Понуди
    Filters
    Пребарување

    Дубаи Нова Година 2019

    €895,00
    НОВА ГОДИНА ВО ДУБАИ - ГРАДОТ НА ЛУКСУЗОТ И РАСКОШОТ 30.12.2018 - 04.01.2019 5 НОЌЕВАЊА / 6 ДЕНА Промотивни цени за хотел Ibis Dubai Deira City Centre! Вклучена полудневна екскурзија во Дубаи и посета на Dubai Frame Вклучена посета на Лувр за време на турата до Абу Даби

    Ден 1 (30.12.18 - Недела)

    Организиран трансфер од Скопје до аеродромот во Софија. Состанок на групата во 11:45 часот (Терминал 2) со пратителот на групата кој што ќе Ве придружува за време на целото патување. Полетување кон Дубаи во 14:45 часот со авиокомпанијата Fly Dubai. Слетувањето на аеродромот во Дубаи е предвидено во 20:55 часот. Превоз и сместување до претходно одбраниот хотел. Ноќевање.

    Ден 2 (31.12.18 - Понеделник)

    Појадок. Полудневна туристичка обиколка низ Дубаи и посета на Dubai Frame, со водич на бугарски јазик (вклучено во цената). Обиколката започнува од местата кои се зачеток на градот, односно со прошетка околу тврдината Ал Фахиди, изградена во 1787 година со цел да го чува тогашното село од морски непогоди. Зградата е во контраст со модерните архитектонски достигнувања, презентирајќи ја автентичната локална архитектура. Ќе добиете претстава за тоа каков бил животот на локалците пред откривањето на нафтата и пред Емиратите да станат место од иднината. Прошетката ќе продолжи со посета на старата област Бастакија. Тоа е всушност историскиот дел од Дубаи, каде што се наоѓаат најстарите градби на градот. Таму ќе ги видите специфичните арапски куќи со ветерни турбини на покривите кои служат како природни климатизери. Слетува посета на Форт Ал Фахиди. Потоа, се насочуваме кон новиот дел на Дубаи, каде што не очекува серија на архитектонски фантазии претворени во реалност - прекрасен контраст помеѓу најпочитуваните стари традиции и ултрамодерниот луксуз, како и многу природни цвеќиња како дел од можеби најголемата егзотична градина во светот, која се наоѓа во срцето на пустината. За време на екскурзијата ќе ја посетиме една од најновите знаменитости на Дубаи - "Златната Рамка" (Frame Dubai), која што официјално беше отворена на 1 Јануари 2018 година во прекрасниот парк Zabeel. Проектот ја раскажува приказната за минатото, сегашноста и иднината на Дубаи. Двете 150 - метарски стаклени кули се поврзани со 93 - метарски делумно транспарентен мост, а посетителите можат да уживаат во извонредна панорама на градот од 360 степени, која што преку северот ги покажува знаменитостите на стариот Дубаи - Деира и Бур Дубаи, а на југ ќе ги видите модерните трговски центри и најпопуларните облакодери. На крајот тоа е едно незаборавно патување низ времето на возбудливиот град. Екскурзијата продолжува кон крајбрежната област Џумеира и хотелот со 7 ѕвезди, Бурж ал Араб. Потоа се упатуваме кон Мадинат Џумеира или позната како "Арапската Венеција". Слободно време за романтични фотографии и кратка пауза. Се упатуваме кон вештачкиот остров The Palm Jumeirah, каде ќе имате можност да ја видите и фотографирате големата капија на луксузниот хотел "Atlantis The Palm". Ќе продолжиме кон новиот гламурозен кварт Дубаи Марина / Dubai Marina / и ќе застанеме за фото - пауза до извонредната спирална кула Кајан.
    Корисна информација за екскурзијата:
    Полудневна екскурзија, вклучена во цената на пакетот, со водич на бугарски јазик. Превозот се спроведува со климатизиран автобус, но вклучува и краток пешачки дел. Времетраење: околу 5 часа.
    Во вечерните часови: Новогодишна Гала Вечер.

