Close
Понуди
    Filters
    Пребарување

    Истанбул од 1001 ноќ со Принцески острови - 2НП -8-ми МАРТ

    €79,00
    Главниот град на 3 империи ќе ве освои бидејќи е многу повеке од само име од историјата. Ова е еднинствениот град кој поврзува 2 континенти, град на спротивности и на извонредни традиционални вредности. Многумина го нарекуваат „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“. Сепак, Истанбул е најголемиот град во Турција и еден од најголемите градови во светот, со население од над 13 милиони жители . Светски центар од непроценлива вредност во минатото но и во сегашноста... мозаик од бројни историски и културни убавини, главен град на многу цивилизации, денес дом на жители од целиот свет. Истанбул е единствен град, град кој премостува два континенти, град кој ќе разбуди сосема поинакви чувства во Вас. Не го пропуштајте залезот на сонцето во Истанбул... кога градот се пали како слика, силуетите на џамиите се издигаат над градот, а сонцето и месечината се поздравуваат додека денот се претвора во ноќ... Во тој момент ќе се чувствувате како султан во лулката на цивилизациите. Има многу да се доживее и почуствува во Истанбул. Дали сте подготвени да го истражите овој магичен град?

    ТЕРМИН: 04 Март 2021

    1 ден 04.03.2021  СКОПЈЕ-ИСТАНБУЛ

    Состанок на групата на спортски центар Борис Трајковски  во 16:30 ч. Се патува преку граничниот премин Деве Баир  и низ Бугарија. Ноќно возење со попатни паузи.    

    2 ден 05.03.2021  ИСТАНБУЛ

    Пристигнување во Истанбул во утринските часови.  

    Започнува магијата... Истанбул од 1001 ноќ...

    САФИР – облакодер:Утринско запознавање со Истанбул.Највисоката зграда во Европа, 236 м. ,  со прекрасна тераса-видоковец, со спектакуларен поглед на Истанбул, градот на дланка. Единствена можност да се вклучите во SkyRide -4D неверојатно доживување на симулација на лет со хелихоптер над Истанбул.

    КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР: Заминуваме на прекрасно и возбудливо крстарење по БОСФОР со приватен брод и водич: тврдината Румели Хисар, “Beyler beyi”  палатата... Ќе уживате во прекрасниот  поглед на раскошните палати на светски познатите политичари и бизнисмени ( Тансу Чилер...),  Kiskulesi (Моминската кула) , Султанската палата Чираган ... палатите од Турските ТВ серии... 

    ПАНОРАМСКИ РАЗГЛЕД НА ЕВРОПСКИ ИСТАНБУЛ:  Панорамско разгледување на градот со автобус:  Аксарај, Лалели џамија, Универзитетот Бејазит, Римскиот Аквадукт, Бејоглу, Пера Палас хотелот (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес),   стадионот на  ФК Бешикташ, Галата мостот, плоштадот Таксим. Сместување во хотел и кратка пауза за одмор.

    “ISTANBUL BY NIGHT” – АЗИСКИ ИСТАНБУЛ

    факултативна посета на Азискиот дел на Истанбул – Ускудар - Бејлербеј, поминувајќи преку подводниот тунел Мармарас (13.5 км за 4 минути, 60 метри под нивото на водите на Босфор...Европа – Азија).Ускудар: Прекрасно место за кафе со поглед кон блиското островче со „Девојачката кула“, и познатата џамија на Михримах Султан, ќерката на Сулејман Величенствен, градена од најдобриот Османлиски архитект Мимар Синан. Продлжуваме со автобус кон Бејлејбеји:  монденско место покрај самиот Босфор, познато и од многу Тв серии. Можност  да се вкуси прекрасна риба во некои од познатите ресторани на Белербеј. WATERGARDEN & EMAAR SQUARE MALL: Продолжуваме накај  најновиот монденски трговски центар во срцето на Аташехир, дел од Истанбул , на Азиската страна, отворен во 2017 г.

    Еден нов стил на животот сконцентриран околу прекрасниот  базен со фонтани.Ексклузивна кореографија на играта на водата, светлоста, ласерот, музиката – огнено шоу. .. многу ресторани,  кафетерии, забавни паркови, кина...

    Враќање во хотел преку Босфорскиот мост, симболот на Истанбул – Ноќна панорама на Истанбул.

    Ноќевање.

    3 ден 06.03.2021  ИСТАНБУЛ  - ПРИНЦЕСКИ ОСТРОВИ

    Појадок.  

    ДОЛМА БАXЧЕ ПАЛАТА:  Посетана најбогатата, најубавата и последната султанска палата, на брегот  на Босфор. Резиденција на Султаните од 1853 г. до 1922 г. Тука престојувал и починал  основачот на денешна модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк. Го посетуваме Резиденционалниот дел од Палатата.

