Close
Понуди
    Filters
    Пребарување

    Лето Шпанија 2018

    Шпанијa хотели за лето 2018.

    Види како Табела Листа
    Подреди по
    Приказ по страна

    CAMP NOU

    €27,00
    * влезница
    Стадионот Камп ноу со капацитет од 99.354 седишта, го прави најголемиот стадион во Европа и дванаесеттиот по големина во светот. Доживејте ја магијата на најубавиот стадион на светот, каде ќе имате можнот да го посетите музејскиот дел со сите трофеи освоени од FC BARCELONA, трибините, сликајте се со најпознатите фудбалски ѕвезди, купете сувенир и испишете го своето име на дрес…

    HOTEL SUN BEACH 3*

    €363,00

    Витешки борби

    €35,00
    *Превоз + влезница
    Во средновековниот замок во Тордера Ви приредуваат навистина интересна програма во средновековен стил, каде што можете да видите на кој начин се бореле витезите. Со самото влегување во замокот ќе бидете пречекани од “Грофот и Грофицата од Валтордера” кои на влезот ќе Ви посакаат добредојде, а нивните слуги ќе Ве испратат до главните сали. По вечерата се оди кон салата за танцување каде можете да се забавувате танцувајќи на разни ритми (танго, валцер,ча-ча-ча….и.т.н.) Некаде околу полноќ следува програма на шпански национални игри и танци.

    HOTEL SELVA MAR 4*

    €410,00

    ФИГУЕРАС - МУЗЕЈ НА ДАЛИ + ЕМПУРИА БРАВА

    €30,00
    *превоз + влезница за музејот на Дали
    Посета на родниот град на Салвадор Дали и неговиот музеј отворен во 1974 година. Дали Театар - музеј е изграден врз остатоците од поранешниот Figueres театар. Тој содржи најширока палета на дела кои ѓи опфаќа уметничката кариера на Салвадор Дали (1904-1989), од неговите најрани уметнички искуства и неговите надреалистички креации се до делата на последните години од неговиот живот. Музејот на Дали нуди уникатно искуство да бидете во можност да ги почуствувате делата и да уживате во работата и мислите на еден гениј. Empuriabrava (или по позната како Шпанска Венеција) е едно од најголемите пристаништа во земјата. Лоцирана е на брегот на Гирона (Каталонија, Шпанија) Empuriabrava првично била изградена на мочуриште, а потоа била претворена во туристичка атракција. Идејата е уште од 1964 година, а се реализирала 1975 година. Во градот има повеќе од 30 километри канали каде денес свои луксузни летни вили имаат врвни спортисти, пеачи, луѓе од уметноста... Сезонски преку лето Empuriabrava брои население од околу 80.000 жители. Вистинско доживување е можноста да изнајмите глисер, кој ќе го управувате сами по каналите, а тоа е супер – забавно искуство за целото друштво.

    FORTUNA 3*

    €349,00
    Во автобускиот аранжман, предвидено е сместување според фортуна програмата: Сместување според однапред определена категорија на хотел. Имињата на хотелите се определуваат од страна на шпанската агенција пред поаѓањето и за истите организаторот нема влијаније. Организаторот ја гарантира категоризацијата на хотелот во рамките на овој програм. Послужувањето на храната во сите хотели е на база на шветска маса.

    PORT AVENTURA

    €68,00

    БАРСЕЛОНА ШОПИНГ + МАГИЧНИ ФОНТАНИ

    €15,00
    *превоз до Барселона, посета на магичните фонтани
    Барселона нуди вистинска можност за шопинг особено во период од (01.07 – 31.09) кога се големите попусти и распродажби кои одат до неверојатни намалувања на цените до 70 – 80 % Првиот настап на магичната фонтана била на 29 Мај 1929 за време на втората светска изложба. Магичната фонтана е спектакуларен приказ на бои, светлина, движење, музика и акробатика со вода – ако ги измешате сите овие елементи заедно во една целост ќе добиете чиста магија! Магичната фонтана е нешто што мора да се види и доживее.

    ДИСКО ЛОРЕТ ДЕ МАР

    €15,00
    Вип клуб картичка за 7 вечери во дискотека во Лорет де мар, секоја вечер со различна програма