Хотел АРЕНА ТЕТЕКС 3* Попова Шапка
Хотел Арена се наоѓа на прва линија пред ски патеките, располага со вкупно 33 соби и апартмани и вкупен капацитет од 105 гости.
Сите соби се со сопствен балкон со прекрасен поглед кон ски центарот, ТВ, WIFI.
Нуди и голема тераса со поглед и капацитет од 150 гости, ресторан со камин, кафитерија и сопствен паркинг.
Од оваа година има и нов спа центар со голем базен, ѓакузи, турска бања, финска бања, топли клупи и лежалки со прекрасен поглед кон ски центарот.