Close
Понуди
    Filters
    Пребарување

    CHATEL-PORTES DU SOLEIL

    €359,00
    Традиционално, и оваа зима со Нехар Травел скијајте во најголемите ски центри во Франција. Ве водиме во CHATEL, дел од огромниот ски центар PORTES DU SOLEIL – Вратата на Сонцето.

    Традиционално, и оваа зима со Нехар Травел скијајте во најголемите ски центри во Франција. Ве водиме во CHATEL, дел од огромниот ски центарPORTES DU SOLEIL – Вратата на Сонцето .

    Незаборавно зимување на падините на импозантниот Мон Блан, скијање со еден ски пас во 2 држави: Франција и Швајцарија. Целиот комплекс има 650 км поврзани стази, прекрасна микро клима и многу природен снег. Ви гарантираме врвно скијашко уживање за сите категории на скијачи. Комплексот опфаќа дури 12 градчиња во Франција и Швајцарија и познатите ски центри: Avoriaz, Morzine, Montriond, Le Gets, St Jean d’Aulps, Abondance, Châtel и 4 ски центри во Швајцарија.                                                                                                                     

    CHATEL е многу симпатично алпско село, чие скијалиште е поврзано со останатите скијалишта од регијата PORTES DU SOLEIL. Во самиот центар отворен е нов  Aqua centar "Forme d'O" :затворен и отворен термален базен,базен за деца,wellnes зона (сауна, масажа...). Ориентациона цена за неделно користење на класик услуга е 40 евра а за децата 30% поефтино. Местото е полно со кафичи и ресторани,продавници за зимска опрема и неколку големи маркети (Scherpa i Casino). Од центарот возат бесплатно ски автобуси кои ги собираат скијачите по пат кон жичарите.

    FIRST MINUTE ЦЕНИ. ВАЖАТ ДО 30 СЕПТЕМВРИ 2019!

    Програма:

    1 ден-петок, 03.01.2020. СКОПЈЕ- CHATEL.Состанок на групата на паркингот кај спортската сала “Борис Трајковски” во 07:00 часот. Поаѓање за Шател  во 07:30 часот. Се патува преку граничниот премин Tабановце. Патување преку Србија, Хрватска, Словенија, Италија, со попатни паузи и гранични формалности. Ноќно возење.

    2 ден-сабота 04.01.2020. CHATEL .Пристигнување во Шател во попладневните часови и сместување во апартманите. Слободно попладне за запознавање со местото. Ноќевање

    3–8 ден 05-10.012020. Шест дневно скијање во CHATEL- PORTES DU SOLEIL . Ноќевање

    9. ден-сабота 11.01.2020.CHATEL-СКОПЈЕ.Напуштање на собите до 10:00. Поаѓање за Скопје со попатна посета на еден од најголемите шопинг аутлет центри во Италија – VICOLUNGO, непосредно пред Милано.

    10 ден – недела 12.01.2020 СКОПЈЕ. Пристигнување во попладневните часови.

    Во цената е вклучено:

    • Превоз со високотуристички автобус со LCD TV, DVD на релација Скопје–CHATEL–Скопје
    • 7 дневно сместување во одбрани студиа / апартмани според ценовникот во CHATEL
    • 6 дневен скипас за стазите на CHATEL.
    • Користење на загреан внатрешен и надворешен базен, сауна,парна соба, џакузи- за гостите во “LE GRAND LODGE”
    • Туристички пратител за време на турата

    Во цената НЕ Е вклучено:

    • Задолжително патничко осигурување со вклучен додаток за спортско скијање 525 денари.
    • Туристичка такса од 1-2,53 на ден по лице. Се плаќа на лице место.
    • Доплата за PORTES DU SOLEILski pass за 6 дена ( 650 км стази ) изнесува 80 по лице. Задолжителна предрезервација и плаќање во агенција. Наша топла препорака !

    Напомени:

    Постелнина и крпи: Во цената не се вклучени крпите и постелнина за апартманите, а истите може да се изнајмат на денот на пристигање по цена од: 11-14€ постелнина и 10€ сет крпи. Од досегашното наше искуство, најповолно е секој да понесе свои.

    ТВ во студиа/апартмани во Резиденцијата “LE GRAND LODGE” се наплатува 42 евра за 1 недела, како и Интернет приклучок: 16 евра за 1 недела.

    Појадок: Резиденцијата “LE GRAND LODGE” овозможува  користење на појадок по цена од 10 евра по лице на ден. Резервација и плаќање на лице место.

    Депозит: Депозит (гаранција) за секое студио е задолжителен и изнесува 250-400€ по студио/апартман. Се плаќа на самото пристигање, непосредно пред сместувањето. Плаќањето е готовинско или со резервирање на средства во висина на депозитот од  кредитна картичка. Депозитот на крајот од сместувањето се враќа во целост, доколку апартманот е вратен во првобитната состојба (чист, среден и без оштетени предмети)

    Завршно чистење: Чистењето на апартманите не е вклучено во цената на аранжманот, па патниците се задолжени за чистење на апартманот и доведување на истиот во иста состојба како  пред сместувањето, или ќе се наплати од 59 – 100 евра (за Т3/8 апт)

    Генерален опис на  Студиата и Апартманите во ШАТЕЛ

    За Шател ви нудиме 2 програма за сместување во апартмани и студија.

