Close
Понуди
    Filters
    Пребарување

    Производот е означен со '2019'

    Види како Табела Листа
    Подреди по
    Приказ по страна

    Le Pacha Resort 4****

    €0,00
    Хотелот се наоѓа во самиот центар на Хургада ( Сакала ) каде има голем број на клубови, барови, ресторани, продавници и сл. и е на самиот брег на Црвено Море. Има приватна плажа и 187 соби распоредени во 2 згради, сите со клима, мини бар, ТВ, телефон..Располага со 3 ресторани, бар, кафе, здравствен центар, центар за гњурење, сала за билијард и дискотека.

    Long Beach Resort 4****

    €0,00
    Long Beach Resort http://hilton-long-beach-resort.hotelshurghada.com/en/ Long Beach Hotel e kомфорeн хотел, се наоѓа на својата песочна плажа, но поради големината на хотелot, некои делови се различно оддалечени од плажата. Лоциран е на 14 километри јужно од аеродромот и 30 километри од Хургада кон Сафаги. Хотелот има повеќе ресторани, Лотус - главен ресторан со поглед на базени, Ал Денте - италијански ресторан, Мараба - египетски ресторан, ресторан на плажа кој нуди морска храна, пет барови, дискотека, шопинг центар, 7 отворени базени, во три од нив преку зима ја загреваат водата, детско игралиште, детски клуб, пешкири, чадори и лежалки на плажа - бесплатно, центар за нуркање, спортови на вода, сала за билијард, мини голф, 4 тениски и 2 сквош терени, фитнес, сауна, SPA, jacuzzi, парно купатило, салон за убавина, анимација. Има 912 соби, сите имаат тераса или балкон со поглед на море или градина, клима, мини бар / фрижидер, телефон, сателитска ТВ, купатило, фен за коса. Постојат и соби за непушачи. Услугата е на услуга All Inclusive (ce вклучено) според правилата на хотелот, на база на шведски стол (самопослужување). Услуга: All Inclusive Early booking цените се валидни за резервации до 30.04 со 50% уплата

    Meraki Beach Resort 4****

    €0,00
    Овој новоотворен хотел се наоѓа на една од најубавите плажи на овој дел на Хургада. Хотелот има 270 соби, сите со купатило со туш,модерно обработени и опремени со сателитска ТВ, телефон, мини фрижидер, клима и т.н. Хотелот е наменет само за возрасни лица.

    Mercure Hurghada Hotel

    €0,00
    MERCURE HURGHADA HOTEL 4* се наоѓа на окулу 15км. од центарот на Хургада и зафака терен од окулу 40хектари, со своја сопствена, песочна плажа. Хотелскиот комплекс опфаќа Главна централна зграда со рецепција и малку сместувачки капацитети како и сместувачки објекти во форма на бунгалови и вили. Од содржини има базен, 3 ресторани, 4 барови, тениски терени… Сите стандардни соби се двокреветни со или без додатен кревет, климатизирани, опремени со САТ ТВ, Телефон, мини бар.

    Minamark Beach Resort 4****

    €0,00
    MinaMark Beach Resort е рај за семејства и парови. Локацијата на хотелот го прави идеален избор за сите кои сакаат да комбинираат релаксација со социјални и спортски активности за време на нивниот одмор. Се нтааоѓа во центарот на енергична Сакала област на Хургада па гостите во овој хотел се сигурни дека никогаш нема да им недостасуваат барови, ресторани и продавници. Со повеќе од 300 соби, вклучувајќи семејни соби и VIP апартмани, MinaMark Beach Resort има одличен избор на соби за да се обезбеди секој гостин да има релаксирачки и удобен престој. Сите соби се со климатизација и звучна изолација како стандард. Гостите можат да резервираат All Inclusive, полупансион, ноќевање со појадок или само-угостителски престој. Одморалиштето има еден главен ресторан, Percado, кој служи низа на интернационални кујни и вклучува појадок, ручек и вечера. Исто така постои и базенски бар и бар на плажа како и снек бар од страна на базен. Хотелот, исто така, може да се пофали со свој приватен дел на плажата до која гостите можат да пристапат со минување низ бујна, тропска градини. За оние кои претпочитаат базени, хотелот нуди и избор на три отворени базени со чадори за сонце и лежалки, така што гостите можат навистина да се релаксираат и да уживаат . Хотелот располага и со сауна, спа, велнес центар, туш Vichy и турски бањи. Третмани за убавина, третмани за тело и масажи се исто така достапни за мала надокнада. Ако патувате со семејството, хотелот, исто така, нуди услуга за чување на деца и детски клуб, како и игралиште и дневна соба за да го одржат семејството среќно.

    Movenpick Soma Bay 5*****

    €449,00
    Локација Новоизграден, луксузен хотелски комплекс кој се прфостира на површина од 15ха, отворен во април 2013год. во заливот Со0ма Беј, познат по прекрасните, песочни плажи.Лоциран е веднаѓ покрај море и е опкружен со голем број на базени. Растојанието до аеродром е 45км. а до центар на градот 55км. Соби Има 400соби и 27 свити, сите модерно и современо опремени ( купатило со фен, САТ ТВ, телефон, мини бар, клима уред, сеф…) Содржини Хотелот има главен ресторан во кој се послужува доручек, ручек и вечера, А Ла Карт М едитерански ресторан, неколку снек барови ( во лоби, покрај базен, на плажа )во кои се служи храна во текот на целиот ден, интернет центар, менувачница, салон за убавина, сервис за перење и пеглање, и.т.н.)

    2019