ВИЛА „BLUE STRATОS“ –
Вилата е одалечена околу 800м од центарот на Метаморфозис, на околу 20-30 м.од плажа. Вилата е понова градба и е опкружена со простран и уреден двор со тревна површина и многу дрвја кои прават пријатни сенки во топлите денови. Има два ката и приземје и располага со 1/2 студиа и 1/3 и 1/4 аппартмани. Сите соби се со сопствена бања со туш, комплетно опремена кујна, клима уред (користење вклучено во цена), ТВ. Собите на кат имаат балкон, а некои и поглед на море.