Термин: 29 Декември
1 ден 29.12.2021 СКОПЈЕ - БУДИМПЕШТА Состанок на групата пред спортската сала Борис Трајковски во 13.00 часот.Поаѓање за Будимпешта во 13.30 часот. Се патува преку Србија со куси попатни паузи. Ноќно возење.
2 ден 30.12.2021 БУДИМПЕШТА Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Факултативно Ве водиме на панорамско разгледување на градот : Споменикот на Милениумот, Операта, улиците Ваци, Андраши, Ракочи, Парламентот, црквата "Св. Стефан", мостовите на Дунав, Будим, Цитаделата, Кралската палата, црквата "Св. Матејас", Рибарската тврдина... Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Сместување во хотел... Ноќевање.
3 ден 31.12.2021БУДИМПЕШТА – БРАТИСЛАВА Појадок. Препорачуваме целодневна посета на Братислава . Разглед го започнуваме соискачување до барокниот дворец кој се издига на 100 м. над Дунав,од каде се пружа прекрасен и единствен поглед на градот. –Дворецот е едмо од ретките места од каде ќе имате поглед на три држави –Австрија, Унгарија и Словачка. Продолжуваме со средовековниот плоштад , Роландовата Фонтана, Михалската порта, старото градско собрание, катедралата Св.Мартин, најистакнатата градба во готски стил од 14 век, Народниот театар... . Слободно време за прошетки низ стариот дел на градот. Враќање во Будимпешта. Дочек на НОВА ГОДИНА на плоштадите на Будимпешта. Ноќевање
4 ден 01.01.2022 БУДИМПЕШТА - СЕНТ АНДРЕА - ЕСТЕРГОМ- ВИШЕГРАД Појадок.По појадокот следи целодневен факултативен излет до Естергом и Вишеград - некогашните центри на кралска Унгарија. Пристигнување во Естергом - град кој лежи на брегот на Дунав, воедно и природна граница помеѓу Р.Унгарија и Р.Словачка. Разглед на градот со локален водич и посета на Естергомската катедрала која е највисоката црква во Р.Унгарија. Патот продолжува кон Вишеград, каде се наоѓа летната резиденција на кралот Матијас, некогашното кралско седиште на Унгарија. Попладне попатна посета на живописното градче Ст. Андреја - каде се негуваат старата архитектура и народните ракотворби, богато со голем број винотеки, музеи, галерии и цркви. Разглед на градот со локален водич и слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Враќање во Будимпешта во попладневните часови со можност за факултативно крстарење со брод по Дунав, под прекрасните мостови со можност за единствен поглед од вода на најимпозантните објекти во Будим и Пешта . Враќање во хотел. Ноќевање
5 ден 02.01.2022 БУДИМПЕШТА Појадок. По појадокот, одјавување од хотел. Слободен ден во центарот на Будимпешта или можност за посета на шопинг центар. Поаѓање за Македонија во попладневните часови. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.
6 ден 03.01.2022 СКОПЈЕ Пристигнување во Скопје во утринските часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 175 €/ 10.850 денари
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- Превоз со високотуристички автобус
- 3 ноќевања со појадок во хотел 3* НП во Будимпешта(околина)
- Разглед на Будимпешта со локален водич
- Организација на аранжманот
- Лиценциран туристички придружник
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА
- Задолжително патничко осигурување 210денари
- Крстарење по Дунав 15€
- Посета на Сент Андреа- Естергом и Вишеград 20€
- Посета на Братислава 20€
- Влезници за музеи и културно-историски знаменитости
- Доплата за еднокреветна соба 3.600 денари
НАПОМЕНИ:
- За реализација на ова патување, потребен е минимум од 40 патници.
- Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата
- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
- За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
- Останатите услови на патување важат според годишниот програм на НЕХАР ТРАВЕЛ
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
- Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.
Протокол за влез во Р.УНГАРИЈА :
- EU дигитален пасош за примени 2 дози на вакцина и тоа од следните производители : Pfiser-BioNtec; Moderna, AstraZeneca, Sinofarm & Sinovac
НЕХАР ТРАВЕЛ ул.Никола Тримпаре бр.10 Скопје Teл: 02/3 13 10 45
Моб: 071 380724e-mail: info@nehartravel.com.mk web:www.nehartravel.com.mk