Close
Понуди
    Filters
    Пребарување

    Лето Грција 2018

    Види како Табела Листа
    Подреди по
    Приказ по страна

    Hotel „Maya Bay” Kalithea

    €125,00
    Локација: Грција / Халкидики / Касандра / Калитеа Хотелот има одлична локација, земајќи го во предвид фактот дека се наоѓа во близина на центарот на Калитеа, која истовремено нуди прекрасен поглед на Заливот Торонеос. Во близина на хотелот се наоѓаат најпознатите ноќни клубови од овој регион, кои нудат разновидна програма. Плажа: неполни 5 минути од песочна плажа. Услуга: Ноќевање со појадок (шведска маса). Можност за доплата за вечера (дирекно во хотел) - на барање Интернет: Бесплатно на бар / базен Сместување: Стандардна Двокреветна соба - Double Standard Room Двокреветни стандардни соби имаат страничен поглед на море *Вид на дополнително легло: кауч на пуштање, може да се сместат 2 деца до 11,99 години или 1 возрасен. Сите соби се опремени со ТВ, мини бар, клима уред, телефон, фен за коса, LCD телефизор, сеф, софа (дополнително легло), балкон, купатило со туш Хотелски содржини: Надворешен базен (бесплатно), бар покрај базен, рецепција 24/7, игротека за деца, room service (со доплата), перална (со доплата) За деца: Во склоп на хотелот има игортека за нашите најмали пријатели! Важна напомена: При користење на лежалки и чадори на плажа строго е забрането консумирање на храна и пијалоци купени надвор од хотелот / барот на плажа. Истите се достапни и можат да се купат во барот на плажата. Информации за објектот Далечина од морето: 350 m опис на објектот Паркинг Хотелски содржини и услуги Надворешен базен (бесплатно) Собна услуга Перална Рецепција 24/7 Wi-fi бесплатно (јавни места) Игралиште за деца Бар покрај базен Активности во близина на хотелот Дискотека Ресторанти Оброци Појадок (швед. маса) Доплата за вечера (дирекно во хотел) - на барање сите соби се опремени со Балкон ТВ Телефон Сеф Мини Бар Фен Бања/Тоалет Клима Уред LCD телевизор со сателитски канали Бебешко креветче Када/Туш Кабина Софа (дополнително легло) локација X Координати: 40.072341 Y координати: 23.449572

    Hotel" Myrto" - Vrahos

    €59,00
    ХОТЕЛ MYRTO (VRACHOS) Хотелот е лоциран на прва линија, директен пристап до песочна плажа (Blue Flag). ОПИС НА СОБИ Собите располагаат со клима вклучена во цената, тв, тоалет со туш кадичка, тераса која странично гледа према море, но не сите соби имаат чист поглед према него. Во цената е вклучено 2 лежалки и чадор на плажа, и клима. Доплата за Вечера - на лице место - 7,5еур по лице на ден. Категорија: Хотелско Сместување Град: Врахос, Грција Тип: Економичен одмор, Одмор за млади. Услуга: Ноќевање со појадок (Bed and Breakfast) Од море: на прва линија, на сама плажа. Тип на соби: Двокреветни соби на Прв и Втор Кат (Максимално може да се сместат 2 возрасни или 1 возрасен и 1 дете) Во собите:соодветен број кревети,клима, мини фрижидер, телевизор, купатило и балкон со страничен поглед на море.

