Close
Понуди
    Filters
    Пребарување

    Егзотични Патувања

    Види како Табела Листа
    Подреди по
    Приказ по страна

    БАЛИ ЈУЛИ-АВГУСТ-СЕПТЕМВРИ 2019

    €990,00
    Индонезија или официјално Република Индонезија е голема земја во Азија, чиј главен град е Џакарта. Индонезија е составена од мноштво на мали и големи острови, од кои најголемите се Јава, Суматра, Сулавеси (Celebes), Борнео (Калимантан) и Нова Гвинеја (западен дел). Неговото население (238 милиони), Индонезија е четвртата по големина земја во светот. Бали е индонезискиот остров кој се наоѓа помеѓу островите Јава на запад и Ломбок на исток. На островот, мнозинството од жителите се Индонезиски Хиндуисти кои се малцинство во земјата. Бали денес е популарна туристичка дестинација и е богат со ориз, кокосови дрвја, кафе, памук и тутун, но ова е нешто што најмногу се извезува. Живописните бои на Бали, неверојатно пријателски и гостопримливото население , храна која е силна и со необичен вкус и тиркизно-сините води на Индискиот Океан, што е локализирано на овој мало парче од рај на земјата ,сигурно ќе ги задоволи Вашиот вкус ...

    Занзибар Лето 2019

    €1720,00
    Занзибар - дестинација која од секогаш претставувала спој на мистерија и егзотика, привлекувајќи со својата недопрена природа и плодната почва која дарува најразлични видови овошја и зачини. Од моментот кога ќе зачекорите на Занзибар, ќе го почуствувате духот низ столетијата од древната Персија и приказните за Ширази трговците кои биле инспирација за морепловецот Синбад. За повеќе од 2000 години, монсунските ветрови го обликувале пејзажот и културата на овие острови. Со својата тропска атмосфера и уникатна култура, овој архипелаг нуди искуство притоа задоволувајќи ги сите сетила. Волшебен, егзотичен, романтичен, но истовремено див и недопрен. Ова е еден од најегзотичните острови каде летуваат туристи од целиот свет. Архипелагот Занзибар, кој се наоѓа во Индискиот Океан, на 40 километри од брегот на Танзанија, е вистинска дестинација за релаксација и бегство од секојдневието. Овде имате шанса да уживате во бистра и тиркизно сина вода, долги песочни плажи и многу мали но речиси пусти острови со недопрена природа, сеуште неоткриени од страна на туристите. Камениот град (Stone City) кој e прогласен за културно наследство на УНЕСКО, е место каде талкајќи низ тесните улички ќе ја откриете магијата на Танзанија.

    Кина 2019

    €1626,00

    КУБА И МЕКСИКО Ноември 2019

    €2576,00
    ПАТУВАЊЕ ОД СОНИШТАТА Куба и Мексико со лет одСКОПЈЕ Скопје – Истанбул – Хавана – Винaлес –Канкун–Ривиера Маја - Истанбул - Скопје Период на патување: 25.11.2019 – 06.12.2019

    ТАЈЛАНД (Бангкок – Патаја - Пукет) Декември 2019

    €1393,00
    Ова патување во земјата на " слободата и насмевките", како популарно се нарекува Тајланд, нуди уживање во разноликата природа и запознавање со фантастичната будистичка култура и историја, вкусење на перфектните тајландски специјалитети како и незаборавен ноќен живот. Една од земјите на Индокинескиот полуостров која ја сочувала својата слобода во колонијалното време. Поради својата убавина, Тајланд е популарна дестинација години наназад за бројни туристи од целиот свет. Најпримамливо што нуди оваа земја е гостопримството и шармот од локалното население. Оваа земја има многу што да ви понуди, но најдобро ќе ја доживете ако “забавите”, ако гледате на работите онака како што прават Тајланѓаните. Тие никаде не брзаат, го прифаќаат животот онаков каков што навистина е и уживаат во сето тоа.

    Егзотични Патувања

    Filter by:

    Clear All
    Min: €990,00 Max: €2576,00
    990 2576