Понуди
    Filters
    Пребарување

    Излети

    Види како Табела Листа
    Подреди по
    Приказ по страна

    Венеција

    €20,00
    *превоз + повратна карта за брод (Punta Sabioni- Venezia – Punta sabioni)
    Прошетка и разглед низ Венеција: Дуждевата Палата, плоштадот и базиликата San Marco, Венецијанските столбови, каналот Grande, мостот Rialto, Santa Maria della Salute, мостот на воздишките... Слободно време за индивидуални прошетки.

    Барселона панорамика

    €20,00
    * разглед на градот со водич, превоз
    Ремек делата на Антони Гауди се неизбежни во обиколка на Барселона… Неговото најголемо ремек дело е црквата Sagrada Familia а на најелегантната авенија Passeig de Gracia ќе ги видите неговите куќи како од бајка, Casa Batllo и Casa Mila. Нема да ве остават рамнодушни ни плоштадите Каталуња и Еспања, Националната палата, арените за корида… А за крај прошетка по најшарената улица на светот- Ла Рамбла, улица која ќе посакате да нема крај…

    Аквариум

    €20,00
    *превоз + влезница
    Во огромните аквариуми живеат 11.000 животни од 450 различни видови, кои пливаат во 6 милиони литри вода, а движејќи се низ подводен тунел долг 80 метри ќе може да ги запознаете и истражите сите. Чуството да се биде толку близу до водениот свет што живее во водите на медитеранот е уникатно и незаборавно. Аквариумот на Барселона е најголемиот аквариум во Европа, посетен од над 14 милиони посетители до сега.

    Верона

    €0,00
    *Превоз, разглед на градот
    Верона насекаде низ светот е асоцијација за љубов. Сагата за Шекспировите Ромео и Јулија оставила траен печат на овој град. Сепак, Верона има многу повеќе да понуди од само љубовен мит. Верона е непретенциозна, ведра, релаксирана, едноставно – пријатно изненадување. Токму во овој северно-италијански град се наоѓа втората по големина арена во Италија, после Колосеумот во Рим. Арената во Верона е импозантно здание, во кое некогаш се одржувале гладијаторски борби, а денес е седиште на најголемите спектакли. Арената е лоцирана на еден од најпознатите плоштади во градот, Piazza Bra, простран плоштад преполн со барови и ресторани. Пешачка уличка Via Mazzini е срцето на градот и негов најелегантен дел. Таа ве води од последното “крило” на градските ѕидини до Piazza Erbe. Овој живописен плоштад истовремено е центар на значајни градби и скулптури, но и популарен градски пазар. Околу тезгите со разнобојни овошја и сувенири се наоѓаат многу познати скулптури, фонтани и зданија: Мадона Верона, Кулата Ламберти, прекрасната барокна палата Palazzo Maffei… Куќата на Јулија е најголемата туристичка атракција во Верона. Според некои историчари, куќата навистина припаѓала на фамилијата Капулети и датира од XIII век. Легендата вели дека за плодност треба да ја допрете десната града на статуата на Јулија, а за верност нејзината рака… Препорачуваме прошетка покрај реката Адиџе и поглед на градот од најубавиот мост, Понте Скалиџеро. Паузата за ручек искористете ја за порција паста на Ербе и потоа капучино на Бра, со поглед на Арената. Уживајте!

    Фламенко

    €25,00
    * влезница + 1Шампањ и неограничено сангрија
    Шпанска вечер со традиционалниот шпански танц Фламенко кој го изведуваат екипа на врвни танчерки и танчери. Шоуто е поделено во неколку дела, каде ќе уживате во феноменалниот глас на тенорот Сам, и специјалната изведба на светскиот рекордер во нај брз фламенко танц Хосе Леон. Вкусот на сангријата (кој можете да го конзумирате во неограничени количини) ќе го збогати уживањето во традиционалните танци и шпанската гитара… и на крајот сме сигурни дека некој од вас ќе го поведе ритамот и ќе заигра.

    Кан

    €10,00
    *превоз, разглед на градот со водич
    Посета на брдото Сиќе со панорамски поглед на градот, стариот град , монденската улица La Croisette, Филмската Палата, престижните хотели, плажата… Разглед на прекрасното градче со вистински француско – провансалски шмек.

    CAMP NOU

    €23,00
    * влезница
    Стадионот Камп ноу со капацитет од 99.354 седишта, го прави најголемиот стадион во Европа и дванаесеттиот по големина во светот. Доживејте ја магијата на најубавиот стадион на светот, каде ќе имате можнот да го посетите музејскиот дел со сите трофеи освоени од FC BARCELONA, трибините, сликајте се со најпознатите фудбалски ѕвезди, купете сувенир и испишете го своето име на дрес…

    Витешки борби

    €35,00
    *Превоз + влезница
    Во средновековниот замок во Тордера Ви приредуваат навистина интересна програма во средновековен стил, каде што можете да видите на кој начин се бореле витезите. Со самото влегување во замокот ќе бидете пречекани од “Грофот и Грофицата од Валтордера” кои на влезот ќе Ви посакаат добредојде, а нивните слуги ќе Ве испратат до главните сали. По вечерата се оди кон салата за танцување каде можете да се забавувате танцувајќи на разни ритми (танго, валцер,ча-ча-ча….и.т.н.) Некаде околу полноќ следува програма на шпански национални игри и танци.

    ФИГУЕРАС - МУЗЕЈ НА ДАЛИ + ЕМПУРИА БРАВА

    €30,00
    *превоз + влезница за музејот на Дали
    Посета на родниот град на Салвадор Дали и неговиот музеј отворен во 1974 година. Дали Театар - музеј е изграден врз остатоците од поранешниот Figueres театар. Тој содржи најширока палета на дела кои ѓи опфаќа уметничката кариера на Салвадор Дали (1904-1989), од неговите најрани уметнички искуства и неговите надреалистички креации се до делата на последните години од неговиот живот. Музејот на Дали нуди уникатно искуство да бидете во можност да ги почуствувате делата и да уживате во работата и мислите на еден гениј. Empuriabrava (или по позната како Шпанска Венеција) е едно од најголемите пристаништа во земјата. Лоцирана е на брегот на Гирона (Каталонија, Шпанија) Empuriabrava првично била изградена на мочуриште, а потоа била претворена во туристичка атракција. Идејата е уште од 1964 година, а се реализирала 1975 година. Во градот има повеќе од 30 километри канали каде денес свои луксузни летни вили имаат врвни спортисти, пеачи, луѓе од уметноста... Сезонски преку лето Empuriabrava брои население од околу 80.000 жители. Вистинско доживување е можноста да изнајмите глисер, кој ќе го управувате сами по каналите, а тоа е супер – забавно искуство за целото друштво.

    Излети

    Filter by:

    Clear All
    Min: €0,00 Max: €65,00
    0 65