    Ден 3 (01.01.19 - Вторник)

    Појадок. Слободно време за плажа и забава, како и можност за дополнителна екскурзија.

    • Дополнителна екскурзија - Пустинско сафари со џип. Цена - 60 EUR(деца до 12 години - 45 EUR)
      Оваа екскурзија е скапоцен камен во круната на возбудливите авантури на Дубаи. Ова off - road возење долж црвените песочни дини е едно незаборавно, неповторливо и неверојатно искуство. Срамежливо поставеното сонце ќе предизвика мека светлина и романтична атмосфера, а пустинскиот пејзаж ќе Ве кани да навлезете се подлабоко и подлабоко во срцето на пустината. Ќе запрете сред црвените дини како би го вкусиле арапското кафе и почувствувале гостопримството кон странецот. По зајдисонце, ќе пристигнете во кампот Бедуин, каде што ќе ви биде послужена вечера на отворено небо. Тука ќе имате прилика да ви ги насликаат рацете со Хена, да пушите шиша / наргиле /, да јавате или само да се фотографирате со камила - сето тоа проследено со арапска музика и “бели денс”. Ноќевање.
      Корисна информација за екскурзијата:
      Почеток на екскурзијата: 15:00 часот. Времетраење: околу 5 часа. Сафари џиповите ќе ве земат од вашиот хотел. Екскурзијата не е погодна за бремени жени. За деца до 6 години, сафари е одговорност на родителите и се спроведува со потпишување на документ за согласност. За ваша удобност, носете палто и шал.

    Ден 4 (02.01.19 - Среда)

    • Дополнителна екскурзија - Магијата на отворените пазари на Истокот со ручек во локален ресторан. Цена - 40 EUR(деца до 12 години - 3EUR)
      Прошетката ќе ја започнеме со текстилниот пазар, каде што ќе најдете изобилство од свила, кашмир и најразновидни текстилни производи. Потоа ќе преминеме од другата страна на Дубаи крик, природниот воден пат кој што го дели градот на два дела - Деира и Бур Дубаи. Краткото пловење со водно такси таканаречено "абра" е уште едно неповторливо искуство. Прошетката продолжува со пазарот на зачините, парфемите и популарниот "Златен пазар". Тука ве очекува мешавина од мириси на зачини, изобилство од ореви и слатки арапски мириси, додека пак неверојатниот накит и вештите изработки на златарските работилници ќе ве остават без зборови. На крајот на прошетката ќе посетите и продавница во која ќе можете да одберете и купите различни сувенири, а потоа ве очекува изобилен ручек на блок маса во локален ресторан.
      Корисна информација за екскурзијата:
      Ручек на блок маса со голем избор на специјалитети (еден безалкохолен пијалок вклучен во цената). Претежно пешачка тура. Почеток  09:00 часот.Времетраење: околу 5 часа.
    • Дополнителна екскурзија -Бурж Калифа и Дубаи Мол (од 18:30 часот)Цена - 55 EUR(деца до 12 години - 45 EUR)
      Неповторливо е чувството кое го предизвикува искачувањето на врвот на највисоката конструкција некогаш изградена. Со своите 828 метри и 206 ката, од кои последниот на 626 - тиот метар, Кулата на Калифа го држи рекордот "нај" за достигнувања во повеќе од 14 категории. На највисоката точка, кулата се движи хоризонтално, правејќи вибрации од 1.5 метри во должина. Екскурзијата ќе започне со разгледување на Дубаи Мол, најголемиот трговски центар во светот, дел од комплексот Бурџ Калифа. Ќе видите некои од познатите обележја на трговскиот центар, како што се огромниот ѕид на Аквариумот на Дубаи, најголемото лизгалиште, Ѕидот на нуркачите и др. Потоа ќе ја имате честа да го доживеете најбрзиот лифт во светот кој за 124 секунди ќе ве одведе до 124 - тиот кат, каде се наоѓа опсерваторијата "На врвот". Што потоа? На чудата на Дубаи им нема крај. Величественоста на "Танцувачките фонтани" е следна - жива вода во позадина на извонредна музика и светилки, па дури и да не ги споделиме со вас рекордните достигнувања на творците на фонтаните, тоа нема да ве спречи да бидете маѓепсани од волшебството кое што го создава Танцувачката вода. Ноќевање.
      Корисна информација за екскурзијата:
      Времето на заминување може да се промени во зависност од времето на резервацијата за посета на опсерваторијата. Времетраење на патувањето: околу 4 часа. Цената вклучува превоз со автобус од и до хотелот во кој сте сместени, водич на бугарски јазик, билет за посета на опсерваторијата на кулата.

