Понуди
    Filters
    Пребарување

    Никити

    Види како Табела Листа
    Подреди по
    Приказ по страна

    „KOVIOU HOLIDAY VILLAGE” – „PARADISE

    €129,00
    Paradise studios (дел од хотелот Koviou Holiday Village) се наоѓа на само 250 м. од една од најубавите плажи на Ситониа, Koviou. Располага со 1/2, 1/3 и 1/4 ЕКО соби на приземје без кујна како и со 1/3 и 1/4 студиа и апартмани на приземје, прв и втор спрат со поглед на прекрасната градина во дворот, а дел имаат и страничен поглед кон морето. Истите имаат комплетно опремени кујни, сопствени тоалети, ТВ, клима уред (вклучена во цена) како и WiFi интернет. Пространиот двор од 5000м2 кој е богат со зеленило и хортикултурно уредување ќе го направат престојот на гостите пријатен и релаксирачки. На гостите во Paradise studios на располагање се сите содржини од хотелот Koviou Holiday Village како: користење на базенот, бесплатни лежалки и чадори на базен, бар на базен, отворено кино, вечерни забави, анимација на деца, како и WiFi интернет во сите простории на хотелот.

    ВИЛА „DIMITRA“ – НИКИТИ

    €69,00
    НИКИТИ туристичкото место на западната страна на вториот крак на Халкидики-Ситонија.Идеално место за туристи кои сакаат убава плажа,чисто море,долги прошетки покрај плажа со многу ресторани,сувенирници,детски забавни паркови и разновиден културно-забавен живот.Во непосредна близина се наоѓаат супермаркетите Лидл и Масутис.
    ВИЛА “DIMITRA” Е ИДЕАЛНА ЗА ОДМОР СО ПРОСТРАН ДВОР СО ТРЕВА,ЦВЕЌИЊА И ПАЛМИ,СКАРА НА ЖАР,ЛУЛАШКИ ЗА ДЕЦА.
    ВИЛА “DIMITRA” Е ОДДАЛЕЧЕНА НА 250 МЕТРИ ОД ПЛАЖА.
    ВИЛА “DIMITRA” РАСПОЛАГА СО ТРОКРЕВЕТНИ АПАРТМАНИ ВО КОИ ИМА МОЖНОСТ И ЗА ДОПОЛНИТЕЛЕН КРЕВЕТ.

    ВИЛА „FINIKAS LUX“ – НИКИТИ

    €100,00
    За уплатени два аранжмана 7+7 ноќевања одобруваме попуст од 10 % на вториот аранжман (не се комбинира со други попусти)
    Вила Finikas се наоѓа во мирниот дел на грaдчето Никити кое e познато по бројните таверни, ресторани барови, чистото море и убавата плажа. Вилата од плажа е одалечена само 90 метри. Располага со 3+1 апартмани со брачен кревет во спалната соба + 1 единечен кревет со фиока на извлекување во кујната и 1/4 мазонети со брачен кревет во главната просторија и 2 единечни кревети во галерија. Сите апартмани се со опремена кујна, сопствена бања, ТВ, клима уред (вклучен во цената).

    ХОТЕЛ „KOVIOU HOLIDAY VILLAGE”-

    €149,00
    Хотелот се наоѓа во срцето на Ситониа на 5км. од Никити и 13км. од Неос Мармарас на една од најубавите плажи на Халкидики, Koviou од која е одалечен 250м.
    Хотелот располага со 1/3, 1/3+1 и 1/4 комфорни соби. Собите се опремени со клима уред (вклучен во цената), сат. ТВ и сопствена бања. Хотелот има голем убаво уреден двор со многу зеленило и природни сенки. Во склоп на хотелот има базен, бар покрај базенот и отворено кино чие што користење е вклучено во цената. Користењето на лежалките на базен како и Wi-Fi интернет во ресторан, рецепција, собите и базенот се бесплатни.

    Никити

    Filter by:

    Clear All
    Min: €69,00 Max: €149,00
    69 149