Понуди
    Filters
    Пребарување

    Виена - 2НП - 8-ми Март

    €129,00
    ВИЕНА – Престолнина на една од најзначајните европски империи, царски град и место на вкрстување на разни култури и влијанија, една од најстарите метрополи во срцето на Европа, денес главен град на Австрија. Со своето културно и архитектонско наследство, со својот шарм и раскош привлекува милиони туристи од целиот свет. Град зачнат во првиот век како Римско утврдување... а денес град во кој се патува низ времето, град кој е жива слика на раскошниот империјален барок. .. доволно е да ги спомнеме дворците Хофбург и Шенбрун, палатата Белведере, катедралата Св. Стефан, Карловата црква, операта, театарот... Виена го носи и епитетот Музичка престолнина, во која живееле и твореле композиторите – Моцарт, Бетовен, Штраус..

    Tермин:08 Март

    1 ден  08.03.2018 Скопје – Виена

    Состанок со групата на паркингот пред спортски центар „Борис Трајковски“ во 14.30 ч. и поаѓање за Виена во 15:00ч. Ноќно патување преку Србија и Унгарија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.

    2 ден  09.03.2018 шопинг центар Parndorf -  Виена

    Пристигнување во претпладневните часови во  eден од најголемите аутлет шопинг центри Designer Outlet Parndorf. Слободно време за шопинг. Во договорено време патувањето продолжува накај  Виена. Предлагаме панорамски разглед на градот со локален водич (факултативно): плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург.... Слободно време за индивидуални прошетки. Сместување во хотел. Ноќевање.

    3 ден 10.03.2018 Шенбрун – Дунавска Кула

    Појадок. После појадокот трансфер со автобус до дворецот „Шенбрун“ (факултативна посета) со локален водич – (дворецот Шенбрун е познатата летна Хабзбуршка резиденција, кој е изграден 1.700 г. Палатата и паркот кои го опкружуваат говорат за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Фрањо  Јосиф) или слободно време за индивидуална прошетка низ Виена. Подоцна факултативна посета на Дунавската Кула (со 252м. претставува највисоката градба во Австрија од каде се пружа прекрасен поглед -  360о на градот).Во попладневните часови враќање во хотел. Вечерта можност за посета на традиционален австриски ресторан Грицлинг или посета на некоја од локалните пивници (факултативно). Ноќевање.

    4 ден  11.03.2018 Виенски шуми

    Појадок. После појадокот напуштање на хотелот иможност за факултативна посета на Виенски Шуми (полудневен разглед). Се посетува Сегроте, некогашниот рудник каде била фабриката за авиони на Хитлер и најголемото подземно езеро во Европа. Потоа прошетката продолжува кон манастирот Хајлигенкројц и прошетка низ живописниот град Баден, во подножјето на виенските шуми и царските бањи. Во вечерните часови, поаѓање кон Скопје со попатни паузи за одмор и царински формалности.

    5 ден  12.03.2018 Скопје

    Пристигнување во Скопје во пладневните часови.

    ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 31.01.2018: 129€ / 8.000 ден

    ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 139 €/ 8.620 ден.

    ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

    • Превоз со високотуристички автобус
    • Сместување во хотел во Виена со 3* на база на 2 НП (нокевање/појадок)
    • Професионален туристички придружник
    • Организација и реализација на програмата
    • Организиран трансфер од Битола, Прилеп, Кавадарци, Струмица, Штип, Велес, Охрид, Кичево, Тетово, Гостивар

    (Организираниот трансфер може да биде во утринските часови, а точно време на поаѓање се утврдува 1 ден пред терминот на поаѓање)

    ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

    • Разглед на Виена со локален водич – 10€
    • Влезница за дворецот Шенбрун (превоз + влезница + локален водич) – 30
    • Факултативна посета на  традиционален австриски ресторан Грицлинг – 30€ - мин. 30 лица за реализација
    • Факултативна посета на Виенски шуми со локален водич - 25€ - мин. 25 лица за реализација
    • Дунавска Кула (превоз + влезница) – 15€
    • Патничко осигурување – 160 ден (за лица до 60 год)

     НАПОМЕНИ

    • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
    • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
    • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
    • Останатите услови на патување важат според годишниот програм на НЕХАР ТРАВЕЛ
    • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
    • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди  време и место на поаѓање.

    НЕХАР ТРАВЕЛ ул.Мито Хаџивасилев Јасмин бр. 52б, Скопје Teл: 02/3 13 10 45  Моб: 071 380724

    e-mail: info@nehartravel.com.mk    web:www.nehartravel.com.mk