Close
Понуди
    Filters
    Пребарување

    Истанбул 2НП - Денот на вљубените

    €69,00
    Главниот град на 3 империи ќе ве освои бидејќи е многу повеке од само име од историјата. Ова е еднинствениот град кој поврзува 2 континенти, град на спротивности и на извонредни традиционални вредности. Многумина го нарекуваат „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“. Сепак, Истанбул е најголемиот град во Турција и еден од најголемите градови во светот, со население од над 13 милиони жители . Светски центар од непроценлива вредност во минатото но и во сегашноста... мозаик од бројни историски и културни убавини, главен град на многу цивилизации, денес дом на жители од целиот свет. Истанбул е единствен град, град кој премостува два континенти, град кој ќе разбуди сосема поинакви чувства во Вас. Не го пропуштајте залезот на сонцето во Истанбул... кога градот се пали како слика, силуетите на џамиите се издигаат над градот, а сонцето и месечината се поздравуваат додека денот се претвора во ноќ... Во тој момент ќе се чувствувате како султан во лулката на цивилизациите. Има многу да се доживее и почуствува во Истанбул. Дали сте подготвени да го истражите овој магичен град?

    ТЕРМИН: 10 Февруари 2022          

    1 ден 10.02.2022  СКОПЈЕ-ИСТАНБУЛ

    Состанок на групата на спортски центар Борис Трајковски  во 15:30 ч.Тргнување во 16:00. Се патува преку граничниот премин Деве Баир  и низ Бугарија. За време на патувањето, водичот на групата ќе ја презентира програмата на патниците.Ноќно возење со попатни паузи.   

    2 ден 11.02.2022 ИСТАНБУЛ

    Пристигнување во Истанбул во утринските часови.  Сакаме корисно да го искористиме времето до сместување во хотел и затоа  ја започнуваме  магијата ... Истанбул од 1001 ноќ...

     ЕВРОПСКИ  ИСТАНБУЛ:

    САФИР – облакодер: Почнуваме со највисоката зграда во Европа, 236 м. Експресниот лифт ве искачува до  прекрасна тераса-видоковец, со спектакуларен поглед: Истанбул на дланка. Единствена можност да се вклучите во SkyRide -4D неверојатно доживување на симулација на лет со хелихоптер над Истанбул и културно историските споменици, неверојатно доживување.

    ТАКСИМ – плоштад на Европската страна со својата прочуена пешачка улица Истиклал, полна со многубројни бутици, шопинг центар, ресторани. Можност да посетите голема фамилијарна продавница која изработува  традиционални кондиторски производи.

     БАЛАТ /ВСЕЛЕНСКАТА ПАТРИЈАРШИЈА: 

    Го посетуваме живописниот кварт Балат, стара христијанска област која настанува по освојувањето на Истанбул од Султан Мехмед II Фатих. Прекрасни дрвени куќи во разни живописни бои, мали кафулиња. Улички каде се снимени повеќеТВ серии и филмови. Тука е сместена и Вселенската Патријаршија и старата Грчка гимназија. Ќе уживате во прошетката низ Балат.

    Секако дека поминувајќи низ Истанбул, ќе слушнете приказни за овој град. Воедно ќе видите дел од знаменитостите на градот: Султанската палата Долма баче, мостот и кулата Галата, Египетскиот пазар, Сулејманије џамијата, Новата џамија....

    Сместување во хотел и кратка пауза за одмор.          

    Попладне: АЗИСКИ ИСТАНБУЛ: Посета на Азиската страна на Истанбул.

     Ускудар: едно од најважните турски населби уште од времето на Османлиите. Тука се наоѓа убавата џамија на Михримах Султан (ќерката на Сулејман Величенсвени и Хурем). Во непосредна близина на брегот на Ускудар  се наоѓа  Моминската кула.

    Бејлербеј: прекрасно место покрај самиот Босфор. Место со многу рибни ресторани. Место каде се снимени бројни турски серии. Дом на Бејлербеји палатата.

    WATERGARDEN & EMAAR SQUARE MALL : Продолжуваме кон  најновиот монденски трговски центар во срцето на Аташехир, дел од Истанбул , на Азиската страна, отворен во 2017 г.

    Еден нов стил на градба концентриран околу прекрасниот  базен со фонтани. Ексклузивна кореографија на играта на водата, светлоста, ласерот, музиката – огнено шоу. .. многу ресторани,  кафетерии, забавни паркови, кина... Во склопот на трговскиот центар се наоѓа огромен Аквариум со над 10.000 морски суштетства и тигар-ајкули.

    Враќање во хотел преку Босфорскиот мост,  симболот на Истанбул – Ноќна панорама на Истанбул.

    Враќање во хотел. Ноќевање.

    3 ден 12.02.2022  ИСТАНБУЛ 

    Појадок.  Денот е предвиден за нови возбудливи посети и приказни од 1001 ноќ.