    Ден 5 (03.01.19 - Четврток)

    • Дополнителна екскурзија - Абу Даби со вклучена посета на Лувр (почеток 09:30 часот). Цена - 65 EUR (деца до 12 г. - 55 EUR).
      Пред само 80 години, Абу Даби не беше ништо повеќе од едно рибарско пристаниште кое лежи на остров во непосредна близина на континентот, познато по своите ловци на бисери. Денес Абу Даби - главниот град на Емиратите, маѓепсува со шармот на белиот песок, тиркизните води, уредноста и  архитектонските достигнувања. Уште на влез во градот ќе го посетите островот Яс / Yas Island / - познат по патеката за Гран При на Формула 1 (не е вклучена посета на патеката) и продавниците на забавниот парк Ferrari World. Кратко слободно време за посета на Yas Mall. Се упатуваме кон најновиот музеј на Абу Даби - Лувр, кој што е првиот клон на светски познатиот музеј надвор од Франција. Модернистичкиот музеј, чија архитектура е инспирирана од арапските медини (населби), опфаќа 55 градби со идејата за "универзален музеј" чии бели ѕидови го доловуваат одразот на водата на Персискиот залив. Ветерот што доаѓа од заливот ги лади темните ходници. Сонцето ѕирка низ 7850-те метални ѕвезди во музејската купола со дијаметар од 180 метри и тежина од 7500 тони, создавајќи чувство на "дожд на светлината". За разлика од други музеи, каде уредувањето е хронолошко и во одреден стил, во овој музеј се обединуваат универзални теми и меѓукултурни влијанија - од праисторијата до ден денес. Вкупно 620 е бројот на изложени творби, а дури 300 уметнички дела и се обезбедени на филијалата на Абу Даби од 13 различни музеи од Франција. Меѓу нив е автопортретот на Ван Гог. Помеѓу 28-те обезбедени дела од страна на Блискоисточните земји е двоглавата скулптура стара повеќе од 8000 години, која доаѓа од Јордан. Неолитската статуа, една од најстарите статуи во човечката историја, е меѓу првите дела што ќе ги видите. Откако ќе го истражите Лувр, ќе се упатите кон срцето на градот и ќе го посетите Heritage Village, селото кое наоѓа на брегот и отвора прекрасен поглед на целиот град. Таму ќе можете да видите како се одвивал животот на локалното население пред откривањето на црното злато. Краток одмор за ручек или шопинг во Марина Мол Абу Даби. Разгледување на импресивниот хотел "Емирати Палас", изграден во типичен арапски стил, кој потсетува на дворците од сказните. На враќање во Дубаи ќе бидете обземани од величественоста на белата џамија - Шеик Зајед. Ќе имате можност за посета на џамијата.
      Забелешка: При промена на време за посета на џамијата, програмата може да се промени во поглед на разгледување на знаменитостите. Ноќевање
      Корисна информација за екскурзијата:
      Екскурзијата е целодневна и се изведува со водич на бугарски јазик. Должината на патувањето од Дубаи до Абу Даби е околу 90 минути во еден правец. За време на посетата на џамијата Шеик Зајед, постои потреба за машка и женска облека. Ве молиме обрнете внимание на упатствата што ќе ги добиете пред поаѓањето.

    Ден 6 (04.01.19 - Петок)

    Појадок. Одјавување од хотелот околу 07:00 часот наутро. Организиран трансфер до „Dubai International Airport” за лет кон Софија во 10:00 часот. Пристигнување на аеродромот во Софија во 13:45 часот. Организиран трансфер до Скопје. 