    СТАНДАРД апартмани, без име, т.е. локалната агенција се обврзува да ве смести според уплата на вашиот тип на сместување кои се наоѓаат во различни резиденции/згради по должината на целата населба, секогаш блиску до бесплатен ски бус. Се разликуваат по површина и опременост, секој апартман е со различни мебел и содржина..

    Втор тип е сместување во Резиденцијата “LE GRAND LODGE”.

    СТАНДАРД АПАРТМАНИВО ШАТЕЛ                                                                                                               

    СТУДИО за 3 лица, 20 м2.: Еднособно студио-една просторија. Тросед на извлекување за 2 лица, плус 2 кревети на спрат,ТВ, опремена кујна со електрични решоа со рерна, фрижидер, садови и прибор за јадење, место за јадење, Купатило и ВЦ (една просторија), балкон или веранда.

     СТУДИО за 4 лица, 25-28 м2.: Еднособно студио-една просторија. Тросед на извлекување за 2 лица, плус 2 кревети на спрат, ТВ, опремена кујна со електрични решоа со рерна, фрижидер, садови и прибор за јадење, место за јадење, Купатило и ВЦ (една просторија), балкон или веранда.

    АПАРТМАН со 1 спална соба, за 5 лица, 30-35 м2.: Апартман со 2 простории ( дневен престој + 1 спална).  Кревети на спрат во спална соба. Во дневна соба, кревет на извлекување за 2 лица  (или 1 двоен кревет), опремена кујна со електрични решоа со рерна, фрижидер, машина за миење на садови, садови и прибор за јадење, купатило и ВЦ (една просторија, некаде одвоено), балкон или веранда.                                                                                                                                     

    АПАРТМАН со 2 спални соби, за 6 лица, 45-50 м2.: Апартман со 3 простории ( дневен престој + 2 спални). 2 одвоени кревети или еден голем во секоја спална соба. Во дневна соба, кревет на извлекување за 2 лица, ТВ. Опремена кујна со електрични решоа со рерна, фрижидер, садови и прибор за јадење, Купатило и ВЦ (една просторија, некаде одвоено), балкон или веранда. 

    АПАРТМАНИ во Резиденцијата “LE GRAND LODGE” 3*

    РезиденцијатаLE GRAND LODGE” 3*e градена во традиционален планински стил, во комбинација на камен и дрво. Апартманите се конфорни и минималистички декорирани за да го направат вашиот престој пријатен. Уживајте во затоплениот внатрешен/надворешен базен, џакузи и сауна, парна соба. Бесплатен WI-FI  во просторот кај рецепција, бесплатна ски гардероба. Оддалеченост од ски лифт: 600м. Бесплатен ски бус. До центарот на Шател има 800 м.

    Сите апартмани имаат многу добра опремена кујна: микробранова печка, машина за садови, машина за кафе, тостер, бокал за греење вода.

    Т2/4  AПАРТМАН 2 собиза 4 лица 28m2 : Опремена кујна, дневна соба со тросед на извлекување за 2 лица, 1 спална со голем кревет за 2 лица, Купатило со туш кабина, посебен тоалет, Балкон или патио.

    Т2/6 AПАРТМАН 2 собиза 6 лица  37m2 : Опремена кујна, дневна соба со тросед на извлекување за 2 лица, 1 спална со голем кревет за 2 лица, на влезот (одвоено од дневната соба) 2 кревети на спрат. Купатило со туш кабина, посебен тоалет, балкон или патио.

    Т3/6 AПАРТМАН3соби  за 6 лица 57m2 : Опремена кујна, дневна соба со тросед на извлекување за 2 лица, 1 спална со голем кревет за 2 лица, 1 спална со 2 одвоени кревети. Купатило со туш кабина, посебен тоалет, балкон или патио.

    Т3/6 AПАРТМАН3соби  за 8 лица 57m2 : Опремена кујна, дневна соба со тросед на извлекување за 2 лица, 1 спална со голем кревет за 2 лица, 1 спална со 2 одвоени кревети, на влезот (одвоено од дневната соба) 2 кревети на спрат. Купатило со туш кабина или када, посебен тоалет, балкон или патио.

    Завршни напомени

    Дадената цена е Пакет цена по лице во зависнот од бројот на лица и тип на сместување, за максимално даден број на лица во студио и апартман.

