Close
Понуди
    Filters
    Пребарување

    Кападокија со Анкара и Истанбул и солено езеро 2ХБ + 2НП(топ)- 8-ми Март

    €175,00
    Монументален компекс на чудесна убавина од 6 век п.н.е, во бел камен и бел вулкански пепел познат како “туф”, кој цели милениуми со помош на водата и ветрот се менувал и станал тоа што е денес – уникат и чудо на природата. Христијаните, народ без војска, барајќи засолниште од римските прогони, го наоѓаат под камените сводови на Кападокија каде изградиле 36 подземни градови и 600 цркви. Тие необични градби од камен ги нарекле “самовилски оџаци”, а името Кападокија на персиски значи “ земја на убави коњи”. Регионот Кападокија со фрапантна убавина на местата и историските знаменитости, претставува еден од најубавите пејзажи на светот. Чудесните карпи со необични форми ќе Ве воодушеват на прв поглед. .. a самиот поглед на овие необични структури остава мистичен и магичен впечаток... Во Кападокија живееле древни цивилизации – Хеленската, Римската, Христијанската и Исламската... Доживеј те ја магијата на Кападокија, земјата на самовили и убави коњи, пејзажи кои потсетуваат на површината на месечината... и бидете подготвени да видите “ Чуда невидени “.

    Термин   05 Март   / 7дена

    1 ден  05.03.2019  СКОПЈЕ - АНКАРА:

    Состанок на групaта на паркингот кај спортскиот центар Борис Трајковски во 09 30 ч.. Поаѓање во 10:00 часот. Се патува преку Грција,  граничен премин Богородица ( Солун, Кавала, Истанбул...), со попатни паузи за одмор и царински формалности.

    2 ден  06.03.2019АНКАРА:Пристигнување во утринските часови. . Заминуваме на разглед на главниот град на Турција со локален водич (факултативно)... Мавзолејот на Ататурк, основачот на современа Турција, Музејот на Анадолските цивилијации, Етнографскиот музеј, старата зграда на Парламентот, Цитаделата... Сместување во хотел. По краткиот одмор ве водиме во голем Трговски центар. Ноќевање.

    3 ден  07.03.2019  АНКАРА -СОЛЕНО ЕЗЕРО ТУЗ ЃОЛУ - КАПАДОКИЈА:

    Појадок. Патуваме кон Кападокија со попатна пауза кај големото солено езеро Туз Ѓолу, едно од најголемите солени езера во светот... долго 8о км. Широко 50 км. Длабоко 50 см. ( во зимскиот период достига длабочина и до 1.5 метар). Најголемиот дел од залихите со сол во Турција се црпат токму од ова езеро...  По одморот продолжуваме кон Кападокија. Пристигнување во попладневните часови. Сместување во хотел. По кусиот одмор предлагаме индивидуална прошетка и запознавање со центарот.Вечера.

    ТАНЦ НА ДЕРВИШИТЕ: По вечерата можност да присуствувате на религиозна церемонија – Танц на Дервишите, во автентичен Сарај од средниот век, сместен покрај некогашниот пат на свилата.

    ( факултативно). Ноќевање.

    04 ДЕН  08.03.2019КАПАДОКИЈА :   ЛЕТ СО БАЛОН -  ГОЛЕМА ТУРА – ТУРСКА ВЕЧЕР

    Денот е предвиден за 3 возбудливи факултативни излети:

    1. ЛЕТ СО БАЛОН:

    Рано наутро при магичното изгрејсонце на Кападокија, можност за лет со балон, над самовилските оџаци на Кападокија. Ова е авантура што никогаш нема да ја заборавите... уживајте во  убавината и возбудата додека балонот нежно се издига, слушајте го татнежот на печкаташто го загрева воздухот во балонот, воодушевувајте се на магијата со која Пилотот управува и  восхитувајте се на неверојатниот поглед на повеќе од 80-100 балони во лет, и секако магичнот изгрејсонце. Во состав на екскурзијата е вклучена и лесна закуска со чај/кафе, шампанско на крај на летот и сертификат за летање со балаон.Враќање во хотел. Појадок.

