително патничко осигурување 150 денари
    • Разглед на Будимпешта со локален водич 10 €
    • Крстарење по Дунав 15€
    • Посета на Сент Андреа 10€
    • Посета на Виена и OUTLET SHOPING CENTER PARNDORF 35€
    • Влезници за музеи и културно-историски знаменитости
    • Доплата за еднокреветна соба 1,860 денари

    НАПОМЕНИ:
    • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
    • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
    • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
    • Попустите не се комбинираат
    • Останатите услови на патување важат според годишниот програм на НЕХАР ТРАВЕЛ
    • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
    • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди време и место на поаѓање.

    Будимпешта