    • Депозит за резервација : 30%, остатокот се доплаќа најдоцна 15 дена пред поаѓање. Можност да се плати на 6 рати без камата, информации во агенција. 
    • Со самата резервација и платен депозит, странките добиваат Договор за патување со сите податоци за патувањето,типот на сместување, разни доплати како и Општи услови за патување.
    • Депозитот може да се плати во готово или на кредитна/дебитна картичка, со добивање на фискална сметка, или преку пошта/банка, или вирмански со издадена фактура.
    •  Постои можност да се спојат индивидуалните патници во повеќекреветно студио/апартман, како не би плаќале поскапо. Агенцијата може да посредува но не и да гарантира при ваквите случаи. Финалниот тип на студио/апартман и финалната цена ќе зависи од бројот на лицата и типот на студиото/апартманот. Странките однапред се согласни за тие услови, без право на откажување.
    • Според Шенгенските правила, Македонски пасош мора да има важност од мин. 90 дена од денот на напуштање на Шенген зоната (датум на враќање во Скопје).
    • Според новите законски одредби за плаќање во готово, максимален износ на еднократно плаќање од 1 лице изнесува 30.000 денари.
    • За реализација на патувањето потребно е минимум 40 патници.
    • Агенцијата не може да влијае на спратност, поглед или одреден објект. Тоа е во рамките на локалната агенција. Одредени желби на патниците, како за сместување во еден објект на повеќе студиа/апартмнаи, агенцијата ќе ги пропрати до локалната агенција, но без да вети за исходот.
    • Агенцијата го задржува правото за промена на цената доколку дојде до зголемување на цените на услугите ( гориво, сместување, ски пас ). Сите уплатени аранжмани до тој момент, остануваат по старата цена.
    • FIRST MINUTE цена важи до објавениот датум во ценовникот. После тој датум цената се зголемува за 20 евра по лице, без оглед на тип на сместување.
    • Патниците се должни 48 часа пред патување да го проверат часот и местото на поаѓање.
    • Багаж: Секој патник може да понесе 1 личен багаж (куфер или торба), 1 пакет скиили борд опрема сместени во багажник на автобус и 1 мала кабинска торба/ранец и храна за пат во автобус.
    • Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот во случај на недоволен број на лица, најдоцна 5 дена пред тргнување. Во таков случај, уплатените средства во целост се враќаат исклучиво на трансакциона сметка на лицето кое уплатило или вирмански доколку се така уплатени, според законот за платен промет.

    За ова патување важат Општите услови за патување на Нехар травел со лиценца А бр.13-373, кои се составен дел на секој Договор за патување.

    НЕХАР ТРАВЕЛ Ви посакува пријатно патување и убав зимски одмор во Франција.

    КАРАКТЕРИСТИКИ НА СКИ ЦЕНТАРОТ    CHATEL-PORTES DU SOLEIL

    *Skipas "Chatel" :Покрај скијалиштето Шател,ги опфаќа секторите Barbossine/Super-Chatel и  Linga/Pre-la-Joux и секторот Braitaz како и целиот сектор La Chapelle d'Abondance во Франција, и целиот Швајцарски ски центар Torgon  и секторот Corbeau кој е дел од Швајцарското скијалиште  Morgins. Со овој ски пас имате вклучено 73 ски патеки, 130 км и 61 ски лифт.         Од Шател поаѓаат жичари кои водат кон 4 скијашки сектори, од кои по 2 се меѓусебно поврзани:

    * Barbossine/Super-Chatel: Од населбата "Petit Chatel" оди седишница до секторотBarbossine а од таму жичара до врвот "Tete du Tronchet" на 1913 м. Од таму, лево кон скијалиштето               La Chapelle d'Abondance  или кон Швајцарското скијалиште Torgon. Од врвот ако одите десно доаѓате до секторот Super-Chatel. Самопреку овој сектор,со скии може да се вратите во Шател. *  Super-Chatel сектор: Од Шателводи гондола Super-Chatel  до централната скијачка регија на Шател. Со седишница "Morclan"може да се поврзете со секторот "Barbossine". Од таму може да се спуштите до Швајцарското скијачко место "Morgins" преку секторот"Corbeau", со Шател ски пас.

    * Linga / Pre la Joux
    -сектор Linga: 1,5 км од центарот на Шател се наоѓа населбата Villapeyron од каде трга гондолата `Linga`која води во истоимениот ски сектор. Седишница "L'Echo Alpin" ве води до врвот "Tete du Linga"   на 2156 м/нв. Од таму по ски патеката Combes поминувате во секторот `Pre la Joux.                                                                                                                                         - сектор `Pre la Joux. -3.5 км понатаму од појдовната станица на гондолата Linga е појдовното плато за за ски секторот `Pre la Joux`  на 1310 м/нв. Тука е и стазата за санкање и за ски почетници.Со седишница "Des combes" може да одите до секторот Linga. Со седишницата "Des Rochssons" се оди во скијалиштето "Avoriaz", и понатаму кон скијалиштата "Mozine i Les Gets"  за што морате да имате ски пас за целата област на "Portes du Soleil".

    Скијалиште "Chatel" со наведените ски сектори:                                                                          - надморска висина: 1100 – 2200 м. – Вкупен број на ски патеки: 73, - вкупна должина: 130 км.                - 7 црни, 23 црвени, 29 плави и 14 зелени ски патеки. 3 гондоли,19 седишници, 35 ски лифтови, 3 лифта на јаже и 1 ски трака.