„Конак“ – Попова Шапка е модерен планински објект со традиционален изглед. Сместен на Шар Планина, во скијачкиот центар Попова Шапка на 1760 мнв. Поволната географска положба, релативно блиску до Тетово (18 километри) и 55 километри од Скопје, главниот град на Република Македонија, го прави достапен да го посетат голем број туристи и во летната и во зимската скијачка сезона. Особено задоволство ќе Ви пружи ентериерот на објектот, комбинација на дрво и камен со камин и отворен поглед на скијачките терени. На платото пред објектот се наоѓа голема тераса која има јужна ориентација и доста погодна за престој во текот на зимската сезона поради големиот број сончеви денови кои се главна одлика на скијачкиот центар Попова Шапка.
5 ПРИЧИНИ ЗОШТО ДА ГО ПОСЕТИТЕ „КОНАК“ - ПОПОВА ШАПКА
Најдобро оценето сместување на Попова Шапка
Лоцирано на самите скијачки терени
Идеално место за одмор, релаксација и рекреација
Одлична услуга, прекрасен амбиент, традиционална кујна
365 дена, тука за Вас
Хотел со извонредна локација непосредно до билетарата за ски карти и прекрасен поглед кон ски стазите во Попова Шапка, одличен ресторан, панорамска затворена тераса, ски остава.
Хотелот е одлично место кога барате ски падини, паркинг за гости, ресторан (одлична кујна - локални специјалитети и интернационална кујна), салон со камин, панорамска тераса, место за чување зимска опрема, конференциска сала, можност за организирање на catskiing
Хотел Арена се наоѓа на прва линија пред ски патеките, располага со вкупно 33 соби и апартмани и вкупен капацитет од 105 гости.
Сите соби се со сопствен балкон со прекрасен поглед кон ски центарот, ТВ, WIFI.
Нуди и голема тераса со поглед и капацитет од 150 гости, ресторан со камин, кафитерија и сопствен паркинг.
Од оваа година има и нов спа центар со голем базен, ѓакузи, турска бања, финска бања, топли клупи и лежалки со прекрасен поглед кон ски центарот.
Со надморска височина од 1100 метри, ресортот е сместен во источниот планински дел на Македонија, близу до градот Берово, веднаш над Беровското езеро и прекрасниот кањон на Малешевските планини.
Точно овој регион, често именуван како мала Швајцарија, се наоѓа еден од четирите воздушни коридори во светот, збогатен со огромно количество на кислород, претворајќи го ресортот во беспрекорно чиста воздушна бања.
Изграден од природни елементи, со употреба на вулкански камен и дрво, оплеменет со различни видови на растенија и дрва кои го претвораат ресортот во прекрасна ботаничка градина, збогатен со секојдневниот пој на птиците, припитомени во куќарките соецијално изработени за нив и потставени по боровите кои го опкружуваат комплексот, ресортот е вистинска хармонична бајка.
Со своите содржини како: world-class СПА центар, Ресторан што претставува уметничко ремек дело, пет ѕвездено сместување, прекрасни базени, беспрекорна услуга од светска класа и богати и интересни планински содржини, го прават овој луксузен сепак интимен комплекс Вашето совршено бегство од секојдневието…