Close
Понуди
    Filters
    Пребарување

    Истанбул од 1001 ноќ 3НП - Нова Година -Авион

    €390,00
    Главниот град на 3 империи ќе ве освои бидејќи е многу повеке од само име од историјата. Ова е еднинствениот град кој поврзува 2 континенти, град на спротивности и на извонредни традиционални вредности. Многумина го нарекуваат „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“. Сепак, Истанбул е најголемиот град во Турција и еден од најголемите градови во светот, со население од над 13 милиони жители . Светски центар од непроценлива вредност во минатото но и во сегашноста... мозаик од бројни историски и културни убавини, главен град на многу цивилизации, денес дом на жители од целиот свет. Истанбул е единствен град, град кој премостува два континенти, град кој ќе разбуди сосема поинакви чувства во Вас. Не го пропуштајте залезот на сонцето во Истанбул... кога градот се пали како слика, силуетите на џамиите се издигаат над градот, а сонцето и месечината се поздравуваат додека денот се претвора во ноќ... Во тој момент ќе се чувствувате како султан во лулката на цивилизациите. Има многу да се доживее и почуствува во Истанбул. Дали сте подготвени да го истражите овој магичен град?

    ЗАБЕЛЕШКА Задолжителен сертификат за вакцинација, ПЦР  или Антиген тест за влез во Турција. Патуваме безбедно и по протокол.  Агенцијата организира  тестирање во лиценцирана лабораторија  по најниски цени за група патници.

    Термин: 30 Декември

                                                                                                                                                          Авион/ 4 дена/ 3 ноќевања

    30 Декември (Четврток)                            СКОПЈЕ - ИСТАНБУЛ

    Состанок на групата на аеродром во Скопје во 05.30 и полетување за Истанбул во 09.05 часот со Авио компанијата Turkish Airlines. Слетување  во 12.40 часот по локално време. Организиран трансфер до хотел и  сместување. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Во вечерните часови, факултативно, организирана Турска вечер на брод со неограничено пиење, вечера и уметничка програма со ориентални танци, во траење од 3 до 4 часа. Ноќевање.

    31 Декември (Петок)                                   ИСТАНБУЛ

    Појадок. Факултативно, разглед на стариод дел на Истанбул Султанахмет: Хиподромот, Сината Џамија позната по 6-те минариња, посета на Аја Софија, изградена во времето на владеењето на царот Јустинијан како најголема византиска црква, подоцна претворена во џамија а денес служи и како верски објект отворена за посетители. Разгледот продолжува со посета на палатата Топкапи, палата која ги чува приказните за огромното богатство на султаните, од три страни опколена со море. Потоа, следи посета на Капали Чаршија, затворен трговски пазар со сплет од околу 60 улици и 4000 продавници за злато, сребро, кожа и ткаенини. Враќање во хотел. Вечерта, дочек на Нова 2022 Година на еден од плоштадите, во ресторан или крстарејќи по Босфор. Ноќевање.

    01 Јануари (Сабота)                                      ИСТАНБУЛ

    Појадок. Факултативно, панорамски разглед на градот: Аксарај, Лалели џамија, Бејазитовата џамија, Универзитетот, Римскиот аквадукт, Златниот Рог, Хотелот Пера Палас, каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент eкспрес, плоштадот Таксим, стадионот на Бешикташ, Галата кулата, Египетскиот пазар... Посета на палатата Долма Бахче Сарај, последната резиденција на Отоманскиот султан, денес претворена во музеј со уметничко-историски збирки од непроценлива вредност. Факултативно, можност за возбудливо крстарење од од по Босфор, под мостовите кои ги поврзуваат Европа и Азија, панорамско разгледување на раскошните палати од двете страни на каналот. Потоа, посета на Sapphire Seyir Terasi, највисоката “тераса” во Европа, од каде се пружа прекрасна глетка кон градот, како и можност преку четиридимензионална симулација да се надлета небото над Истанбул и неговите најзначајни обележја: Босфор, Галата Мостот, Моминската Кула... Ноќевање.

    02 Јануари (Недела)                                    ИСТАНБУЛ - СКОПЈЕ

    Појадок. слободно време за индивидуални активности. Посета на познатиот шопинг центар Форум, каде се наоѓа големиот Аквариум, Ikea, Decatlon, Koctas… Слободно време и потоа трансфер до аеродромот во Истанбул. Авионот за Скопје полетува во 20.20 часот (локално време). Пристигнување во 19.45 часот.

    За уплата до 29 Ноември ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:   389 евра   (24.120 денари)

    ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:   459 евра (28.460 денари)

    ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

    - Авионски превоз на релација Скопје – Истанбул – Скопје

    - Рачен и чекиран багаж

    - Трансфер аеродром – хотел – аеродром

    - Сместување во хотел Mosaic 4* на база 3 ноќевања со појадок

    - Посета на Форум

    - Организиција на аранжманот и придружник на патувањето

    ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

    - Аеродромски такси 85 евра

    - Новогодишна прослава со вечера во национален ресторан

    - Влезница Sapphire Seyir Terasi

    - Патничко-здравствено осигурување (задолжително)

    ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ-ПАКЕТИ

    Пакет 1. (30.12.2021) 40 евра. Турска вечер на брод со трансфер  и вечера со неограничени безалкохолни пијалоци. Доплата 10 евра за неограничени алкохолни пијалоци.

    Пакет 2. (31.12.2021) 45 евра. Прошетка: Аја Софија, Сина Џамија, Хиподром, Капали чаршија... со вклучен трансфер, водич, влезница за Топкапи палата.

    Пакет 3. (01.01.2022) 70 евра. Панорамски разглед на градот, крстарење по Босфор, Sapphire Seyir Terasi (без влезница)... со влучен трансфер, водич, влезница за Долмабахче палата.

    Пакет цена 100 евра, за уплата на Пакет 2 и Пакет 3.

    НАПОМЕНИ:

    За реализација на аранжманот е потребен минимум од 20 патници.

    За реализација на факултативните излети по објавените цени, потребен е мминимум од 15 патници.

    За овој аранжман важат Општите услови за патување на Т.А Нехар Травел .

    Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата (активностите по денови и датуми). 

    Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари.

    Пасошот треба да важи минимум 6 месеци по завршувањето на патувањето.

    За ова патување потребно е патниците да поседуваат сертификат за вакцина или пак да приложат негативен ПЦР или Рапид тест.