Понуди
    Filters
    Пребарување

    Прага ( СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА)

    СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА 

    Термин 07-11 Септември
    1 ден: СКОПЈЕ – ПРАГА:
    Состанок на групата на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски, во 14:30ч. Поаѓање на автобусот во 15:00 ч. Се патува преку Србија. Ноќно возење со попатни паузи.
    2 ден: ПРАГА:
    Пристигнување во Прага во предпладневните часови. Панорамско разгледување на градот со водич(факултативно) : Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часовник - Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад. Националниот музеј. Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални прошетки. Ноќевање.
    3 ден: ПРАГА - КАРЛОВИ ВАРИ:
    Појадок. Предлагаме целодневен излет на бањскиот центар Карлови Вари. Посета на дванаесетте извори и прекрасните неоренесансни колонади. Можност да ги погледнете надалеку познатите производи од порцелан, стаклото Мозер, ликерот Бехеровка, музејот на Бехеровка... да се напиете кафе во престижниот Grand Hotel PUPP и да уживате во романтична прошетка низ ова неверојатно инспиративно градче. Враќање во Прага. Вечерта можност за крстарење со брод по реката В’лтавa. За крај на денот, предлагаме посета на Пивница во средновековен амбиент, со несекојдневна шоу програма, пиво, коленица и традиционална Чешка чорба... ќе Ве воодушеват мајсториите на средновековните витези, голтачите на пламен , стомачните танчерки... Ноќевање.
    4 ден : ПРАГА – ВИЕНА:
    Појадок. Одјавување од хотел. Поаѓање за Виена со попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER FREEPORT . Слободно време за шопинг. По пристигнувањето во Виена, панорамско разгледување на градот со автобус: Рингот, Oперата, Парламентот, Музејската четврт, Универзитетот, зимскиот дворец Хофбург, катедралата Св. Стефан.... Слободно време во Виена. Во вечерните часови патувањето продолжува кон Македонија. Ноќно возење со попатни паузи.
    5 ден : СКОПЈЕ:
    Пристигнување во Скопје во пладневните часови.

    ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 129 € / 8.000 ден
    ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА
    • Превоз со високотуристички автобус на релација Скопје – Прага – Скопје
    • 2 ноќевања со појадок во хотел Olimpic 4*,  http://www.olympik.cz/cz/olympik во Прага
    • Организација и водство на програмата
    • Попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER FREEPORT
    • Посета на Виена

    ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА
    • Задолжително патничко здравствено осигурување 150мкд
    • Разглед на Прага со локален водич – 10 €
    • Факултативен излет Карлови Вари – 25 €
    • Крстарење со брод по Влтава – 15 €
    • Посета на средновековна пивница со вечера и забавна програма – 30€
    • Влезници за музеи и локалитети
    • Доплата за еднокреветна соба 1550 ден
    НАПОМЕНИ
    • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
    • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
    • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
    • Останатите услови на патување важат според годишниот програм на НЕХАР ТРАВЕЛ
    • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
    • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди време и место на поаѓање.

     

    Прага ( СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА)