Понуди
    Filters
    Пребарување

    Истанбул 2НП - 11-ти Октомври

    €79,00
    Главниот град на 3 империи ќе ве освои бидејќи е многу повеке од само име од историјата. Ова е еднинствениот град кој поврзува 2 континенти, град на спротивности и на извонредни традиционални вредности. Многумина го нарекуваат „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“. Сепак, Истанбул е најголемиот град во Турција и еден од најголемите градови во светот, со население од над 13 милиони жители . Светски центар од непроценлива вредност во минатото но и во сегашноста... мозаик од бројни историски и културни убавини, главен град на многу цивилизации, денес дом на жители од целиот свет. Истанбул е единствен град, град кој премостува два континенти, град кој ќе разбуди сосема поинакви чувства во Вас. Не го пропуштајте залезот на сонцето во Истанбул... кога градот се пали како слика, силуетите на џамиите се издигаат над градот, а сонцето и месечината се поздравуваат додека денот се претвора во ноќ... Во тој момент ќе се чувствувате како султан во лулката на цивилизациите. Има многу да се доживее и почуствува во Истанбул. Дали сте подготвени да го истражите овој магичен град?

    ТЕРМИН: 08 Октомври 2020

    1 ден 08.10.2020  СКОПЈЕ-ИСТАНБУЛ

    Состанок на групата на спортски центар Борис Трајковски  во 16:30 ч. Поаѓање за Истанбул во 17:00 h. Се патува преку граничниот премин Деве Баир  и низ Бугарија. Ноќно возење со попатни паузи.    

    2 ден 09.10.2020  ИСТАНБУЛ

    Пристигнување во Истанбул во утринските часови.  Можност за сместување во хотел  и краток одмор ( доколку собите се слободни) или сместување после првиот излет.

    Започнува магијата... Истанбул од 1001 ноќ...

    ОТОМАНСКИ И ВИЗАНТИСКИ ИСТАНБУЛ: Ве водиме во славното и бурно минато на Османлиското царство: со локален водич ќе ја разгледаме познатата  црква АЈА СОФИЈА , ќе влеземе во најпознатата султанска палата во светот - Топ Капи Палатата и ќе го видиме Султанскиот Харем . Потоа ќе се воодушевуваме на големината на Сината џамија, Султан Ахмед плоштадот и Византискиот хиподром. Можност да се посети и Подземната византиска цистерна, од каде градот бил снабдуван со вода за пиење.  Пешки продолжуваме до Капали чаршија ...  Враќање во хотел. Краток одмор.

    WATERGARDEN & EMAAR SQUARE MALL: Во вечерните часови ве водиме во најновиот монденски трговски центар во срцето на Аташехир, дел од Истанбул , на Азиската страна, отворен во 2017 г.

    Еден нов стил на животот сконцентриран околу прекрасниот  базен со фонтани.Ексклузивна кореографија на играта на водата, светлоста, ласерот, музиката – огнено шоу. .. многу ресторани,  кафетерии, забавни паркови, кина... Враќање во хотел. Ноќевање.

    3 ден 10.10.2020  ИСТАНБУЛ 

    Појадок.  Продолжуваме со 4 нови приказни за Истанбул од 1001 ноќ:

    ДОЛМА БАXЧЕ ПАЛАТА:  Посетана најбогатата, најубавата и последната султанска палата, на брегот  на Босфор. Резиденција на Султаните од 1853 г. до 1922 г. Тука престојувал и починал  основачот на денешна модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк. Го посетуваме Резиденционалниот дел од Палатата.

    ЕВРОПСКИ И АЗИСКИ ИСТАНБУЛ:  Панорамско разгледување на градот со автобус:  Римскиот Аквадукт, Бејоглу, Пера Палас хотелот (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес),   стадионот на  ФК Бешикташ, Галата мостот. Ќе го видите најголемиот и  најпознат мост во Истанбул, над Босфор, граден по пример на Голден Гејт мостот во Сан Франциско, кој не води во Азија.Го посетуваме најубавиот дел дел од градот - Бејлербеи каде ќе имате можност да се прошетате и да пиете кафе  покрај Босфор. Потоа ве водиме во местото Ускудар за да ја видите познатата џамија на Михримах Султан.