    2. КАПАДОКИЈА ГОЛЕМА ТУРА: Ве водиме во подземниот град Деринкују, изграден од вулкански камен во 7 век п.н.е, еден од најголемите и најдобро сочувани подземни градови на Кападокија, 8 катови, 55 м. под земја... Продолжуваме кон долината Ихлара, долга 16 км, од двете страно опколена со цркви на карпите. Прошетката е во должина од 3 км. со пауза за освежување во традиционална чајџилница... Пауза за ручек во селото Белисирма... Продолжуваме кон манастирот Селиме, најголемиот религиозен објект во областа Кападокија, издлабен во карпите во 13 век од христијанските монаси. Историските записи велат дека за изградба на овој манастир, со димензии на катедрала, биле потребни 200 години. За крај кратка пауза за фотографирање во долината на гулабите. Враќање во хотел. Вечера

    3.ТУРСКА ВЕЧЕР:После вечерата ве водиме на Турска вечер со традиционални игри и стомачен танц во автентичен амбиент од Кападокија. Шоуто го следиме со дегустација на локално вино, турско мезе и апетисани. Враќање во хотел. Ноќевање.

    05 ДЕН 09.03.2019  : КАПАДОКИЈА:  СРЦЕТО НА КАПАДОКИЈА - ИСТАНБУЛ

    Појадок.  Одјавување од хотел. Ве водиме во Срцето на Кападокија (факултативно). Прошетката започнува со замокот Учхисар, највисоката точка на Кападокија, со величенствен поглед на Ѓореме... продолжуваме кон Ѓореме – срцето на Кападокија, со посета на  “Ѓореме музејот на отворено- огромен манастирски комплекс, познат по фреските од 9ти век , на кои е опишан животот на монасите и Исус Христос. Сите цркви во Ѓореме датираат од периодот 10-12 век, велелепни цркви вклесани во карпите, со преубави фрески со бои кои до денес ја задржале својата свежина, најзначајна од нив е црквата Св. Василиј... Комплексот е под заштита  на УНЕСКОод 1984 год. Продолжуваме кон Чавушин, напуштено село со пештери и грчки куќи.  Пауза за ручек. Попатна посета на работилница за грнчарство и можност да купите рачно изработен сувенир.  Следи разглед на  Пашабаги, со необичната формација на троглава самовила... а потоа посета на долината Дервент, преполна со природни камени форми со ликови на животни, фасцинантни облици од камен, варовник и туфови карпи наречени - волшебни оџаци. Можност за дегустација на локални вина во една од најстарите винарии во Кападокија. Слободно време за одмор и прошетки низ Гореме.

    ... Полни со впечатоци, поаѓаме кон Истанбул.  Се патува покрај Анкара со попатни паузи. Ноќно возење.

    06 ДЕН  10.03.2019ИСТАНБУЛ

    Пристигнување во Истанбул во утринските часови. Предлагаме панорамско разгледување на градот со автобус: Капали чаршија, Бејазит-најстариот универзитет, Лалели џамијата, Аксарај плоштадот, Римскиот аквадукт, Пера Палас хотелот (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес ). Кратка прошетка низ Таксим плоштадот и пешачката улица Истиклал полна со бутици, стоковни куќи и ресторани. Разгледот продолжува покрај стадионот на ФК Бешикташ, Султанската палата Долма Баче Сарај, мостот Галата , мореузот Златен Рог, Египетскиот пазар на зачини, Новата Џамија, Сулејманије Џамијата. (факултативно).

    Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор и индивидуални прошетки.