    ПРИНЦЕСКИ ОСТРОВИ:  Прекрасен и релаксиран излет, крстарење со брод низ Мраморното море кон Принчевите острови и посета на Buyuk ada (Големото острово). Овој архипелаг се состои од 9 острови и на нив е забранета употреба на моторни возила. Превозно средство: коњска кочија –Пајтон, со кој предлагаме да се возиме околу островот. Островот е многу пошумен, со убави плажи, прекрасни стари куќи од Отоманскиот период... остров на кој  императорот Јустин 1ви, внук на Императорот Јустинијан и Теодора, изградил палата и манастир.

    Враќање во хотел. Краток одмор.

    Во вечерните часови Ве водиме на незаборавно ноќно крстарење по БОСФОР со вечера и шоу програма со ориентални танци. Враќање во хотел. Ноќевање.

    4 ден 07.03.2021  ИСТАНБУЛ  

    Појадок.  По појадокот го ставаме багажот во автобус. Магијата од 1001 ноќ продолжува.

    ОТОМАНСКИ И ВИЗАНТИСКИ ИСТАНБУЛ: Ве водиме во славното и бурно минато на Османлиското царство: Ве водиме во најпознатата султанска палата во светот - Топ Капи Палатата која ги чува приказните за огромното богатство на султаните, опкружена со море од сите страни. Можност да се посети и Подземната византиска цистерна, 14 метри под нивото на земјата со 9.800м2 површина од каде градот бил снабдуван со вода за пиење.  Ќе ја разгледаме познатата  црква АЈА СОФИЈА ,. Потоа ќе се воодушевуваме на големината на Сината џамија, Султан Ахмед плоштадот и Византискиот хиподром. Пешки продолжуваме до Капали чаршија ... 

    ФОРУМ: Напуштајќи го Истанбул го посетуваме големиот шопинг центар Форум. Во самиот центар се наоѓа и големиот Аквариум а во непосредна близина продавницата на Декатлон.  Во попладневните часови заминуваме за Скопје. Ноќно возење преку Бугарија.

    5 ден 08.03.2021  СКОПЈЕ

    Пристигнување во Скопје  во раните утрински часови.

    ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:   79 €/4.900 Ден.   
     
    ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:   

    • Превоз со високотуристички автобу на релација Скопје – Истанбул - Скопје
    • Сместување во  Хотел Crowne Plaza Hotel 5* -  2 НП
    • Отомански и Византиски Истанбул : пешачка тура со локален водич и разгледување на:
    • Аја Софија – бесплатен влез
    • Хиподром
    • Сината Џамија
    • Капали чаршија
    • Професионален  локален туристички водич
    • Посета на Форум и Декатлон
    • Професионален туристички пратител на групата

    ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

    Незадолжителни факултативни излети,влезници,метро карти:

    • Панорамски разглед на европски Истанбул со автобус и локален водич – 10
    • Посета на Азискиот дел Ускудар - Белербеј, низ подводниот тунел Мармара И Watergarden & Emaar square mall: 15
    • Крстарење по Босфор – 20
    • Посета на Долма Бахче сарајот со локален водич, превоз со автобус и влезница во палатата   (Резиденционален дел) – 30
    • Влезници за  музеите со локален водич: 
    • Топ Капи Палата – 20
    • Вечера на брод со крстарење по БОСФОР со ориентални танци – 40
    • Сафир Тераса: превоз+лифт+4Д : 20
    • Посета на принцески острови: 15
    • Патничко осигурување 175 мкд.
    • Доплата за еднокреветна соба:  40
    • Организирани трансфери од Битола, Прилеп, Кавадарци, Неготино, Велес: 10€

    НАПОМЕНА:

    • За реализација на програмата потребни се минимум 25 лица
    • Плаќање во денарска противвредност 1 евро = 62 денари
    • Агенцијата го задржува правото да го откаже патувањето 5 дена пред денот на поаѓање, во случај на недоволен бој на патници.
    • Пасошот мора да биде со важност мин. 6 месеци од денот на враќањето.
    • Сместувањето во автобусот е според датумот на уплатата.
    • Агенцијата го задржува правото за промена на излетите по денови и сатници
    • За патувањето важат општите услови на Нехар Травел
    • Протоколите пропишани за заштита од Covid-19 ќе бидат во целост применети, задолжителна дезинфекција на влез во автобус, задолжително носење на заштитна маска, одржување дистанца на патници кои не патуваат заедно.

    Пополнетост на автобусот е  максимум 50%, според моменталните Ковид 19 протоколи.

    Отказ на аранжман од страна на патникот

    За отказ до 30 дена пред поаѓање: 30% од вкупниот износ на аранжманот

    За отказ од  29-15 дена пред поаѓање: 50% од вкупниот износ на аранжманот

    За отказ од 14-05 дена пред поаѓање: 80% од вкупниот износ на аранжманот

    За отказ од 05-00 дена пред поаѓање: 100% од вкупниот износ на аранжманот

    * Останатите услови на патување важат според годишниот програм на НЕХАР ТРАВЕЛ