    ПАКЕТНИ ЦЕНИ

    Промотивни цени за хотел Ibis Dubai Deira City Centre!

    Хотел

    По лице во двокреветна соба

    Еднокреветна соба

    Доп. легло во соба со 2ца возрасни

    Дете во соба со двајца возрасни

    Ibis Dubai Deira City Centre 3*

    895 €

    1158

    N/A

    Дете (0-2,99г)-без легло

    606

    Novotel Deira City Center 4*

    1061€

    1450€

    876€

    Дете (2-5,99г)- без легло

    646€

    Дете (6-15,99г)- без легло

    672€

    Swissotel Al Ghurair 5*

    Вклучена новогодишна вечера во хотелот

    1538 €

    2305€

    1538€

    Дете (0-5,99г)-без легло

    646€

    ФАКУЛТАТИВНИ ЕКСКУРЗИИ

    Екскурзија

    Цена возрасен

    Цена за дете до 11,99г.

    Времетраење

    Полудневен разглед на Дубаи со посета на DubaiFrame

    Вклучена во пакет цената

    Вклучена во пакет цената

    8 часа

    Магијата на отворените пазари на истокот 
    *Пешачка тура со вклучен ручек + еден безалкохолен пијалок

    40€

    35€

    5 часа

    Бурџ Калифа и Дубаи Мол
    *трансфер од/до хотел

    *билет за влез до 124 кат

    55€

    45€

    4 часа

    Крстарење по Дубаи Марина
    *трансфер од/до хотел
    *вклучена вечера со безалкохолни пијалоци, чај и кафе

    65€

    55€

    2 часа и 30 минути

    Посета и разглед на Абу Даби

    65€

    55€

    8 часа

    Џип Сафари
    *вклучена вечера и безалкохолни пијалоци

    60€

    45€

    5 часа

    Градините Miracle
    *трансфер од/до хотел
    *билет
    *мин. 10 пријавени

    45€

    45€

    2-3 часа

    Забелешки:

    *Екскурзијата Џип Сафари не е препорачлива за бремени жени;

    *Деца до 6 години може да користат екскурзија Џип Сафари со однапред потпишана согласност од страна на родителите.

    Цената на пакетот вклучува:

    • Авионски билет Софија - Дубаи - Софија со АК Fly Dubai;
    • Аеродромски такси;
    • Трансфер на релација Скопје - Аеродром Софија - Скопје;
    • Рачен багаж до 7 кг со размер 56 x 45 x 25 см;
    • Чекиран багаж 20 кг;
    • Превоз аеродром - хотел - аеродром;
    • 5 ноќевања со појадок во хотел според избор од понудата;
    • Екскурзија во Дубаи со посета на Dubai Frame и водич на бугарски јазик;
    • Медицинско осигурување “Помош при патување во странство” со покритие до 10 000 евра;
    • Претставник од Бугарија за време на целиот престој во Дубаи;
    • Услуга на бугарски јазик за време на сите дополнителни екскурзии во Дубаи од професионални и лиценцирани водичи.

    Цената на пакетот не вклучува:

    • Новогодишна Гала вечера (факултативно) “all inclusive”, со богато мени од алкохолни и безалкохолни пијалоци во свечената сала на хотелот „Metropolitan Palace” со вклучен повратен траснфер од и до вашиот хотел. Хотелот се наоѓа до 7* хотел Burj Al Arab и од него прекрасно се набљудува празничниот огномет и светлосното шоу на Burj Khalifa.
      • ПАКЕТ за лица над 18 години со алкохолни пијалоци: 145 евра;
      • ПАКЕТ за деца до 11 години без алкохолни пијалоци: 85 евра;
      • ПАКЕТ за деца до 5 години: бесплатно;
    • Угостителство во авионот;
    • Дополнителни екскурзии;
    • Лични трошоци;
    • *Туристичка виза за влез во Дубаи - 80 евра или 4960 денари;
    • Туристичка такса во Дубаи- се плаќа задолжително и лично од страна на туристот при сместување во хотелот по цена од вечер:
      • Ibis Deira City Centre 3* - 10дирхами (нешто помалку од 2.5 евра);
      • Novotel Deira City Centre 4*15дирхами (нешто повеќе од 3.5 евра);
    • Патничко осигурување (задолжително – информации во агенција).

