Close
Понуди
    Filters
    Пребарување

    Египет Лето 2024

    Види како Табела Листа
    Подреди по
    Приказ по страна

    LABRANDA Royal Makadi 5*****

    €0,00
    Хотелот се простира на прекрасна, песочна плажа во Makadi Bay, на брегот на Црвено Море. Собите се пространи, сите со балкон со прекрасен панорамски поглед, климатизирани и опремени со модерен мебел, сателитска ТВ, минибар и сл. На гостите им се на располагање повеќе ресторани со широк спектар на понуди за различни видови храна како и повеќе снек барови покрај базен или на самата плажа. Од содржини хотелот поседува Фитнес центар, тениски терени, билијард и др. Хотелот се наоѓа на окулу 24км. од центарот на Хургада, во преубавиот залив Макади каде се и најубавите песочни плажи како и голем број на корални гребени.

    Continental Hotel Hurghada 5*****

    €0,00
    ХОТЕЛ СО ЕКСКЛУЗИВИТЕТ ЗА МАКЕДОНСКИ ПАЗАР Локација: Познатиот Continental Hurgada хотел, се наоѓа на прекрасна песочна плажа, на почетокот на Мемша, на самото шеталиште на новиот дел на Хургада. Од центарот на Хургада, Сакала, е оддалечен 4км а од аеродромот 6км. Соби: има 252 соби и 15 апартмани со бања, ЛЦД сателитска ТВ, телефон, клима, сеф, мини бар и балкон или тераса. Содржини: еден главен и 4 а ла кат ресторани, бар на панорамска тераса со поглед на Црвено Море и неколку други барови меѓу кои и прочуениот Капетанов Бар, дискотека, козметички салон. Спорт и забава: Два базена со детски дел, билјард, пинг понг, тениски игралишта, 2 сквош терени, фитнес центар, центар за нуркање и бројни спортови на вода, спа центар. Разни дневни и вечерни анимации од професионален тим на аниматори.

    Minamark Beach Resort 4****

    €0,00
    MinaMark Beach Resort е рај за семејства и парови. Локацијата на хотелот го прави идеален избор за сите кои сакаат да комбинираат релаксација со социјални и спортски активности за време на нивниот одмор. Се нтааоѓа во центарот на енергична Сакала област на Хургада па гостите во овој хотел се сигурни дека никогаш нема да им недостасуваат барови, ресторани и продавници. Со повеќе од 300 соби, вклучувајќи семејни соби и VIP апартмани, MinaMark Beach Resort има одличен избор на соби за да се обезбеди секој гостин да има релаксирачки и удобен престој. Сите соби се со климатизација и звучна изолација како стандард. Гостите можат да резервираат All Inclusive, полупансион, ноќевање со појадок или само-угостителски престој. Одморалиштето има еден главен ресторан, Percado, кој служи низа на интернационални кујни и вклучува појадок, ручек и вечера. Исто така постои и базенски бар и бар на плажа како и снек бар од страна на базен. Хотелот, исто така, може да се пофали со свој приватен дел на плажата до која гостите можат да пристапат со минување низ бујна, тропска градини. За оние кои претпочитаат базени, хотелот нуди и избор на три отворени базени со чадори за сонце и лежалки, така што гостите можат навистина да се релаксираат и да уживаат . Хотелот располага и со сауна, спа, велнес центар, туш Vichy и турски бањи. Третмани за убавина, третмани за тело и масажи се исто така достапни за мала надокнада. Ако патувате со семејството, хотелот, исто така, нуди услуга за чување на деца и детски клуб, како и игралиште и дневна соба за да го одржат семејството среќно.

    Royal Star Beach Resort 4****

    €0,00
    Овој хотел на плажа се наоѓа во близина на центарот на Хургада, во зоната El daha. rТој нуди модерни соби , делумно со поглед кон морето, како и отворен базен, ресторан, приватна плажа и бесплатен Wi-Fi во заедничките простории. Светлите, пространи и модерно опремени соби во хотелот Royal Star Beach вклучуваат балкон, клима уред, телевизор со рамен екран со сателитски канали, електрично бокалче за кафе и чај и минибар. Приватната бања е со туш кабина и е опремен со фен. Интернационалниот ресторан служи a la carte или вклучени оброци а во хотелскиот бар се служат најразлични пијалоци. Нова марина се наоѓа на 4,7 километри од хотелот а меѓународниот аеродром Хургада е 9 километри.

    Regina Swiss Inn Resort 4****

    €0,00
    Локација: Хотелот се наоѓа во центарот на Sakalа, на песочна плажа, одалечен околу 7 км од аеродормот. Хотелот е комплетно реновиран во 2013 година. Соби: Вкупно има 420 с оби и студиа.Секоја соба има купатило (туш/wc), фен,, SAT TV, телефон, мини бар, клима, балкон или тераса. Содржина: Хотелот има главен и италијански a la carte, 3 бара (во лоби, покрај базен и на плажа), дискотека, сеф на рецепција, сервис за перење и пеглање, интернет центар, продавници и менувачница. На гостите им се на располагање два надворешни базени и базен за деца, тениски терен, сквош терен, пинг-понг, билијард, терени за одбојка на плажа, разни спортови на вода, центар за нуркање, сауна, парна бања, џакузи и салон за масажа. За најмладите гости на располагање е и мини клуб како и забавен парк на плажа со анимации. Услуга: All Inclusive

    King Tut Resort Hurghada 4****

    €0,00
    ЛОКАЦИЈА: Лоцирен е на самиот брег на Црвено море и е идеален избор за љубителите на рекреативни, спортски активности. Се наоѓа во близина на центарот на Хургада на окулу 5 км. од Аеродромот. СОБИ : Има вкупно 135 соби: 83 стандардни, 5, 16 трокреветни, 29 СУПЕРИОР соби, 2 бунгалови. Сите соби се стилски и елегантни, опремени со модерен и удобен мебел. - Балкон или тераса со поглед на морето; - Телевизор со сателитски канали; - Фрижидер; - Клима; - Телефон; - Бања со туш, фен и прибор за лична хигиена; - Сеф; - Електричен бокал СОДРЖИНИ: Ресторан Клеопатра:Појадок, ручек и вечера на Шведска маса Лоби бар, 2 базени, Аква парк со загреан базен, Сауна, Џакузи, Wi Fi бесплатен во целиот хотел, вклучувајќи ја и плажата, Дискотека, тениски терени, менувачница, продавници за сувенири, фризерски и козметички салон, Приватна, песочна плажа на 50м. која е опремена со чадори и лежалки, бесплатни. УСЛУГА:All Inclusive - Клеопатра ресторан и тераса, нуди три оброци на ден (појадок, ручек и вечера). Ресторанот нуди најдобра национална кујна; - ISIS ресторан и бар на плажа, нуди морска храна; - Тутанкамон лоби бар, совршен за попладнвен чај, коктели или лесна вечера; - Оаза Кафе, кој се наоѓа меѓу дрвјата и цвеќињата со убава фонтана; - ISIS Бар се наоѓа на плажа. Нуди: свежо исцедено сокови, сода-вода, свежо овошје, сладолед, вкусна ужина. - Мемфис (а-ла-carte) – ресторан на плажа на Сфингата, резервација на рецепција, бројот на посети не се ограничени.