Close
Понуди
    Filters
    Пребарување

    Египет Лето 2024

    Види како Табела Листа
    Подреди по
    Приказ по страна

    Le Pacha Resort 4****

    €0,00
    Хотелот се наоѓа во самиот центар на Хургада ( Сакала ) каде има голем број на клубови, барови, ресторани, продавници и сл. и е на самиот брег на Црвено Море. Има приватна плажа и 187 соби распоредени во 2 згради, сите со клима, мини бар, ТВ, телефон..Располага со 3 ресторани, бар, кафе, здравствен центар, центар за гњурење, сала за билијард и дискотека.

    SUNNY DAYS RESORT SPA & AQUA PARK 4*

    €0,00
    Локација: Хотелот е изграден во облик на буквата “U”, на две песочни плажи, од кои едната е на природна лагуна која навлегува во самиот хотелски комплекс а другата до самиот корален гребен, идеална за нуркање. Оддалечен е 3км од Сакала и 10км од аеродромот. Соби: Хотелот располага со 825 соби со бања, фен, САТ ТВ, телефон, мини бар, клима уред, сеф. Содржини: На располагање на гостите се два главни ресторани и два а ла карт (италјански и морски ресторан) пица-снек бар и повеќе други барови, дискотека, интернет центар, златарница, фризерски салон. Спорт и забава: Хотелот поседува еден базен и посебен, детски базен, одбојка на плажа, мини фудбал, пинг понг, билјард, центар за хуркање, спртови на вода, терено за сквош и тенис (во соседниот хотел). Спа центар со сауна, фитнес и турска бања.

    Long Beach Resort 4****

    €0,00
    Long Beach Resort http://hilton-long-beach-resort.hotelshurghada.com/en/ Long Beach Hotel e kомфорeн хотел, се наоѓа на својата песочна плажа, но поради големината на хотелot, некои делови се различно оддалечени од плажата. Лоциран е на 14 километри јужно од аеродромот и 30 километри од Хургада кон Сафаги. Хотелот има повеќе ресторани, Лотус - главен ресторан со поглед на базени, Ал Денте - италијански ресторан, Мараба - египетски ресторан, ресторан на плажа кој нуди морска храна, пет барови, дискотека, шопинг центар, 7 отворени базени, во три од нив преку зима ја загреваат водата, детско игралиште, детски клуб, пешкири, чадори и лежалки на плажа - бесплатно, центар за нуркање, спортови на вода, сала за билијард, мини голф, 4 тениски и 2 сквош терени, фитнес, сауна, SPA, jacuzzi, парно купатило, салон за убавина, анимација. Има 912 соби, сите имаат тераса или балкон со поглед на море или градина, клима, мини бар / фрижидер, телефон, сателитска ТВ, купатило, фен за коса. Постојат и соби за непушачи. Услугата е на услуга All Inclusive (ce вклучено) според правилата на хотелот, на база на шведски стол (самопослужување). Услуга: All Inclusive Early booking цените се валидни за резервации до 30.04 со 50% уплата

    Seagull Resort Hurghada

    €0,00
    Локација: Лоциран е во туристичкиот центар на Хургада, Сакала на окулу 5км. оддалеченост од Најновиот центар, Мемша, на сопствена песочна плажа. Во непосредна близина на хотелот се наоѓаат најразлични содржини како шопинг центар, ресторани, барови. Се состои од две згради, секоја секоја со своја рецепција, ресторан и плажа. Користењето на чадори и лежалки е бесплатно за гостите на хотелот. Хотелски содржини: Хотелот има три ресторани со интернационални специјалитети, неколку барови, спа центар, клуб за деца, анимации, салон за убавина, шопинг центар и т.н. Во склоп на хотелот има и 4 базени за деца и возрасни, аква парк со тобогани и спортови на вода. Соби: Собите се опремени со клима уред, телефон, мини фрижидер, купатило, фен а некои се со балкон а други со тераса.

    Mercure Hurghada Hotel

    €0,00
    MERCURE HURGHADA HOTEL 4* се наоѓа на окулу 15км. од центарот на Хургада и зафака терен од окулу 40хектари, со своја сопствена, песочна плажа. Хотелскиот комплекс опфаќа Главна централна зграда со рецепција и малку сместувачки капацитети како и сместувачки објекти во форма на бунгалови и вили. Од содржини има базен, 3 ресторани, 4 барови, тениски терени… Сите стандардни соби се двокреветни со или без додатен кревет, климатизирани, опремени со САТ ТВ, Телефон, мини бар.

    Jungle Aqua Park 4****

    €0,00
    Ова прекрасно одморалиште, со своите 21 базени и 35 водени тобогани е вистински воден, тематски парк. Сите соби имаат тераса или балкон со поглед кон базен или градина. Сите сместени во бунгалови поставени во групи околу базените. Собите се просторни, светли и декорирани со топли бои , по примерот на Афричката уметност. Сите имаат телевизор, минибар, и сопствена бања. Хотелот нуди повеќе различни видови на ресторани како Медитерански, германски, мексикански, ресторан со ориентални кујна , што е само дел од опциите кои Ви се на располагање а има и голем број на барови и снек барови во кои се служат лесни јадења и пијалоци во текот на целиот ден . Повеќе детски базени и детски клубови се достапни во Jungle Park, заедно со уште неколку спортски објекти, вклучувајќи тениски игралиште, игралиште за фудбал и мини голф.. Хургада е на само 25 минути возење и е лесно достапна со автобус или со автомобил. Хотелот има 860 соби и е дел од ланецот на хотели: Pickalbatros.