Close
Понуди
    Filters
    Пребарување

    Инсбрук и светот на SWAROVSKI кристалите- 3НП ( со Минхен) - 8-ми Март

    €229,00
    Тирол е еден од најубавите предели на Австрија... Го опкружуваат високите венци на Алпите, кои прават бајковита атмосфера, а барокните градови на Тирол се преполни со историја ... Инсбрук е главен град на покраината Тирол, познат по својот исклучително убав историски центар , над кој се издигнуваат моќните и магични алпски масиви... На Алпите се наоѓаат бројни ски центри поради кои што Инсбрук двапати беше домаќин на Зимските Олимписки игри ('64, '76). Магичнот свет на " Swarovski" кристалите се наоѓа во австрискиот град Ватенс (Wattens) недалеку од Инсбрук. Влезот во кристалниот светот на Swarovski е скриен под водопад. Во внатрешноста се крие најголемата кристална купола во светот, која е составена од 595 парчиња преубави кристални огледала. А понатаму по влезот во овој свет се е како во бајка... неверојатно и фасцинантно.

     (ЕЗЕРО АТЕР –САЛЗБУРГ -  ЗАМОК АМБРАС – МИНХЕН- СВАРОВСКИ)

     Термин 06 Март

    1 ден 06.03.2019    СКОПЈЕ – ИНСБРУК

    Состанок на групата во 09:00ч. на паркингот кај спортска сала Борис Трајковски. Денско и ноќно возење преку Србија, Словенија... со кратки попатни паузи за одмор и гранични  формалности.

    2 ден 07.03.2019  ЕЗЕРО АТЕР (КАМЕР) – САЛЗБУРГ

    Пристигнување на Езерото Атер (Attersee) во претпладневните часови. Посета на туристичкиот центар Камер, еден од најубавите градови на езерото. Во овој град престојувал сликарот Густав Климт, на кого  сега му е посветен Културниот центар (факултативна посета). Слободно време за прошетка по шеталиштето и уживање во атмосферата. Престој на езерото во времетреање од 2 часа. Продолжување на патувањето кон Салзбург. По пристигнувањето заминуваме на разглед на градот – пешачка тура( факултативно): Дворец Мирабел и градина, куќата на Моцарт, стариот плоштад, плоштадот на Моцарт, катедрала, глокеншпил,надбискупска резиденција.... Слободно време за  индивидуални прошетки. Сместување во хотел. Ноќевање.

    3 ден  08.03.2019   САЛЗБУРГ –  ИНСБРУК

    Појадок. По појадокот напуштање на хотелот и заминување кон Инсбрук. По пристигнувањето, предлагаме  факултативна посета на замокот Амбрас, еден од најголемите австриски замоци изградени во 16 век во ренесансен стил. Замокот бил резиденција на надвојводата. Посетата вклучува разглед на колекција на уметнички дела и куриозитети, како и прекрасната Шпанска сала, оружарницата со средновековно оружје и оклопи, градините… Сместување во хотел. По краткиот одмор заминуваме на разглед  на центарот : главната улица Марија Терезија, Градското собрание, Landhaus, Градската кула, куќата со златниот покрив, Hof црквата, катедралата, Hofburg царската палата... Слободно време за индивидуални активности. Враќање во хотел. Ноќевање.

     4 ден  09.03.2019  ИНСБРУК  - МИНХЕН (БАВАРИЈА)

    Појадок. По појадокот предлагаме целодневна посета на Баварската престолнина Минхен.  По пристигнувањето, разглед на градот(пешачка тура): плоштадот на Карл, Фрауенкиршен – градската катедрала, резиденцијата  на Вителсбахови, резиденција Максимилианеум, националната опера и театар, центарот на градот со Мариенплац, старата и новата градска куќа,  плоштадот Виктуалиенмаркт. Слободно време за индивидуална прошетка и шопинг  низ центарот на Минхен.  Посета на најпознатата Минхенска пивница Hofbrau, во која редовен гостин бил и Хитлер... уживајте во пиво, кобасици и коленици. Враќање во Инсбрук во вечерните часови. Ноќевање.

    5 ден  10.03.2019  ИНСБРУК - ВАТЕНС / КРИСТАЛНИОТ СВЕТ НА SWAROVSKI – СКОПЈЕ

    Појадок. Одјавување од хотел . Препорачуваме посета на Кристалниот свет на Сваровски... се упатуваме кон градот Ватенс (Wattens).  Неверојатениот микс  на луксузни кристали и бајковити  градини нема да Ве остават рамнодушни...  Пред две децении, брендот „Сваровски“ беше познат по колекционерските фигури и фустани со 10.000 кристали во кој Мерлин Монто во 1962 година му ја пееше роденденската песна на претседателот на САД, Џон Кенеди. Денес, „Сваровски“ е водечки светски произведувач на брусени кристали и има 2.200 продавници ширум светот, а нивните кристали ги красат и креациите со потпис Армани.

    Зелениот брег во облик на глава со очи од кристали и водопадот кој излегува од уста е „чувар“ на капијата на Сваровски музејот во австрискиот алпски град Ватенс. Уникатна капија за влез во фантастичниот и уникатен кристален свет...Можност за купување накит од Swarovski кристалите по фабрички цени во продажниот бутик. Во договорено време заминување за Македонија...Ноќното возење преку Словенија и Србија...

    6 ден 11.03.2019     СКОПЈЕ

    Пристигнување во Скопје во пладневните часови.

    ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА УПЛАТИ ДО 31.01.2019: 229 евра / 14.200 денари

    ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  249 евра / 15.440 денари

    МОЖНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ !!!

    ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

    •  Превоз со туристички автобус на наведените релации (клима/греење, аудио-видео опрема);
    • 1 ноќевање со појадок во хотел 3*, во регионот на Салзбург
    • 2 ноќевања со појадок во хотел 3*, во регионот на Инсбрук;
    • Пратител од агенцијата за време на целото патување;
    • Организациски и реализација на програмата
    • Организиран трансфер од Охрид, Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес

    * Трансферот може да биде во раните утрински часови, а враќањето во доцните вечерни часови.

    ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

    • Влезници за музеите и други туристички објекти;
    • Факултативните излети: (минимум 30 пријавени лица за секој од понудените излети)
    • Разглед на Салзбург и езерото Атер  - 10 €
    • Разглед на Инсбрук со водич -10 €
    • Целодневна екскурзија Минхен – ( превоз, разглед на градот и услуги на пратител) -  35 €
    • Замок Амбрас – ( превоз, влезница за замокот, услуги на локален водич на англиски јазик) -  20 €
    • Кристалниот свет на Swarovski –  (превоз, влезница за посета на Светот на кристалите и услуги на пратител) -  30 €
    • Индивидуални трошоци
    • Патничко осигурување 210 ден.

    НАПОМЕНИ:

    • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
    • Редоследот на седење е според датумот и редоследот на уплата
    • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
    • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
    • Останатите услови на патување важат според годишниот програм на НЕХАР ТРАВЕЛ
    • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
    • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и место на поаѓање.

    НЕХАР ТРАВЕЛ ул.Мито Хаџивасилев Јасмин бр. 52б, Скопје Teл: 02/3 13 10 45  Моб: 071 380724

    e-mail: info@nehartravel.com.mk    web:www.nehartravel.com.mk