    VILA JULIANOS I VILA ALEKSANDROS - IPSOS

    €129,00
    Крф e втор по големина од седумте поголеми Јонски Острови, а воедно и еден од најубавите грчки острови. Крф лежи во Јонско Море, кое е дел од Средоземно Море, а северно се спојува со Јадранско Море. Со таа положба си обезбедува место како најсеверен значаен остров во Грција. Островот Крф со околните острови и гребени чинат посебна општина, која припаѓа на истоимениот округ Крф. Крф се наоѓа на крајниот северозапад на Грција во Јонско Море, 2 km северно од Крф се наоѓа албанскиот брег. Крф е многу поблиску до нејзиниот брег отколку до брегот на Епир (околу 15 km). Јужно од Крф се наоѓаат Пакси и Антипакси (околу 15 km). Зафаќа површина од 614 km2 и население од 102.000. Главен град е Крф, 40.000 жители. РезервирајЛЕТО НА КРФ 2018 – CORFU SAGA vol.5 Крф, мистично привлечен, спакуван во историски приказни, обоен од влијанија на најразлични цивилизации, кој фасцинира со природна убавина и освојува со искуства вредни за сечие сеќавање. Не случајно една од најпопуларните туристички дестинации за летување, островот Крф, втор по големина во Јонското Море e познат како зелениот бисер на Медитеранот. Можеме до бескрај да ги опишуваме плажите кои ги има на број и по вкус за секого, кристално чистата вода која е во состав на секој отсликан пејзаж, богатиот ноќен живот, традиционалниот вкус на медитеранската клима и на локалните пијалаци како пиво од ѓумбир и ликерот kumquat. Но, поважно е да дознаете зошто за вас, Крф ќе биде идеалниот спој на одмор и забава правејќи го ова лето авантура што не смеете да ја пропуштите.

    ВИЛА „ВИКИ” – ХАНИОТИ

    €85,00
    Вила Вики се наоѓа во мирен дел на Ханиоти во близина на х.Тропикал на околу 450 метри од плажа, а од супермаркетот Масутис околу 300 м. Сите сместувачки единици се свртени према исток (претежно се во сенка), сместени во приземје во мирен дел со преубав двор со тревник и палми. Секое студио/апартман е опремено со мини кујна, бања, балкон, ТВ, Wi Fi, пешкири и клима вклучена во цена. Истата е од Б-категорија. Располага со трoкреветни апартмани и четирикреветно студио на приземје. Вилата исто така располага со рецепција, базен, кафе аперитив бар, гарнитура за седење, ТОТАЛ ТВ, бесплатно место за Wi Fi. Магелан Травел Сервис не прифаќа одговорност во случај на професионални потреби за користење безжичен интернет во вилата. GPS 39°59´50.62´´N - 23°34´38.88´´E

    ВИЛА „СОФИЈА” – ХАНИОТИ

    €75,00
    Вила Софија се наоѓа во централниот дел на Ханиоти, одалечена 80 метри од плажа. Располага со трокреветни студиjа и четворокреветни апартмани на први и втори кат. Секое студио/апартман е опремено со мини кујна со фрижидер, бања, балкон, ТВ, Wi-Fi и клима вклучена во цена.
    Опис: Студио – една просторија со брачен и единечен кревет со кујна.
    Апартман – две простории, спална со брачен кревет и дневен престој со кујна и два единечни кревети.

    ВИЛА ELENI - НЕА РОДА

    €36,00
    20 метри од плажа НЕА РОДА е мало туристичко место на источната страна на третиот крак – Атос Љубителите на мирни и тивки места ќе се пронајдат себеси.Не изоставувајќи ги таверните со свежа морска храна,убавата традиционална и медитеранска кујна. Воодушевени и спокојни ќе ве остават фасцинантните бои на морето кои се променуваат од утро до вечер и последните зраци на зајдисонцето.Плажата во Неа Рода е со сино знаме и со кристално чиста вода и ситен песок. Во непосредна близина се наоѓа плажата VOULITSA и прекрасните места за посета :островите Амулиани и Дрепани,Јерисос,Уранополис и духовното крстарење до Св.Гора (Единствена монашка држава на Балканскиот Полуостров). ВИЛА “ЕЛЕНИ“ расоплага со четирикреветни студија.Секое студио има кујна делумно одвоена од спалната соба и големи тераси од кои се гледа морето ВИЛА “ЕЛЕНИ” Е ОДДАЛЕЧЕНА НА 20 МЕТРИ ОД ПЛАЖА.

