Понуди
    Filters
    Пребарување

    8- ми Декември

    Види како Табела Листа
    Подреди по
    Приказ по страна

    Кападокија со Солено езеро 3НП- Магија и мистика

    €99,00
    Монументален компекс на чудесна убавина од 6 век п.н.е, во бел камен и бел вулкански пепел познат како “туф”, кој цели милениуми со помош на водата и ветрот се менувал и станал тоа што е денес – уникат и чудо на природата. Христијаните, народ без војска, барајќи засолниште од римските прогони, го наоѓаат под камените сводови на Кападокија каде изградиле 36 подземни градови и 600 цркви. Тие необични градби од камен ги нарекле “самовилски оџаци”, а името Кападокија на персиски значи “ земја на убави коњи”. Регионот Кападокија со фрапантна убавина на местата и историските знаменитости, претставува еден од најубавите пејзажи на светот. Чудесните карпи со необични форми ќе Ве воодушеват на прв поглед. .. a самиот поглед на овие необични структури остава мистичен и магичен впечаток... Во Кападокија живееле древни цивилизации – Хеленската, Римската, Христијанската и Исламската... Доживеј те ја магијата на Кападокија, земјата на самовили и убави коњи, пејзажи кои потсетуваат на површината на месечината... и бидете подготвени да видите “ Чуда невидени “

    Истанбул од 1001 ноќ 2НП 8-ми Декември

    €79,00
    Главниот град на 3 империи ќе ве освои бидејќи е многу повеке од само име од историјата. Ова е еднинствениот град кој поврзува 2 континенти, град на спротивности и на извонредни традиционални вредности. Многумина го нарекуваат „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“. Сепак, Истанбул е најголемиот град во Турција и еден од најголемите градови во светот, со население од над 13 милиони жители . Светски центар од непроценлива вредност во минатото но и во сегашноста... мозаик од бројни историски и културни убавини, главен град на многу цивилизации, денес дом на жители од целиот свет. Истанбул е единствен град, град кој премостува два континенти, град кој ќе разбуди сосема поинакви чувства во Вас. Не го пропуштајте залезот на сонцето во Истанбул... кога градот се пали како слика, силуетите на џамиите се издигаат над градот, а сонцето и месечината се поздравуваат додека денот се претвора во ноќ... Во тој момент ќе се чувствувате како султан во лулката на цивилизациите. Има многу да се доживее и почуствува во Истанбул. Дали сте подготвени да го истражите овој магичен град?

    Прага ( Карлови Вари - Пандорф - Виена)- 2НП 8-ми Декември

    €119,00
    Прага – европска метропола на културата, главен град на Чешка, златен град, град на стотици кули, град на мостови... Лежи на брегот на реката В лтава, најголемата Чешка река, која градот го дели на четири дела ( Стар Град, Нов Град, Храдчани и Мала Страна). Градот е единствен комплекс на културни споменици, галерија на сите уметнички стилови во архитектурата ... Основан е во 9от век со доаѓањето на Словените во тој регион. Многу уметници го опишале овој магичен град во своите дела - Bedžih Smetana, Antonjin Dvoržak, Franc Kafka... а по неговите улици шетале и Mocart, Ajnštajn i Nikola Tesla. Во 1992 год. центарот на Прага е прогласен за светско културно наследство и е под заштита на УНЕСКО

    Виена 2НП - Christmas Мarket

    €129,00
    ВИЕНА – Престолнина на една од најзначајните европски империи, царски град и место на вкрстување на разни култури и влијанија, една од најстарите метрополи во срцето на Европа, денес главен град на Австрија. Со своето културно и архитектонско наследство, со својот шарм и раскош привлекува милиони туристи од целиот свет. Град зачнат во првиот век како Римско утврдување... а денес град во кој се патува низ времето, град кој е жива слика на раскошниот империјален барок. .. доволно е да ги спомнеме дворците Хофбург и Шенбрун, палатата Белведере, катедралата Св. Стефан, Карловата црква, операта, театарот... Виена го носи и епитетот Музичка престолнина, во која живееле и твореле композиторите – Моцарт, Бетовен, Штраус..

