Понуди
    Filters
    Пребарување

    Јаши - Романија Посета на моштите на Св.Петка

    Прв ден:07.09.2017 (четврток)
    Поаѓање од Скопје (паркинг хотел Вип) 18:30 ч. Патување со високотуристички автобус преку Бугарија со попатни паузи за кафе и оброк.
    Втор ден:08.09.2017 (петок)
    Во предпладневните часови пристигнување во градот Брашов (централна југо-источна Трансилванија) кој представува музеј на отворено. Посета на познатата Црна Црква од XIVвек. Разглед на стариот градски центар и слободно време. Во попладневните часови поаѓање кон Јаши - градот во кој во 18 век. се преместени моштите на Св.петка во соборниот храм Митрополие Молдавски во центарот на градот. Сместување во хотел. Разглед на градот. Вечера(факултативно). Ноќевање.
    Трет ден:09.09.2017 (сабота)
    Појадок. Посета на црквата Митрополие Молдавски,обавување на верски обреди и поклонение пред моштите на Св.Петка. Слободно време за разглед на градот во кој има над 50 цркви наредени една до друга ,голема пешачка зона, прекрасни паркови, ресторани, кафе барови, продавници и прекрасни градби (некои од нив датираат од 15 век а некои се заштитени од УНЕСКО). Ноќевање.
    Четврт ден:10.09.2017(недела)
    Појадок. Одјавување од хотел и заминување од Јаши. Кратка посета на дворецот Пелеш, најубавиот дворец во Европа, некогашна летна резиденција на Романските кралеви. Заминување кон Македонија. Пристигнување во доцните вечерни часови.

    ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 6.500 Ден

    Во цената на аранжманот е вклучено:
    - Превоз со високотуристички автобус
    - Водство на турата со лиценциран придружник
    - 2 ноќевања со појадок во хотел 3* во Јаши
    - Локален туристички водич

    Во цената на аранжманот не е вклучено:
    - Влезница за Црната Црква во Брашов - 6 евра
    - Влезница за дворецот Пелеш - 15 евра
    - Задолжително патничко осигурување - 180 денари.

    Јаши - Романија Посета на моштите на Св.Петка