    „KOVIOU HOLIDAY VILLAGE” – „PARADISE

    €149,00
    Paradise studios (дел од хотелот Koviou Holiday Village) се наоѓа на само 250 м. од една од најубавите плажи на Ситониа, Koviou. Располага со 1/2, 1/3 и 1/4 ЕКО соби на приземје без кујна како и со 1/3 и 1/4 студиа и апартмани на приземје, прв и втор спрат со поглед на прекрасната градина во дворот, а дел имаат и страничен поглед кон морето. Истите имаат комплетно опремени кујни, сопствени тоалети, ТВ, клима уред (вклучена во цена) како и WiFi интернет. Пространиот двор од 5000м2 кој е богат со зеленило и хортикултурно уредување ќе го направат престојот на гостите пријатен и релаксирачки. На гостите во Paradise studios на располагање се сите содржини од хотелот Koviou Holiday Village како: користење на базенот, бесплатни лежалки и чадори на базен, бар на базен, отворено кино, вечерни забави, анимација на деца, како и WiFi интернет во сите простории на хотелот.

    Hotel" Plaza Hanioti" - Hanioti

    €150,00
    Локација: Грција / Халкидики / Касандра / Ханиоти Плажа: на 50m од хотелот, помеѓу хотелот и плажата има мал парк. Услуга: Полупансион (појадок и вечера) Интернет: Бесплатно wi-fi во собите и барот од хотелот. Сместување: Хотелот располага со 24 соби- двокреветни и трокреветни, дел од собите се со поглед на море а другиот дел се со поглед на улица. Сите соби се опремени со мини фрижидер, интернет, сеф (со доплата на лице место), телевизор, купатило со туш, балкон со масичка и 2 стола, клима уред (бесплатно). Постелнината, перниците и бројот на крпи во собата е во согласност со бројот на легла во истата. Постелнината се менува еднаш во текот на престојот. Хотелски содржини: Во приземјето на хотелот има таверна во која се служат појадокот и вечерата на шведска маса и бар во кој може да уживате во попладневните и вечерни часови. Влегување во собите: после 13 часот по локално време; Напуштање на собите: во 10 часот по локално време; Појадокот се служи од 08:00 до 10:00 часот; Вечерата се служи од 18:00 до 20:00 часот; Мени Појадок: кафе, млеко, чај, сок. Неделно мени за појадок: леб, палачинки, мед, мармелад, путер, кашкавал, сирење, салама, мали виршли 2 пати неделно, јајца на око, омлет, варени јајца, пржени лепчиња или лепчиња во фурна, corn flakes. Сезонско овошје Вечера: Салата: домати, зелена салата, краставички, маслинки, пченка, сос tzatziki. Супа од риба или пилешка супа. Неделно мени за главно јадење: Тестенини, болоњезе сос, помфрит, ориз, грашок или грав, варен или печен заленчук Пилешко, свиснко месо, риба, мусака, свински гулаш, ќофтиња со сос. Сезонско овошје Десерт - колачи, раванлија, панакота Дневната комбинација од наведените јадења е по избор на хотелот.

    ВИЛА „ANA“ – НЕА ФЛОГИТА

    €80,00
    НЕА ФЛОГИТА, туристичко место,на западната страна од првиот крак Касандра во областа Халкидики. Се издвојува со нај долгата песочна плажа на Халкидики, бистрината на водата, авенијата на палмите, боровите, бујната вегетација, многубројните ресторани, продавници и детски забавни паркови. Сето ова ќе Ви ги исполнат деновите на Вашиот одмор незаборавни. На само 5-7 минути возење ве пресретнува нa градот Неа Мудања еден од најголемите градови во областа Халкидики.
    Вила Ана се наоѓа на само 50 метри од прекрасната песочна плажа.Вилата располага со четирикреветни и петокреветни апартмани. Секој апартмaн има по две простории, спална и комплетно опремена кујна со додатни лежаи, бања, клима (вклучена во цената), интернет и ТВ.