Close
Понуди
    Filters
    Пребарување

    Истанбул Нова Година - 3НП / АВИОН

    €199,00
    Главниот град на 3 империи ќе ве освои бидејќи е многу повеке од само име од историјата. Ова е еднинствениот град кој поврзува 2 континенти, град на спротивности и на извонредни традиционални вредности. Многумина го нарекуваат „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“. Сепак, Истанбул е најголемиот град во Турција и еден од најголемите градови во светот, со население од над 13 милиони жители . Светски центар од непроценлива вредност во минатото но и во сегашноста... мозаик од бројни историски и културни убавини, главен град на многу цивилизации, денес дом на жители од целиот свет. Истанбул е единствен град, град кој премостува два континенти, град кој ќе разбуди сосема поинакви чувства во Вас. Не го пропуштајте залезот на сонцето во Истанбул... кога градот се пали како слика, силуетите на џамиите се издигаат над градот, а сонцето и месечината се поздравуваат додека денот се претвора во ноќ... Во тој момент ќе се чувствувате како султан во лулката на цивилизациите. Има многу да се доживее и почуствува во Истанбул. Дали сте подготвени да го истражите овој магичен град?

    ТЕРМИН: 30 Декември 2020

    Авион/ 4 дена/ 3 ноќевања

    30 Декември 2020 (Среда)   СКОПЈЕ - ИСТАНБУЛ

    Состанок на групата на аеродром во Скопје во 06:05 часот. Полетување за Истанбул во 09:05 часот. Слетување во 12:40 часот по локално време. Oрганизиран трансфер и панорамски разглед на градот: Аксарај, Лалели џамија, Бејазитовата џамија, Универзитетот, Римскиот аквадукт, Златниот Рог, Хотелот Пера Палас, каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент eкспрес, плоштадот Таксим, стадионот на Бешикташ, Галата кулата, Египетскиот пазар.. Сместување во хотел. Ноќевање.

    31 Декември 2020 (Четврток)  ИСТАНБУЛ - ВИЗАНТИСКИ И СУЛТАНСКИ ИСТАНБУЛ

    Појадок. По појадокот, факултативно разглед на стариод дел на Истанбул Султанахмет: Хиподромот, Сината Џамија позната по 6-те минариња, посета на Аја Софија, изградена во времето на владеењето на царот Јустинијан како најголема византиска црква, подоцна претворена во џамија а денес служи и како верски објект а отворена е и за посетители. Можност за посета на подземната цистерна Јеребатан сарај, позната како Потонатата палата. Разгледот продолжува со посета на палатата Топкапи, палата која ги чува приказните за огромното богатство на султаните, од три страни опколена со море. Прошетката продолжува кон Капали чаршија, затворен трговски со сплет од околу 60 улици и 4000 продавници за злато, сребро, кожа и ткаенини. Враќање во хотел или можност за индивидуални прошетки. Вечерта, дочек на НОВАТА 2021 година во еден поинаков амбиент во Ориенталниот Истанбул - Кум Капи на отворено, или крстарење со брод по Босфор со свечена новогодишна вечера (согласно протоколите и мерките во услови на пандемија Ковид 19). Ноќевање.

    01 Јануари 2021 (Петок)  ИСТАНБУЛ – АЗИСКИ ДЕЛ

    Појадок. Факултативна посета на Азискиот дел на Истанбул - Ускудар - Бејлербеј, поминувајќи преку подводниот тунел Мармарас (13.5 км за 4 минути, 60 метри под нивото на водите на Босфор (Европа - Азија) прекрасно место за кафе, да се вкуси прекрасна риба во некои од познатите ресторани на Белербеј... Прошетката продолжува кон Таксим и најпознатата шопинг улица Истиклал, можност да се вкуси традиционална турска баклава и чај. Доколку постои можност, факултативна посета на Кула Галата симболот на Цариград, изградена во 528 год. за време на Јустинијан. Кулата е со кружна основа, сместена врвот на ридот нпомеѓу Златен Рог и Босфор. Обновена е во 1990 година и од тогаш е отворена за посетители. Враќање во хотел. Ноќевање.

    02 Јануари 2021 (Сабота)  ИСТАНБУЛ - КРСТАРЊЕ ПО БОСФОР - ДОЛМАБАХЧЕ САРАЈ - СКОПЈЕ

    Појадок. Одјавување од хотел. Слободно време за индивидуални активности или факултативна посета на Долма Бахче Сарај- последната резиденција на Отоманскиот султан, која содржи музејска збирка со непроценливо богатство, до 1922г. служел како резиденција на Отоманскиот Султан, а по 1922г. резиденција на Кемал Ататурк. Потоа, факултативно крстарење со брод по Босфор,панорамски разглед на раскошните палати од двете страни на каналот и пловење под мостовите Фатих и Босфор, кои ги поврзуваат Европа и Азија. Во договорено време трансфер до аеродромот во Истанбул. Авионот за Скопје полетува во 20.20 часот (локално време) Пристигнување во Скопје во 19.50 часот.

    BLACK FRIDAY: 199 евра (12.340 денари)

     за уплата до 30.Ноември.2020

    ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 249 евра (15.440 денари)

    ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

    - Авионски превоз на релација Скопје – Истанбул – Скопје со Turkish Airlines

    - Чекиран багаж до 40кг.

    - Рачен багаж до 6 кг

    - Трансфер аеродром – хотел – аеродром

    - Сместување во хотел 4* на база 3 ноќевања со појадок

    - Панорамски разглед на Истанбул со локален водич

    - Организиција на аранжманот и придружник на патувањето

    ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

    - Аеродромски такси 6.140 денари

    - Разглед на историскиот дел на Истанбул Султанахмет со трансфер и локален водич 25 евра

    - Влезница Топ Капи палатата со водич 20 евра

    - Посета на Долма Бахче Сарај и крстарење по Босфор со превоз, водич и влезници 65 евра

    - Посета на азиски дел со метро 15 евра

    - Доплата за еднокреветна соба 75 евра

    - Патничко-здравствено осигурување (задолжително)

    НАПОМЕНИ:
    За реализација на аранжманот е потребен минимум од 20 патници

    За влез во Аја Софија не се наплаќа влезница. Потребна е соодветна гардероба (марама и облека со покриени глуждови на нозете). За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ.

    Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата (активностите по денови и датуми)

    Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари.

    *** Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето *

    T.A НЕХАР TРАВЕЛ, ул. Мито Хаџи Василев Јасмин бр.52  Tel: 02/3 13 10 45 Моб: 071/380724

                                       e-mail: info@nehartravel.com.mk, www.nehartravel.com.mk