    Вечерта ве носиме на Азиската страна на Истанбул  УСКУДАР со Мармарај, преку новиот подводен тунел за само 4 минути, а е изграден 60 метри под Босфор. Прошетка по кејот на Ускудар и можност да ја видите познатата џамија на Михримах Султан, ќерката на Султан Сулејман Величенствени. Продолжуваме со автобус кон местото Бејлербеи, сместено покрај водите на Босфор. Прошетка низ местото познато по многу рибни ресторани и секако познато место од многубројни турски серии. Се враќаме преку најпознатиот мост во Истанбул над Босфор, по примерот на Голден Гејт мостот од Сан Франциско (Факултативно). Ноќевање.

    07 ДЕН 11.03.2019 СКОПЈЕ:

    Појадок. Ве водиме во најбогатата, најубавата и последната султанска палата – Долма баче Сарај. Потоа заминуваме на прекрасно и возбудливо крстарење по Босфор. Ќе ја видите тврдината Румели Хисар, Бејлербеји палатата, Чираган палатата, Моминската кула, раскошните палати на богатите жители, палатите од турските тв серии..... (факултативно)

    Поаѓање за Скопје  (околу 14.00)

    Се патува преку  граничен премин Ипсала, преку Грција, (Кавала, Солун) граничен премин Богородица, со попатни паузи за одмор и царински формалности.

    Пристигнување во Скопје  околу полноќ.

    ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ, во зависност од изборот на хотел во Кападокија :

    1. ХОТЕЛ 4* - Аванос, Ургуп

    ЦЕНА ЗА УПЛАТА ДО 31.01.2019: 175/  10.850 ден

    ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 195/  12.090 ден

    1. ХОТЕЛ 4* - Ѓореме

    ЦЕНА ЗА УПЛАТА ДО 31.01.2019: 185/ 11.470 ден > НАША ПРЕПОРАКА !

    ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 205 / 12.710 ден

    1. CAVE ХОТЕЛ  - Ѓореме

    ЦЕНА ЗА УПЛАТА ДО 31.01.2019: 199/11.720 ден

    ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 219 /12.960 ден

    ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА :

    • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација,
    • сместување во Анкара во хотел 3/4* на база 1 ноќевање со појадок,
    • сместување во Кападокија во хотел  4* на база 2 ноќевања со појадок и вечера
    • сместување во Истанбул во хотел 3/4* на база 1 ноќевање со појадок,  
    • Посета на соленото езеро Туз Ѓолу
    • организација и лиценциран туристички придружник на патувањето.

    ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

    • Задолжително патничко осигурување 245 мкд,
    • Разглед на Анкара со посета на Мавзолејот на Кемал Ататурк  со локален водич (10 €)
    • Голема Тура Кападокија совлезници  и вклучен ручек, со локален водич (без пијалок)(45€)
    • Срцето на Кападокија со влезници и ручек , со локален водич(45€)
    • Лет со балон  - (150€) – задолжителна резервација при уплата
    • Турска вечер со шоу програма- (35€)
    • Танц на дервишите /церемонија - (25€)
    • Разглед на Истанбул со локален водич (10 €)
    • Ноќен разглед на Истанбул со посета на Ускудар и Бејлербеи со локален водич (10 €)
    • Посета на Султанската палата Долма баче Сарај (вклучена 1 влезница) со локален водич (30 €)
    • Крстарење со брод по Босфор со локален водич (20 €)

    Доплата за еднокреветна соба 3.600 ден

    Агенцијата го задржува правото за измена на редоследот на излетите и посетите по денови и сатници.    

    НАПОМЕНИ:

    * За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.

    * Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари

    * За резервација на аранжманот задолжителна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање

    * Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање.

    * Агенцијата го задржува правото на промена на редослед на излетите и посетите.

    * За ЛЕТ СО БАЛОН, задолжителна е предрезервација во агенција при пријавувањето.

    * Цените на влезниците и летот со балон може да претрпат промени во зависност од цените на влезниците во моментот на посета.

    * Останатите услови на патување важат според годишниот програм на НЕХАР ТРАВЕЛ

    *Можност за плаќање на 6 рати без камата*

    Ознаки за производ