Понуди
    Filters
    Пребарување

    Чешме Турција 4НП - 11ти Октомври

    €189,00
    Атрактивното и светски познатото летувалиште Чешме е најзападниот приморски град во Турција, поставен на самиот раб на истоимениот полуостров на обалата на Егејското Море. Заради бројните природни убавини, автентичноста и оригиналниот карактер на градот, пријатната медитеранска клима, кристално чистото топло море и преубавите песочни плажи, Чешме низ годините се развива во елитно и монденско интернационално познато летувалиште. Облата на полуостровот е долга околу 30км и на неа се сместени бројни песочни плажи. Најпознатата атракција во градот е Џеновската тврдина или замокот Чешме. Градот има богата туристичка понуда и сместувачки капацитети со различна категоризација, марина за бродови поставена во центарот на градот околу која гравитираат живописни и автентични ресторанчиња, кафулиња и сувенирници. Чешме е исто така надалеку познат по своите термални води кои извираат во околината на градот со температура до 38°C со благотворно дејство, па оттука доаѓа и називот на градот, Чешме, или во превод фонтана, токму заради неговите термални извори. Оваа есен Ве водиме на едно пријатно патување, хармонија од сонце, море, плажа, култура и историја низ патеките на светите места на егејскиот дел на Турција.

    Термин 06 Октомври 2020

    1.Ден 06.10.2020 (Вторник)  СКОПЈЕ – ЧАНАК КАЛЕ  

    Состанок на групата на паркингот кај хотел ВИП спроти саем во 11.30 часот. Поаѓање за Турција во 12.00 часот. Дневно и ноќно возење, транзит преку Бугарија, со попатни кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности

    2.Ден 07.10.2020 (Среда) ЧАНАК КАЛЕ – ТРОЈА – ЧЕШМЕ

    Во утринските часови пристигнување во Галиполе и преминување на протокот Дарданели со фериброд до Чанак Кале. Продолжуваме кон античкиот локалитет Троја, можност за факултативна посета и разглед. По разгледот се упатуваме кон прекрасното медитеранско гратче Чешме. Пристигнување и сместување во хотел. Слободно попладне за одмор, релаксација и уживање на плажа. Вечера. Ноќевање.

    3.Ден  08.10.2020 (Четврток) ЧЕШМЕ – АЛАЧАТИ – ИЗМИР – ЧЕШМЕ

    Појадок. Ден предвиден за факултативна посета на живописното гратче Алачати и третиот град по големина во Турција, градот Измир, древната Смирна, родното место на славниот поет Хомер. Започнуваме со прошетка низ уличките на Алачати, бисерот на полуостровот Чешме, мало традиционално место, обоено со камени куќи во пастелни боли, живописни тесни улички од калдрма, украсени со многу цвеќе и орнаменти. Алачати е град бутик, совршено уреден, познат по прекрасните песочни плажи, бутик хотелите и луксузните ресорти, а пак пристаништето во Алачати е светски познат центар за водени спортови, особено во едрење, заради постојаниот ветер кој тука пирка. Патувањето продолжува кон Измир, градот чиј што центар наликува на многу европски метрополи, надополнет со шармот на морето, палмите и тивкиот ветер кој ја прави климата идеална.Заминуваме на панорамски разглед на градот со локален водич по што ќе имаме слободно време за прошетка и разглед низ центарот на градот, плоштадот Конак. Во близина на плоштадот се наоѓа трговскиот дел на Измир, најпознатиот Кемералти Базар, местото каде европскиот Измир се пресретнува со турската традиција и култура. Изобилство од бои, мириси и вкусови, сѐ на едно место: текстил, облека, зачини, злато… Враќање во хотел. Слободно попладне за индивидуални активности, време предвено за одмор и релаксација. Вечера. Ноќевање.

    4.Ден09.10.2020 (Петок) ЧЕШМЕ – КУШАДАСИ  – ЕФЕС –  КУЌАТА НА ДЕВА МАРИЈА – ЧЕШМЕ

    Појадок. Ден предивден за целодневна факултативна посета на светите места на Егејска Турција. Посета на античкиот град Ефес, трет по големина град во времето на Римската Империја. Посета на Храмот на Артемида, едно  од седумте чуда на Стариот век. Продолжуваме со посета на куќата на Дева Mарија, каде мајката божја ги проживеала последните 7 години од својот земен живот. Тука ќе имате можност да ги оставите вашите желби за љубов, здравје и среќа на изворот на светата вода. Продолжуваме со посета на црквата на Св. Јован во Селџук. По разгледот враќање во хотел во Чешме. Вечера. Ноќевање.

    5.Ден 10.10.2020 (Сабота) ЧЕШМЕ

    Појадок. Ден предвиден за релаксација, одмор и уживање на некоја од плажите во Чешме. Вечера. Ноќевање.

    6.Ден 11.10.2020 (Недела) ЧЕШМЕ – ЕДРЕНЕ -  СКОПЈЕ  

    Појадок. Напуштање на хотелот. Заминување кон Македонија со попатна посета на шопинг мол во градот Едрене. Дневно и ноќно возење, транзит преку Бугарија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Скопје наредниот ден во пладневните часови.

    Цена за резервации до 15.09.2020 - 189€/11.718мкд

    Редовна цена - 209€/12.958мкд

    *Цени по лице за најмалку 2 лица во соба

    *Цени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност 1€=62мкд

    *За резервација уплата од најмалку 30% доплата до 2 недели пред поаѓање

    Во цената на аранжманот е вклучено:

    - Автобуски превоз со високо туристички автобус на наведената релација со запазени пропишани мерки и протоколи од СЗО за меѓународен сообраќај  

    - Сместување во двокреветни соби во Хотел Piril 4* или сличенво Чешме на база 4 ноќевања со појадок и вечера

    - Организација, реализација и лиценциран туристички придружник за време на патувањето  

    Во цената на аранжманот не е вклучено:

    - Задолжително здравствено и патничко осигурување

    - Факултативна посета на Троја - 10€ (информативно)

    - Факултативна посета Алчати и Измир опишанаво ден 3 во програмата - 15€

    - Факултативана посета Кушадаси, Ефес, Куќата на Дева Марија, опишана во ден 4 во програмата - 35€

    - Индивидуални неспоменати трошоци

    - Туристичка такса 2€ по соба од ноќ

    Важни напомени:

    - За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници, односно 75% пополнетост од капацитет на седишта во автобус, според прописи донесени од СЗО на СРМ, без PCR тест за транзитирање низ Бугарија.

    - За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.

    - При влез во автобус задолжително мерење на телесна температура на секој од патниците, во случај на покачена телесна температура лицето нема да може да патува, согласно протоколите и препораките за меѓународен сообраќај.

    - За време на патувањето во автобус задолжително е носење на маска со која се покрива устата и носот.

    - Патниците се должни за цело време траење на патувањето да внимаваат на својата безбедност и на безбедноста на цела група и да ги почитуваат правилата и препораките дадени од страна на водичот.

    - За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.

    - Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.

    - Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1еур=62мкд.

    - Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни и трокреветни соби, валидни за најмалку 2 лица во соба

    - За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 30 патници, организиторот го задржува правото во случај на недоволен број на пријавени факултативата да ја откаже или да ја зголеми цената.

    - Доплата за еднокреветна соба 80€/4.960мкд

    - Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.

    - Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, за влез во Турција патната исправа потребно е да е валидна минимум 6 месеци од датумот на враќање.

    - Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата.

    - За ова патување важат Општите Услови за Патување на ТА НЕХАР ТРАВЕЛ.  

    Ознаки за производ