    САФИР – облакодер: Највисоката зграда во Европа, 236 м. ,  со прекрасна тераса-видоковец, со спектакуларен поглед на Истанбул. Единствена можност да се вклучите во SkyRide -4D неверојатно доживување на симулација на лет со хелихоптер над Истанбул.

    ОРИЕНТАЛНА НОЌНА ПРОГРАМА:  Прекрасна можност да уживате во Ориенталните  народни игри и песни, секако и на стомачниот танц. Шоуто го проследуваме со вечера и пијалок. Враќање во хотел.

     Ноќевање.

    4 ден 11.10.2020   СУЛТАНСКИ ИСТАНБУЛ  

    Појадок.  По појадокот го ставаме багажот во автобус. Магијата од 1001 ноќ продолжува.

    КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР: Заминуваме на прекрасно и возбудливо крстарење по БОСФОР со приватен брод и водич: тврдината Румели Хисар, “Beyler beyi”  палатата... Ќе уживате во прекрасниот  поглед на раскошните палати на светски познатите политичари и бизнисмени ( Тансу Чилер...),  Kiskulesi (Моминската кула) , Султанската палата Чираган ... палатите од Турските ТВ серии... 

    ТАКСИМ:  Слободно време за шопинг на Таксим плоштадот каде се наоѓа познатата пешачка улица Истиклал низ која поминува  црвениот носталгичен трамвај.

    ФОРУМ:  Напуштајќи го Истанбул го посетуваме големиот шопинг центар Форум. Во самиот центар се наоѓа и големиот Аквариум а во непосредна близина продавницата на Декатлон.  Во попладневните /вечерните  часови заминуваме за Скопје. Ноќно возење преку Бугарија.

    5 ден 12.10.2020  СКОПЈЕ

    Пристигнување во Скопје во попладневните часови.

    ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТЗА УПЛАТА ДО 18.09. 2020:   Хотел со 3* 79 € ,    Хотел со 4* 89 € ,   

    РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:Хотел со 3* 89 € ,    Хотел со 4* 99 € ,  

    ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:   

    •          Превоз со високотуристички автобус
    •          на релација Скопје – Истанбул - Скопје
    •          Сместување во хотел 3* / 4*  / 2 НП
    •          Отомански и Византиски Истанбул излет
    •          Аја Софија – бесплатен влез
    •          Хиподром
    •          Сината Џамија
    •          Капали чаршија
    •          Посета на Таксим
    •          Посета на Форум и Декатлон
    •          Професионален туристички пратител на групата
    •          Професионален  локален туристички водич

    ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

    •          Факултативни излети,влезници,метро карти:
    •          Европски и Азиски Истанбул – 15
    •          Watergarden & Emaar square mall: 15
    •          Крстарење по Босфор – 20
    •          Посета на Долма Бахче сарајот со локален водич, превоз со автобус и влезница во палатата   (Резиденционален дел) – 25
    •          Влезници за  музеите со локален водич: 

    Топ Капи Палата – 15

    Харемот во Топ Капи – 10

    •          Вечера во ориентален ресторан со стомачни танци – 35
    •          Сафир Тераса: превоз+лифт+4Д : 25
    •          Патничко осигурување 210 мкд.
    •          Доплата за еднокреветна соба
    •          40/хотел 3***
    •          50/хотел/4****
    •          Организирани трансфери од Битола, Прилеп, Кавадарци, Неготино, Велес: 10€

    НАПОМЕНА:

    •          За реализација на програмата потребни се минимум 30 лица
    •          Плаќање во денарска противвредност 1 евро = 62 денари
    •          Агенцијата го задржува правото да го откаже патувањето 5 дена пред денот на поаѓање, во случај на недоволен бој на патници.
    •          Пасошот мора да биде со важност мин. 6 месеци од денот на враќањето.
    •          Сместувањето во автобусот е според датумот на уплатата.
    •          Агенцијата го задржува правото за промена на излетите по денови и сатници
    •          За патувањето важат општите услови на Нехар Травел
    •          Протоколите пропишани за заштита од Covid-19 ќе бидат во целост применети, задолжителна дезинфекција на влез во автобус, задолжително носење на заштитна маска, одржување дистанца на патници кои не патуваат заедно.
    •          Пополнетост на автобусот е  максимум 75%, според новите протоколи за Ковид 19.