Close
Понуди
    Filters
    Пребарување

    VILA JULIANOS - IPSOS

    €129,00
    Крф e втор по големина од седумте поголеми Јонски Острови, а воедно и еден од најубавите грчки острови. Крф лежи во Јонско Море, кое е дел од Средоземно Море, а северно се спојува со Јадранско Море. Со таа положба си обезбедува место како најсеверен значаен остров во Грција. Островот Крф со околните острови и гребени чинат посебна општина, која припаѓа на истоимениот округ Крф. Крф се наоѓа на крајниот северозапад на Грција во Јонско Море, 2 km северно од Крф се наоѓа албанскиот брег. Крф е многу поблиску до нејзиниот брег отколку до брегот на Епир (околу 15 km). Јужно од Крф се наоѓаат Пакси и Антипакси (околу 15 km). Зафаќа површина од 614 km2 и население од 102.000. Главен град е Крф, 40.000 жители. РезервирајЛЕТО НА КРФ 2018 – CORFU SAGA vol.5 Крф, мистично привлечен, спакуван во историски приказни, обоен од влијанија на најразлични цивилизации, кој фасцинира со природна убавина и освојува со искуства вредни за сечие сеќавање. Не случајно една од најпопуларните туристички дестинации за летување, островот Крф, втор по големина во Јонското Море e познат како зелениот бисер на Медитеранот. Можеме до бескрај да ги опишуваме плажите кои ги има на број и по вкус за секого, кристално чистата вода која е во состав на секој отсликан пејзаж, богатиот ноќен живот, традиционалниот вкус на медитеранската клима и на локалните пијалаци како пиво од ѓумбир и ликерот kumquat. Но, поважно е да дознаете зошто за вас, Крф ќе биде идеалниот спој на одмор и забава правејќи го ова лето авантура што не смеете да ја пропуштите.

    Вила ЈУЛИАНОС

    Релативно новоградба лоцирана во помирен дел на Ипсос – Крф, на 600м од плажата.

    Вила Јулианос располага со:

    lСтудија за 2 лица

    lАпартман за 4 лица дуплекс (со посебни спални)

    Сите се опремени со сопствена физички одделена кујна и комплетно опремена (голем шпорет со рерна, тостер, голем фрижидер, чаши, филџани, лажици, вилушки, ножеви, ѓезве, тенџере) тоалет, балкон, wi-fi и клима (која не е вклучена во цената и се доплаќа кај самиот сопственик на вилата, 6 евра на ден)

    Термин

    Редовна цена 

     Попуст до 28.02

    01.06 – 08.06.2019

    119 eвра

    РАСПРОДАДЕНО

    08.06 – 15.06.2019

    119 евра

    РАСПРОДАДЕНО

    15.06 – 22.06.2019

    119 евра

    РАСПРОДАДЕНО

    22.06 – 29.06.2019

    139 евра

    118 евра

    29.06 – 06.07.2019

    159 евра

    135 евра

    06.07 – 13.07.2019

    169 евра

    143 евра

    13.07 – 20.07.2019

    209 евра

    175 евра

    20.07 – 27.07.2019

    209 евра

    175 евра

    27.07 – 03.08.2019

    209 евра

    175 евра

    03.08 – 10.08.2019

    209 евра

    175 евра

    10.08 – 17.08.2019

    209 евра

    175 евра

    17.08 – 24.08.2019

    209 евра

    175 евра

    24.08– 31.08.2019

    209 евра

    175 евра

    31.08 – 07.09.2019

    139 евра

    119 евра

    07.09 – 14.09.2019

    119 евра

    89 евра ПРОМО

    14.09 – 21.09.2019

    119 евра

    79 евра ПРОМО

    21.09 – 28.09.2019

    119 евра

    69 евра ПРОМО

    АРАНЖМАНОТ ЛЕТО НА КРФ ВКЛУЧУВА:

    l7 ноќевања, 8 дена на Крф/Ипсос

    lАвтобуски превоз Скопје – Крф – Скопје

    lТраект/брод Игуменица – Крф – Игуменица

    lПридружник за време на патувањето и во текот на 8 дена на Крф, организиран престој и дополнителни бенефиции

    АРАНЖМАНОТ ЛЕТО НА КРФ НЕ ВКЛУЧУВА:

    lПатничко и здравствено осигурување 250ден.

    lЗадолжителна туристичка такса за Грција која се наплаќа од 01.01.2018. година (дневно по соба:приватно сместување – 0,5 евра, се плаќа на лице место)

    lОрганизиран излет со превоз на плажата Глифада – 15 евра

    lПревоз и прошетка до градот Крф – 10 евра

    lЕднодневен излет со брод (крстарење по североисточниот брег со вклучен ручек и пијалак) и посета на неколку плажи – 25 евра во јуни и септември, 30 евра во јули и август

    lЕднодневен излет до Палеокастрица и Сидари ( посета на повеќе плажи, туристички атракции и beach барови) – 25 евра

    lПосета на Акваленд со вклучена влезница и превоз – 25 евра во јуни и септември, 30 евра во јули и август

    lЕднодневен излет со брод (крстарење низ неколку мали острови, посета на плажата Blue Lagoon и посета на градчето Сивота) – 30 евра

    lЕднодневен излет со брод (крстарење по југоисточната обала и посета на прекрасните острови Паксос и Антипаксос и посета на сините пештери) – 25 евра во јуни и септември, 30 евра во јули и август

