Close
Понуди
    Filters
    Пребарување

    Истанбул 3НП - 24 Мај

    €119,00
    Главниот град на 3 империи ќе ве освои бидејќи е многу повеке од само име од историјата. Ова е еднинствениот град кој поврзува 2 континенти, град на спротивности и на извонредни традиционални вредности. Многумина го нарекуваат „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“. Сепак, Истанбул е најголемиот град во Турција и еден од најголемите градови во светот, со население од над 13 милиони жители . Светски центар од непроценлива вредност во минатото но и во сегашноста... мозаик од бројни историски и културни убавини, главен град на многу цивилизации, денес дом на жители од целиот свет. Истанбул е единствен град, град кој премостува два континенти, град кој ќе разбуди сосема поинакви чувства во Вас. Не го пропуштајте залезот на сонцето во Истанбул... кога градот се пали како слика, силуетите на џамиите се издигаат над градот, а сонцето и месечината се поздравуваат додека денот се претвора во ноќ... Во тој момент ќе се чувствувате како султан во лулката на цивилизациите. Има многу да се доживее и почуствува во Истанбул. Дали сте подготвени да го истражите овој магичен град?

    Термин 23 Мај

    Истанбул со Принцеските Острови                                                             

    23 Мај (Среда)             СКОПЈЕ - ИСТАНБУЛ

    Состанок  на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn”, во 16:00 часот. Тргнување за Истанбул во 16:30 часот. Се патува преку Р.Грција со попатни паузи. Ноќно возење.

    24 Мај (Четврток)  ИСТАНБУЛ

    Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Панорамски разглед на градот: Аксарај, Лалели џамија, Бејазитовата џамија, Универзитетот, Римскиот аквадукт, Златниот Рог, Хотелот Пера Палас (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), плоштадот Таксим, стадионот на Бешикташ, Галата кула, Египетскиот пазар, Јени џамија, Рустем Пашина џамија, Патријаршијата, Сулејманија, Фатих џамија... Посета на Вселенската патријаршија. Предлагаме, факултативно возбудливо крстарење со брод по Босфор, под мостовите кои ги поврзуваат Европа и Азија, панорамско разгледување на раскошните палати од двете страни на каналот. Слободно време за прошеткa и шопинг по најпознатата улица Истиклал... Потоа, факултативна посета на Sapphire Seyir Terasi, највисоката “тераса” во Европа висока (238м), од каде се добива прекрасна панорамска глетка на градот, како и можност преку 4-Д симулација да се надлета небото на Истанбул и неговите најзначајни обележја: Босфор, Галата Мостот, Девојачката Кула... Сместување во хотел. Во попладневните часови, факултативна посета на Азискиот дел на Истанбул – Ускудар - Бејлербеј, поминувајќи преку подводниот тунел Мармарас (13.5 км за 4 минути, 60 метри под нивото на водите на Босфор...Европа - Азија) прекрасно место за кафе, да се вкуси прекрасна риба во некои од познатите ресторани на Белербеј. Враќање во хотел преку Босфорскиот мост симболот на Истанбул – Ноќна панорама на Истанбул. Ноќевање.

    25 Мај (Петок)  ВИЗАНТИСКИ И СУЛТАНСКИ ИСТАНБУЛ

    Појадок. Факултативна посета на Сината Џамија со 6 минариња која претставува симбол на градот, прошетка по главниот историски плоштад на Истанбул, Хиподромот, палатата на Ибрахим Паша, прочуената Аја Софија, изградена во времето на владеењето на Царот Јустинијан како најголема византиска црква, подоцна претворена во џамија, а, денес музеј, отворен за сите посетители...Прошетка по просторите на Султанот Сулејман Величествениот, и стариот султанов дворец Топкапи палата која ги чува приказните за огромното богатство на султаните, опкужена со море од сите страни... Подземната Цистерна Yerebatan Sarayı 14 метри под нивото на земјата, со 9.800м2 површина... Продолжуваме кон Капали Чаршија, затворен трговски маркет со сплет од околу 60 улици и 4000 продавници за злато, сребро, кожа и ткаенини...Враќање во хотел. Во вечерните часови, вечера во Национален Ресторан, за незаборавно доживување со уметничка програма на ориентални танци и мени од турската кујна.  Ноќевање.

    26 Мај (Сабота)  ИСТАНБУЛ - ПРИНЦЕСКИТЕ ОСТРОВИ

    Појадок. Предлагаме факултативна посета на Принцески Острови- Büyükada архипелаг од 9 острови кои се наоѓаат во северозападниот дел на Мраморно море, а југоисточно од Истанбул. Опфаќаат површина од 10 km². На островите живеат околу 15.000 луѓе, а во летниот период овој број е многу поголем. На самите острови е забранета употреба на моторни возила, а како основно превозно средство се користи коњска кочија. На островите се наоѓаат неколку манастири, академијата за турската воена морнарица...Островите биле голема туристичка атракција уште во времето на Византија. Ноќевање.

    27 Мај (Недела)            ИСТАНБУЛ - ДОЛМА БАХЧЕ САРАЈ - МИНИЈАТУРК – СКОПЈЕ

    Појадок. Напуштање на хотелот. Факултативна посета на Долма Бахче Сарај - последната резиденција на Отоманскиот султан, која содржи музејска збирка со непроценливо богатство. Факултативно - посета наМИНИАТУРК - минијатурен парк отворен во 2003 година, со површина од 60000 м2, најголем минијатурен парк во Светот. Паркот содржи 122 минијатурни скуплтури од кои 58 од Истанбул, 52 од Анадолија и 12 од Отоманскиот период надвор од границите на Турција, истите се со размер од 1:25…Програмата продолжува со посета на познатиот шопинг центар Форум, каде се наоѓа големиот Аквариум. Tргнување за Скопје во попладневните часови. Се патува преку Грција, со попатни  паузи. Пристигнување наредниот ден во раните утрински часови .

    Цена на аранжманот: 7.38денари (119евра)

    ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

    • Превоз со модерен туристички автобус
    • Сместување во хотел Erden Sarajevo со 3***  на база 3 ноќевања со појадок erdensarayevo.com.tr
    • Организиран разглед на Истанбул
    • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

    ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

    • Посета на Долма Бахче Сарај  (водич, влезница) 25 евра
    • Крстарење со брод по Босфор 15 евра
    • Посета на Sapphire Seyir Terasi со 4Д проекција 20 евра
    • Вечера во национален ресторан 30 евра
    • Влезници во локалитетите Аја Софија 15 евра, Топ Капи 15 евра
    • Yerebatan Sarayı (Потонетата Палата) 10 евра
    • Посета на Азискиот дел Ускудар - Белербеј, низ подводниот тунел Мармарас 10 евра
    • Посета на Принцес Острови 15 евра
    • Посета на Минијатурк 10 евра
    • Доплата за 1/1 соба 2.800,00 денари
    • Задолжително патничко – здравствено осигурување

    Напомени: 
    За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници.

    За овој програм важат Опшите Услови на патување на Нехар Травел .

    Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд

    Т.А. Нехар Травел го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.   

    Патникот има обврска да се јави 24 часа пред поаѓање за да потврди време и место на поаѓање!
    Пасошот треба да важи минимум 6 месеци од завршувањето на патувањето.