Понуди
    Filters
    Пребарување

    Милано

    Термин 07-11 Септември
    “Северниот Бисер”на Италија како го нарекуваат Милано, со бурна историја и стари градби, денеска е центар на Светската Мода. Се е предодредено на Модата , од Архитектурата до спомениците и начинот на живот. Тука ќе уживате во ремек делото на Готиката во ликот на најголемата Готска Катедрала во Светот, најпознатата Оперска куќа во светот – La Scala, Пасажот на Виктор Емануел со бројни брендирани бутици. А вечерите поминете ги во Опера, Театар или во многубројните клубови.
    1 ден СКОПЈЕ-МИЛАНО: Состанок на групата на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски во 11:30 часот.Поаѓање за Милано во 12:00 часот Се патува преку граничниот премин Tабановце.патување преку Србија,Хрватска,Словенија со попатни паузи и гранични формалности. Ноќно возење.
    2 ден МИЛАНО: Пристигнуваме во предпладневните часови. Препорачуваме организиран разглед на градот:тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo,централниот плоштад каде се наога најголемата готска катедрала во светот,потоа одиме на Via Vittorio Emanuelle најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196м долг покриен премин со многубројни продавници кој пак не води до зградата на Миланска опера една од најпознатите оперски куќи во светот......Слободно време за индивидуални прошетки. Сместување во хотел. Ноќевање.
    3 ден МИЛАНО- ЛУГАНО(ШВАЈЦАРИЈА)-КОМО: Појадок. Предлагаме целодневна посета на Лугано(Швајцарското Монте Карло) и Комо. Разглед на Лугано:катедралата San Lorenzo,црквата Santa Marina di Angelo,стариот град со пркрасните плоштади,казиното, најубавиот парк во Швајцарија “Parco Civico”. Слободно време за прошетки. Потоа го посетуваме градчето Комо кое се наоѓа на брегот на езерото Лаго ди Комо (Италија). Тука Холивудскиот џет-сет има свои вили ( Villa Oleandra на Џорџ Клуни) , вилите на Стинг, Ричард Брансон . Тука е сниман и филмот “Casino Royale” - Џемс Бонд, “Ocean’s Twelve…Можност за факулттаивно крстарење (30 мин) со брод покрај некои од прочуените вили .Слободно време за прошетки. Излет со многу впечатоци. Враќање во Милано во вечерните часови. Ноќевање.
    4 ден МИЛАНО - FRANCIACORTE OUTLET VILLAGE -ВЕРОНА-СКОПЈЕ : Појадок. Тргнуваме кон Верона со посета на FRANCIACORTE OUTLET VILLAGE, во близината на Бреша, а потоа следи попатна посета и прошетка низ Верона: плоштадот Бра каде се наоѓа познатата Арена,прошетка по по пешачката улица Mazzini која низ центарот на градот не води до плоштадот Ербе.Посета на куќата на Јулија. Слободно време за индивидуални прошетки. Предлагаме да ручате Пица во Kaffe Emanuelle на плоштадот Бра.
    Патувањето кон Скопје продолжува преку Словенија,Хрватска,Србија со попатни паузи. Ноќно возење.
    5 ден СКОПЈЕ: Пристигнување во вечерните часови.

    ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 149 €/ 9.240 ден

    ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
    • Превоз со високотуристички автобус на релација Скопје-Милано -Скопје
    • 2 ноќевања во хотел 3* НП во Милано (околина)
    • Посета на Верона
    • Организација и водство на програмата
    • Попатна посета на FRANCIACORTE OUTLET VILLAGE
    • Организација на аранжманот
    • Лиценциран туристички придружник

    ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
    • Задолжително патничко осигурување 150 денари
    • Разглед на Милано со локален водич 10 €
    • Факултативен излет за Лугано и Комо 30€
    • Крстарење по езерото Комо(30мин) 10€
    • Туристичка такса Милано 5€ по лице по ноќ (се плаќа во агенција)
    • Доплата за еднокреветна соба – 3.720 ден

    НАПОМЕНИ:
    • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
    • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
    • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
    • Попустите не се комбинираат
    • Останатите услови на патување важат според годишниот програм на НЕХАР ТРАВЕЛ
    • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
    • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди времеи место на поаѓање.

    Милано