    НАПОМЕНА:

    lЗа сингл соба се доплаќа плус 70% од редовната цена

    lЗа споен термин, се плаќа редовата цена за првиот термин, а се одземаат 20 евра по лице за превозот од редовната цена на вториот термин (за цените со попуст нема намалување за споен термин)

    lТермините во  табелата се ден на почнување на аранжманот

    lСедиштата се нумерирани

    lЗа сопствен превоз се одземаат 20 евра од цената на понудата, а патниците сами го организираат патот со траектот до и од Крф (за цените со попуст нема намалувавање за сопствен превоз)

    lТрето лице на дополнителен кревет плаќа 70% од цената (за цените со попуст нема намалување)

    lКористење само на превоз со вклучена траект карта е 70 евра

    lЗа дете до 2 год. бесплатно, не користи кревет и седиште во автобус

    lЗа дете од 2 до 11.99 год. на дополнителен кревет се плаќа 50% од цената

    ГЛИФАДА

    Долга, песочна и организирана плажа што ќе ве освои ова лето со својата природна убавина како и преубавиот поглед кој завршува во недоглед, таму некаде на последната линија од хоризонтот. Плажа за сечиј вкус каде што секој ќе може да ужива во преубавите кафулиња, таверни, водени спортови како и во помирниот дел кој што е наменет за апсолутна релаксација.

    ОСТРОВСКА ТУРА

    Aко природниот рај има име тогаш на Крф тоа име е Палеокастрица, место богато со историја, богато со природна убавина и преубави плажи. Ладната и бистра вода се карактеристични за Палеокастрица која е најпопуларна меѓу нуркачите и истражувачите на морскиот свет.

    Сидари пак е познато по легендарниот канал на љубовта, местото каде природата создала свои траги што ќе се најдат во сечиј фотоапарат. Фантастичните геолошки формации создадени од морето и сонцето ќе ве остават без здив.

    ГРАДОТ КРФ

    Крф е познат по специфичната архитектура, што е најзабележливо гледајќи го Листон – колонада преполна со кафулиња што се протега по самиот раб на Спинадата (плоштадот), парк со терен за крикет, неколку павиљони како и градското собрание. Неодамна реновираната палата на св. Михаил и Ѓорѓи која била дом на Британскиот гувернер, седиштето на Јонскиот сенат, како и родното место на Војводата од Единбург. Повеќе пати освојуван од разни култури, најмногу европски. Затоа може да кажеме дека овој прекрасен град пред се има шмек на Лондон, Париз и Венеција.

    КРСТАРЕЊЕ

    Излет со брод со вклучен ручек, целодневно шармантно и релаксирано крстарење по североисточниот брег на Крф. Отпловувајќи од Ипсос, денот започнува со забавна музика, уживање во природата и посетување на многу интересни и преубави места: пештера стара 200 години, рибарско гратче Касиопи со 300 години стара тврдина, плажата Лумнопула која во превод значи мало езеро и која има прекрасна зеленкасто тиркизна боја како и попатни интересни информации за островот. Убава можност да се види природната граница на Јонското и Јадранското море која впечатливо е отцртана со зеленкаста боја, плажите на Албанија како и по некој делфин подготвен за фотографирање.

    АКВА ПАРК

    Аква паркот на Крф е една од нај посетените туристички атракции како и меѓу најдобрите водни паркови во Европа. Покрај многубројните базени, тобогани, ресторани, терени, мрзливата река и други атракции овој аква парк располага и со тобоган кој има 50 метри слободен пад, рај за жедните за адреналин.

    BLUE LAGOON И СИВОТА

    Излет со брод со вклучен ручек, целодневно и релаксирано крстарење. Крстарење околу малото пристаниште во селото Сивота и можност за посета на големиот број продавници. Посета на blue lagoon (сината лагуна) со јасно кристална вода, каде е снимен истоимениот филм. Посета на историската морска пештера Papanikolis.
    Бавно крстарење околу многу мали живописни островчиња и убава можност за разладување во преубавата тиркизна вода.

    ПАКСОС, АНТИПАКСОС И СИНИТЕ ПЕШТЕРИ

    Овој брод за крстарење ќе ве однесе до прекрасните острови Паксос и Антипаксос, два острова кои изобилуваат со бујно зеленило и егзотична вода. Отпловување од пристаништето на Крф каде што се пружа единствен поглед на стариот град со венецијанска архитектура и двете тврдини. Се плови кон јужниот дел на островот при што се приоѓа на зелениот остров на Паксос, покриен со маслинови и зимзелени дрва. Посета на Сините Пештери на Паксос. Бродот влегува во овие пештери и може да се направат прекрасни фотографии. По Сините Пештери, се продолжува кон малиот остров Антипаксос. Прекрасна можност за пливање, уживање во песочните плажи на Антипаксос и релаксирање под топлото сонце.

    По Антипаксос, се упатуваме кон главниот остров Паксос. Влегуваме во пристаништето на Gaios (Гаиос) каде се минува низ островите Panagia (Богородица) и Agios Nikolaos (Свети Никола). Прекрасна можност за прошетка низ прекрасните тесни улички како и ручек во еден од традиционалните таверни со поглед на море.

    *** За сите излети организирниот превоз ќе чека кај игралиштето, кое се наоѓа на 50 тина метри од вилата.

    Напишете сопствен осврт
    • Само регистрирани корисници можат да пишуваат коментари
    • Лош
    • Одлично

    Ознаки за производ