    ИНФОРМАЦИЈА ЗА ХОТЕЛИТЕ ПО ПРОГРАМАТА:

    Ibis Dubai Deira City Centre 3*

    Оценка на Booking: Еден од нашите омилени во Дубаи! Одлична локација, хигиена и услуга. Се наоѓа наспроти познатиот шопинг центар: Dubai Deira City Centre. На околу 200 м. Од 2-та метро станица Deira City Centre и на 10 минути до аеродромот. Бесплатен Wi-Fi. Хотелот на гостите им нуди бесплатен дневен превоз до Ал Мамзар Бич Парк. Гостите на хотелот можат да го користат надворешниот базен и фитнес центарот на хотелNovotelDeira

    Novotel Deira City Center 4*

    Се наоѓа веднаш до Deira City Mall. Хотелот располага со прекрасен отворен базен и фитнес центар. Гостите на Novotel Deira уживаат медитерански јадења во ресторанот Тала, а 2-та модерни бара и 24-часовниот room service служат пијалоци и закуски деноноќно. Хотелот им нуди на гостите дневен бесплатен превоз до Ал Мамзар Бич Парк.

    Swissotel Al Ghurair 5*

    Луксузен хотел, кој што е поврзан со трговскиот центар Al Ghurair. Меѓународниот аеродром Дубаи се наоѓа на 10 минути возење. Хотелот се наоѓа во регионот Deira, во непосредна близина до главните туристички атракции и до плажата Ал Мамзар Бич Парк.

    Услови за резервација

    • Меѓународен пасош, валиден 6 месеци од датата на патувањето;
    • Депозит во размер од 50% од вкупниот износ;
    • Доплата на аранжманот до 30 дена пред поаѓањето.

    Патниците имаат право на еднострано раскинување на договорот во кое било време пред почетокот на пакетот, откако ќе ги уплатат следниве износи:

    • До 60 дена пред денот на поаѓање: нема пенали;
    • Од 59 дена до 30 дена - се задржува депозитот;
    • Од 30 дена до денот на поаѓање: се задржува 100% од цената на аранжманот.

    Важно: 

    • Во случај КОРИСНИКОТ доброволно да го прекине своето патување за време на неговиот престој, сите дополнителни трошоци, вклучувајќи го и транспортот ќе бидат на негов трошок.
    • КОРИСНИКОТ има право да го предаде своето право на патување на трето лице согласно спецификациите на дестинацијата, не покасно од 20.12.2018 година и да му се задолжува ја надомести на ТУРОПЕРАТОРОТ само сумата за евентуално реиздавање на авионски билети.

    Информација во врска со здравствените барања:

    Нема ЗАДОЛЖИТЕЛНИ медицински и санитарни барања при патување во Дубаи.

    Патување за лица со ограничена мобилност:

    Патувањето НЕ Е погодно за лица со ограничена подвижност.

    Вид превоз:

    Авион и автобус

    Забелешки:

    • Цените на пакетот се пресметуваат при курсот на EUR 1 = MKD 62. Во случај девизниот курс да се зголеми или намали за 5% или повеќе, тур - операторот го задржува правото да направи прилагодување на вкупната цена на пакетот;
    • Имајте предвид дека некои хотели во Дубаи по пристигнување бараат депозит за хотелски услуги - мини бар, спа, бар, ресторани. Доколку депозитот не се искористи се враќа. Плаќањето може да се врши во готово или со кредитна картичка;
    • Минимален број на туристи за оддржување на патувањето - 20. Краен рок за известување за недостаток: 14 дена пред патувањето;
    • При промена на цените на влезниците за објектите и при промена на цените во рестораните, ќе се врши повторно пресметка;
    • Туроператорот го задржува правото да ги промени термините за полетување, доколку е потребно.
     
    Ознаки за производ