Close
Понуди
    Filters
    Пребарување

    Виена - 2НП - Денот на вљубените

    €119,00
    ВИЕНА – Престолнина на една од најзначајните европски империи, царски град и место на вкрстување на разни култури и влијанија, една од најстарите метрополи во срцето на Европа, денес главен град на Австрија. Со своето културно и архитектонско наследство, со својот шарм и раскош привлекува милиони туристи од целиот свет. Град зачнат во првиот век како Римско утврдување... а денес град во кој се патува низ времето, град кој е жива слика на раскошниот империјален барок. .. доволно е да ги спомнеме дворците Хофбург и Шенбрун, палатата Белведере, катедралата Св. Стефан, Карловата црква, операта, театарот... Виена го носи и епитетот Музичка престолнина, во која живееле и твореле композиторите – Моцарт, Бетовен, Штраус..

    Tермин:14 Февруари

    1 ден  14.02.2018 Скопје – Виена

    Состанок со групата на паркингот пред спортски центар „Борис Трајковски“ во 15.30 ч. и поаѓање за Виена во 16:00ч. Ноќно патување преку Србија и Унгарија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.

    2 ден 15.02.2018 Виена

    Пристигнување во претпладневните часови во Виена. Предлагаме панорамски разглед на градот со локален водич (факултативно): плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург.... Слободно време за индивидуални прошетки. Сместување во хотел. Ноќевање.

    3 ден 16.02.2018 Шенбрун – Дунавска Кула

    Појадок. После појадокот трансфер со автобус до дворецот „Шенбрун“ (факултативна посета) со локален водич – (дворецот Шенбрун е познатата летна Хабзбуршка резиденција, кој е изграден 1.700 г. Палатата и паркот кои го опкружуваат говорат за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Фрањо  Јосиф) или слободно време за индивидуална прошетка низ Виена. Подоцна факултативна посета на Дунавската Кула (со 252м. претставува највисоката градба во Австрија од каде се пружа прекрасен поглед -  360о на градот).Во попладневните часови враќање во хотел. Вечерта можност за посета на традиционален австриски ресторан Грицлинг или посета на некоја од локалните пивници (индивидуално). Ноќевање.

    4 ден 17.02.2018  Виенски шуми – шопинг центар Parndorf

    Појадок. После појадокот напуштање на хотелот иможност за факултативна посета на Виенски Шуми (полудневен разглед). Се посетува Сегроте, некогашниот рудник каде била фабриката за авиони на Хитлер и најголемото подземно езеро во Европа. Потоа прошетката продолжува кон манастирот Хајлигенкројц и прошетка низ живописниот град Баден, во подножјето на виенските шуми и царските бањи.По завршување на разгледот, се упатуваме кон еден од најголемите аутлет шопинг центри Designer Outlet Parndorf. Во вечерните часови, поаѓање кон Скопје со попатни паузи за одмор и царински формалности.

    5 ден  18.02.2018 Скопје

    Пристигнување во Скопје во пладневните часови.

    ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 199€ / 7.380 ден

     Во цената на аранжманот е вклучено:

    • Превоз со високотуристички автобус
    • Сместување во хотел во Виена со 3* на база на 2 НП (нокевање/појадок)
    • Професионален туристички придружник
    • Организација и реализација на програмата

     Во цената на аранжманот не е вклучено:

    • Разглед на Виена со локален водич – 10€
    • Влезница за дворецот Шенбрун (превоз + влезница + локален водич) – 30
    • Факултативна посета на  традиционален австриски ресторан Грицлинг – 30€ - мин. 30 лица за реализација
    • Факултативна посета на Виенски шуми со локален водич - 25€ - мин. 25 лица за реализација
    • Дунавска Кула (превоз + влезница) – 15€
    • Патничко осигурување – 160 ден

    НАПОМЕНИ

    • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
    • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
    • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
    • Останатите услови на патување важат според годишниот програм на НЕХАР ТРАВЕЛ
    • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
    • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди  време и место на поаѓање.

    НЕХАР ТРАВЕЛ ул.Мито Хаџивасилев Јасмин бр. 52б, Скопје Teл: 02/3 13 10 45  Моб: 071 380724

    e-mail: info@nehartravel.com.mk    web:www.nehartravel.com.mk