      ДОЛМА БАXЧЕ ПАЛАТА:  Посета на најбогатата, најубавата и последната султанска палата, на брегот  на Босфор. Резиденција на Султаните од 1853 г. до 1922 г. Тука престојувал и починал  основачот на денешна модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк. Се посетува  Резиденционалниот дел од Палатата.

    КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР: Заминуваме на прекрасно и возбудливо крстарење по БОСФОР со приватен брод и водич: тврдината Румели Хисар, “Beyler beyi”  палатата... Ќе уживате во прекрасниот  поглед на раскошните палати на светски познатите политичари и бизнисмени ( Тансу Чилер...),  Kiskulesi (Моминската кула) , Султанската палата Чираган ... палатите од Турските ТВ серии...

    ОТОМАНСКИ И ВИЗАНТИСКИ ИСТАНБУЛ: Ве водиме во славното и бурно минато на Османлиското царство: со локален водич ќе се запознаете со познатата  црква АЈА СОФИЈА , ќе влезете во најпознатата султанска палата во светот - Топ Капи Палатата и ќе го видите Султанскиот Харем . Потоа ќе се воодушевувате на големината на Сината џамија, Султан Ахмед плоштадот и Византискиот хиподром. Можност да се посети и Подземната византиска цистерна од каде градот бил снабдуван со вода за пиење.  Пешки продолжуваме до Капали чаршија . Слободно време. Враќање кон хотел. 

    Ноќевање.

    4 ден 13.02.2022  ИСТАНБУЛ  

    Појадок.  По појадокот го сместуваме багажот во автобус. Магијата од 1001 ноќ продолжува.

    ПЈЕР ЛОТИ и заливот ЗЛАТЕН РОГ: Се возиме покрај брегот на Златниот Рог кој скоро завршува  кај едно панорамско возвишување наречено Пјер Лоти, според еден Француски поет. Со жичара се искачуваме до видиковецот. Можност да го испиете утринското Турско кафе направено на топол песок и пробате Ѓозлеме, уживајќи во прекрасната панорама на Истанбул под нас.

    ФОРУМ:  Напуштајќи го Истанбул, го посетуваме големиот шопинг центар Форум. Во самиот центар се наоѓа и големиот Аквариум а во непосредна близина продавницата на Декатлон и Икеа.  Во попладневните часови заминуваме за Скопје. Ноќно возење преку Бугарија.

    Пристигнување во Скопје следниот ден после полноќни часови.

    ПРОМОТИВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 69 €  За уплата до 29.01.2022
    РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  89

    ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:   

    Превоз со високотуристички автобус на релација Скопје – Истанбул - Скопј

    • Сместување во хотел 3*  / 2 НП 
    • Капали чаршија
    • Посета на Форум, Декатлон, Икеа
    • Професионален туристички пратител на групата
    • Професионален  локален туристички водич

    ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

    Факултативни излети:

    • Византиски и Отомански Истанбул – 10
    • Крстарење по Босфор – 20
    • Азиски Истанбул – 25
    • Пјер Лоти и Златен Рог: – 10
    • ЕВРОПСКИ ИСТАНБУЛ: Балат + Сафир + Таксим: 35 ( со вклучени влезници )
    • АЗИСКИ ПАКЕТ: Азиски Истанбул + Крстарење: 40
    • ИСТАНБУЛ FULL : Европски пакет + Азиски пакет + Пјер Лоти + Византиски и Отомански: 80
    • Долма Бахче сарајот со локален водич   (Резиденционален дел вклучена влезница) – 25
    • Топ капи Палата  со вклучена влезница( без Харемски дел) -25
    • Туристичка такса 3 еур за целиот престој, по лице( се плаќа во агенција )
    • Патничко осигурување 185 мкд.
    • Доплата за еднокреветна соба : 3900 мкд

     Организирани трансфери од Битола, Прилеп, Кавадарци, Неготино, Велес: 20€ (мин.6 лица)

    НАПОМЕНА:

    • За реализација на програмата потребни се минимум 40 лица
    • Плаќање во денарска противвредност 1 евро = 62 денари
    • Агенцијата го задржува правото да го откаже патувањето 5 дена пред денот на поаѓање, во случај на недоволен бој на патници.
    • Пасошот мора да биде со важност мин. 6 месеци од денот на враќањето.
    • Сместувањето во автобусот е според датумот на уплатата. За избор на седиште по желба (освен првиот ред), се доплаќа 10 евра (по седиште).
    • Агенцијата го задржува правото за промена на излетите по денови и сатници
    • За патувањето важат општите услови на Нехар Травел
    • Протоколите пропишани за заштита од Covid-19 ќе бидат во целост применети, задолжителна дезинфекција на влез во автобус, задолжително носење на заштитна маска.

      Пријатно патување ви посакува екипата на Нехар травел.

    НЕХАР ТРАВЕЛ СКОПЈЕ “A” ЛИЦЕНЦА

    Ул. Никола Тримпаре бр. 10 , Скопје

    Тел. 02/31 31 045 , 071 380 724

    Mail: info@nehartravel.com.mk

    Web: nehartravel.com.mk