Close
Понуди
    Filters
    Пребарување

    Малта Лето 2020

    Види како Табела Листа
    Подреди по
    Приказ по страна

    BELLA VISTA HOTEL 3* - Qawra

    €34,00
    Лоциран во заливот St.Paul, Бела Виста е на 10-минути пешачење од центарот на Qawra, а 15 минути од автобуската станица Бугибаба. Хотелот нуди затворен и отворен базен и тераса на покривот со џакузи. Пространите соби имаат балкон со поглед на селата или базен. Сите соби се со сателитска ТВ, купатило и вентилатор за ладење. Во ресторанот се служат медитерански јадења за појадок, ручек и вечера.

    DOLMEN HOTEL 4* - Бугиба

    €53,00
    Лоциран на морскиот брег на Заливот St.Paul, хотелот Долмен Малта нуди панорамски поглед кон морето, бесплатна приватна плажа и 6 базени. Спа центарот содржи топла када, сауна и фитнес центар. Бесплатно WiFi . Сите соби имаат минибар, сателитска ТВ и бесплатна вода. Повеќето од нив имаат балкон или тераса со поглед на морето. Појадокот е континентален и вклучува колачи, овошје и ладно месо. Комплексот располага со 4 ресторани кои служат мешавина од малтешка и медитеранска храна. Гостите можат да се релаксираат во еден од тематските барови, или да ја пробаат својата среќа во хотелското казино. Велосипеди, чамци и џет-скии можат да се изнајмат на рецепција, а има дури и училиште за нуркање.

    KENNEDY NOVA HOTEL 4* - Слиема

    €65,00
    Хотелот Кенеди Нова се наоѓа на шеталиштето во Гзира, на 10-минути пешачење од плажа и автобуската станица во Слиема . Кенеди Нова нуди бар, ресторан, сезонски снек бар на сончевата тераса. Тука може да уживате и восхитувате на погледот на пристаништето, марината и утврдувањата на Валета.

    RAMLA BAY RESORT 4* - Ramla Bay

    €48,00
    На најсеверниот дел на Малта, Рамла ресортот гледа на островите Комино и Гозо. Хотелот содржи приватна плажа, бујни градини, 3 отворени базени и 2 затворени базени. Сите соби се опремени со сателитска ТВ, клима уред и приватна бања со фен, бесплатно WiFi и балкон, повеќето со поглед кон морето.

    SANTANA HOTEL 4* - Бугиба

    €45,00
    Хотелот Сантана нуди панорамски поглед и базен на покривот со поглед на морето и заливот St. Paul. Морето и шеталиштето се оддалечени 150 m. Сите соби во Сантана имаат ТВ, клима уред и купатило. Повеќето соби имаат балкон. Хотелот Сантана има затворен базен со хидромасажни карактеристики, сауна и фитнес сала. Хотелот располага со ресторан, кафуле и бар на покривот со базен со панорамски поглед кон морето.

    TOPAZ HOTEL 3* - Бугиба

    €25,00
    Хотелот е лоциран во популарното приморско одморалиште Бугиба, на помалку од 10 минути пешачење од плажа. Хотелот нуди затворен и отворен базен. Собите се климатизирани и имаат ТВ и сопствена бања, а некои имаат и балкон, Ресторанот „Емералд“ е отворен во текот на целата година за појадок, ручек и вечера. Пицеријата Алтавила се отвора во вечерните часови, служејќи вкусни тестенини и пици.