Понуди
    Filters
    Пребарување

    Букурешт

    €95,00
    Букурешт на прв поглед можеби не изгледа како гламурозен или грандиозен Европски главен град со беспрекорно зачувана архитектура. Но, со причина се нарекувал „Малиот Париз“, скриен во градината на Карпатите, а во денешно време се повеќе може да се нарече „Мал Берлин“ со својот богат културен и ноќен живот. Главниот град на Романија е исполнет со мешавина од огромни историски градби, брутални комунистички блокови и модерни дизајни од 21от век.

    ОПИС НА ДЕСТИНАЦИЈАТА

    Букурешт на прв поглед можеби не изгледа како гламурозен или грандиозен Европски главен град со беспрекорно зачувана архитектура. Но, со причина се нарекувал „Малиот Париз“, скриен во градината на Карпатите, а во денешно време се повеќе може да се нарече „Мал Берлин“ со својот богат културен и ноќен живот. Главниот град на Романија е исполнет со мешавина од огромни историски градби, брутални комунистички блокови и модерни дизајни од 21от век. Овој град многу брзо го граби вниманието како конкурентен на сите популарни city break дестинации , претставувајќи се со својот чудесен спој на модерна Европа и егзотичниот Исток. Букурешт е слика на контрасти преточени во метропола со живописен карактер! Кога светот би бил една голема сцена,тогаш Букурешт има заслужено место под рефлекторот. Љубов, предавништво, освојување од Руски цареви, Француски ваудевил, Венецијански трговци, Грчка трагедија, 2 големи пожари – Букурешт доживеал се!
    Овој град е најдобар пример за нејасната врска меѓу Отоманската империја и Романската земја.Иако никогаш не бил Отомански град, дели многу од аспектите со градовите од таа области влијанието на империјата. Еден од тие аспекти била дивизијата Махалас. Махалас биле мали квартови во градот кои поттикнувале градење на религиозни згради во кои најчесто се населувала хомогена заедница на луѓе кои припаѓаат на иста етничка,социјална или религиозна група. Како што растел градот, овие квартови прераснувале во големи населби кои поднеле бран на модернизација и уништување во периодот на комунизмот.

    ПРОРАМА ЗА ПАТУВАЊЕ

    1.Ден / Скопје – Бугарија – Романија:

    Состанок на групата на договорено место во попладневните часови. Ноќно возење преку Бугарија и Романија со попатни паузи поради одмор и регулирање на граничните и царински формалности.

    2.Ден / Романија – БУКУРЕШТ:

    Пристигнување во Букурешт во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот со водич и запознавање со градот (Парламентот, Операта, Националната банка, стариот дел од градот…). После разгледот на градот, сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Дочек на Новата година во некој од градските клубови. Ноќевање.

    3.Ден / Букурешт – Парламент (факултативно):

    Појадок. Слободно време за индивидуални активности или можност за факултативна посета на Парламентот, најголема, најскапа и најтешка зграда во Европа, а втора по големи во светот после Пентагон. За нејзината градба биле ангажирани околу 700 архитекти, а изградена е во времето на Никола Чаучешко. По завршувањето на разгледот, следува слободно време за шопинг и ндивидуални активности. Во вечерните часови следува реприза на Нова година. Слободно време. Ноќевање.

    4.Ден / Букурешт – БРАШОВ – замокот на грофот Дракула (факултативно) :

    Појадок. Напуштање на хотелот. Продолжување на патувањето кон најголемиот град на Трансилванија – Брашов и факултативен разглед на еден од најголемите дворци во Источна Европа, замокот Бран (во придружба на водич), во кој во 1462 година бил затворен Влад Цапеш (гроф Дракула). Слободно време за индивидуални активности и разглед на градот. Во доцните попладневни часови тргнување за Скопје. Ноќњо возење кон Македонија преку Романија…

     5.Ден / Македонија – Скопје:

    Пристигнување до Скопје во претпладневните часови.

    ЦЕНИ И СМЕСТУВАЧКИ КАПАЦИТЕТИ

    СМЕСТУВАЊЕ

    ТИП НА СМЕСТУВАЊЕ

    30.12.—02.01.

    Hotel Eluzeu 3*

    1/3 СО ПОЈАДОК

    95

    1/2 СО ПОЈАДОК

    105

    Hotel Elizeu 3*

    Хотелот се наоѓа на 10 минути од центарот на градот. Собите се опремени со купатило, TV, клима, минибар. Хотелот е отворен во 2003 година.

    ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА

    • 2 Ноќевања со појадок во Хотел Elizeu Букурешт 3***
    • Автобуски превоз со високо туристички автобуси (АC/TV/DVD) на релацијата според програмата
    • Пратител на групата за времетраење на аранжманот
    • Организација на патувањето

    ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА

    • Задолжително меѓународно патничко и здравствено осигурување
    • Факултативни излети
    • Индивидуални трошоци. 

    Начин на пријавување:

    1. Пополнување на бесплатна on-line пријава на web страната
    2. Со доаѓање во агенција
    3. Со пополнување на пријава кај Balkan Fun соработникот

    Начин на плаќање:

    • Аконтација од 30%
    • Патникот остатокот од аранжманот го доплаќа во целост во агенција или на жиро сметка, најкасно 20 дена пред патувањето
    • Уплатите се вршат во денарска противвредност 1евро = 62 денари.

    Ознаки за производ