Термин 22-24 Октомври 2026
22.10.2026 СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА
Состанок на групата на еародромот во Скопје во 15.00 часот. Полетување за Барселона во 18.00ч. и пристигнување во 20.50 часот. Организиран трансфер до хотел. Сместување. Ноќевање.
23.10.2026 БАРСЕЛОНА ПАНОРАМИКА + – ПАРК ГУЕЛ
Појадок.. Препорачуваме организиран панорамски разглед на градот: Ремек делата на Антони Гауди се неизбежни во обиколка на Барселона, на најелегантната авенија Passeig de Gracia ќе ги видите неговите куќи како од бајка, Casa Batllo и Casa Mila. Неговото најголемо ремек дело e црквата Sagrada Familia (индивидуални влезници). Нема да ве остават рамнодушни ни плоштадите Каталуња и Еспања, Магичните фонтани, Националната палата, арените за корида… Слободно време за ручек и индивидуални прошетки. Можност да се искачите на брдото Монжуик со фуникулар и да уживате во прекрасната панорама на градот или да прошетате по по најшарената улица на светот Ла Рамбла, улица која ќе посакате да нема крај... Барселона нуди вистинска можност за истражување и уживање во нејзините убавини, музеи, шпанската кујна, шопинг...
По разгледот, препорачуваме посета на импресивниот парк Гуел, во кој генијалниот Гауди ја реализирал идејата за единството на природата и уметноста.... Парк Гуел е еден од најпознатите симболи на Барселона кој привлекува со својата шарена керамика и луда архитектура. Сместен во Ла Салут, на падините на планините Колсерола, претставува единствена мешавина од природата и урбанизмот.
Еузеби Гуел е богат каталонски индустријалец, кој во историјата ќе биде познат како човек кој ја финансирал оваа голема идеа на Гауди, дело на кое и денес се восхитуваме. Слободно време за индивидуални активности и прошетки низ центарот на Барселона. Ноќевање.
24.10.2026 БАРСЕЛОНА - Poble Espanyol (Шпанско село) - СКОПЈЕ
Појадок. по појадокот одјавување од хотелот, багажот го оставаме во посебна просторија. Препорачуваме посета на Шпанското село, една од големите атракции во Барселона изградени за Светската изложба во 1929 год. Иако било планирано селото да се сруши по завршување на изложбата, заради неочекувано големиот интерес тоа не е сторено.
Денес Poble Espanyol е своевиден музеј на архитектурата и културата на Шпанија, со 117 градби, плоштади, улици, продавници... типични за 15 различни области во Шпанија. Во составот на селото се наоѓа и театар, музеј на современа уметност, уметнички работилници и ресторани со специјалитети кои потекнуваат од различни региони на Шпанија.
или,
слободен ден за индивидуало истражување на Олимписката убавица
Состанок на групата во договорено време. Организиран трансфер до аеродромот. Полетување во 21.35 часот и пристигнување во 00.20 часот.
ЦЕНА ЗА РАНА РЕЗЕРВАЦИЈА ДО 31.05.2026: 429 евра / 26.600 денари
Редовна цена на аранжманот: 529 € / 32.800 ден
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
Авионски превоз на релација Скопје - Барселона - Скопје
Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром
Сместување во хотел Hotel Best Autohogar 3*, во центарот на Барселона, на база 2 ноќевања со појадок
Рачен багаж (1 торба до 10 кг. со димензии 40х30х20см)
Организација на аранжманот и придружник на патувањето
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
- Разглед на Барселона со водич и превоз (30€)
- Побле Еспањол (30€)
- Парк Гуел со вклучена влезница(40€)
ПАКЕТ ИЗЛЕТИ (90€)
- Цената на излетите е важечка за мин. 20 лица (патниците треба да се изјаснат и да ги уплатат излетите при улата на аранжманот)
- Задолжително патничко осигурување 300 ден (за лица до 60 години)
- Чекиран багаж до 10кг. - 30€
- Туристичка такса 30 евра по лице за три ноќевања
- Влезници за музеи и локалитети
- Доплата за еднокреветна соба 8.100 ден
НАПОМЕНИ:
- За реализација на ова патување, потребен е минимум од 20 патници.
- Организаторот на патувањето не гарантира тип на лежај.( Двокреветна соба може да биде со брачен лежај или со два единечни лежаи, Трокреветна соба може да биде со три класични лежаи, брачен лежај и единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и дополнителен лежај ( ранч кревет или софа), четворокреветна соба може да биде со четири класични лежаи, брачен лежај и 2 единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и 2 дополнителнителни лежаи ( ранч кревет или софа).
- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
- За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
- Задолжителна уплата при резервација 30% од вредноста на аранжманот, инос кој е неповратен во случај на отказ на патникот.
- Останатите услови на патување важат според годишниот програм на НЕХАР ТРАВЕЛ
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
- Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и место на поаѓање.
НЕХАР ТРАВЕЛ ул.Даме Груев бр.18, Скопје, Скопје Teл: 02/3 13 10 45 Моб: 071 380724
e-mail: info@nehartravel.com.mk web:www.nehartravel.com.mk