    Грац (Салзбург - Загреб) 2НП - Christmas Мarket

    €135,00
    Грац, втор по големина град во Австрија, главен град на Штаерската област, еден од најубавите градови на Австрија и една од неговите скриени тајни. Погледот од саат кулата Uhrturmпоставен на јужниот грбен на брдото Шлосберг кон барокните куќи и палати, со покриви од теракотае величенствен. Порано тоа беше Саат кулата а беше и дел од велелепниот Замок срушен од страна на Наполеон... Сјајот на илјадници светла, 15 Божиќни пазари на отворено, сцената од Христово раѓање во природна големина направена од мраз, огромната Божиќна елка со 25.000 светилки поставена на стариот плоштад, се само дел од единствената атмосфера во Грац која ќе Ве маѓепса. Уникатно во Австрија, сите 15 Божиќни пазари се на пешачка дистанца и лесно достапни. Совршена дестинација за овој период од годината !!!

    Истанбул од 1001 ноќ со Прицески острови 3НП 8-ми Декември

    €99,00
    Главниот град на 3 империи ќе ве освои бидејќи е многу повеке од само име од историјата. Ова е еднинствениот град кој поврзува 2 континенти, град на спротивности и на извонредни традиционални вредности. Многумина го нарекуваат „Главниот град на светот“, други пак „Мостот помеѓу Европа и Азија“. Сепак, Истанбул е најголемиот град во Турција и еден од најголемите градови во светот, со население од над 13 милиони жители . Светски центар од непроценлива вредност во минатото но и во сегашноста... мозаик од бројни историски и културни убавини, главен град на многу цивилизации, денес дом на жители од целиот свет. Истанбул е единствен град, град кој премостува два континенти, град кој ќе разбуди сосема поинакви чувства во Вас. Не го пропуштајте залезот на сонцето во Истанбул... кога градот се пали како слика, силуетите на џамиите се издигаат над градот, а сонцето и месечината се поздравуваат додека денот се претвора во ноќ... Во тој момент ќе се чувствувате како султан во лулката на цивилизациите. Има многу да се доживее и почуствува во Истанбул. Дали сте подготвени да го истражите овој магичен град?

    Босна 2НП(Сараево- Мостар- Вишеград-Неретва-Пирамиди) /8-ми Декември

    €89,00
    Прошетката низ градовите е прошетка низ вековите... а магијата наречена БОСНА ќе Ви ја доловат водичите на Нехар Травел. Сараево е еден од историски најинтересните и најразновидните градови во Европа. Тоа е место каде што се сретнаа, живееја и војуваа луѓето од христијанската римокатоличка, православна и муслиманска османлиска. Тоа беше и пример за историски турбуленции и судир на цивилизации, како и светилник на надеж за мир и толеранција преку мулти-културна интеграција. Сараево е многу погоден за живеење, живописен . Градот е историски познат по својата традиционална верска разновидност, со приврзаници на исламот, православието, католицизмот и јудаизмот и коегзистираат таму со векови.

    Атина 2НП 8-ми Декември

    €109,00
    АТИНА – град посветен на божицата Атина по која и го добил името а која со векови била негова заштитничка. Оваа, денес повеќемилионска метропола, оо своето постоење доживеала подеми и падови како малку кој мегаполис во светот. За историјата на човештвото е посебно значајна затоа што во неа се поставени основите на парламентарната демократија и слободните избори. Модерна Атина е космополитски град кој што живее од славата на својата историја а старогрчката Атина била моќна држава и познат образовно филозофски центар. Ја нарекуваат и колевка на западната цивилизација, заради нејзиниот културен придонес во текот на 4ти и 5ти век...и денес во Атина постојат антички градби и уметнички дела од тој период, а секако најпознат е Акропол, признаен како еден од најдобрите примери на класичната грчка архитектура и уметност. Древна Атина владеела со светот и покажала како треба да се разберат цивилизациите, уметноста, културат, науката... Нејзината Академија ги дала најдобрите филозофи на Антиката, чии мисли и денес се цитираат и чии дела и денес се читаат... Нејзините уметници Фидије и Поликлет, и денес се слават како великани на скулптурата и уметноста... Политичката Атинска школа и денес е активна, исто како и името на Перикле, творецот на демократијата и владетел во периодот на Златното доба...

    Нови Сад 2НП (Белград - Сремски Карловци) 8-ми Декември

    €89,00
    “Капија светова и раскрсница путева. Чувар царства и царског оружја. Прекретница хрисќанског света. Тамница мрачна и гробница незнана. Сва загонетна, славом и клетвом опевана. Велика уметничка инспирација – Петроварадинска тврџава. Барокна лепотица, колосална творевина. Вековна људска цивилизациска одредница“-Синиша Јокиќ.