Термин: 05 Април
1 ден 05.04.2018 СКОПЈЕ:
Состанок на групата во 13.30 ч на паркингот сптоти спортски центар Борис Трајковски . Поаѓање во 14.00ч. Се патува преку грaничниот премин Табановце, Србија, Хрватска, Словенија. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.
2 ден 06.04.2018 ТРСТ- ВЕНЕЦИЈА - ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО:
Пристигнување во Трст во претпладневните часови. Поаѓање за Лидо ди Јесоло во попладневните часови.Заминување за Венеција. Превоз со брод од пристаништето Пунта Сабиони до Венеција. Прошетка низ Заспаната убавица од средниот век. плоштадот и црквата Сан Марко, мостот Риалто, мостот на воздишките, Дуждевата палата, каналот Гранде... Слободно време за индивидуални прошетки. Убаво е да се искачите на кулата звоник од каде има прекрасен поглед на цела Венеција и секако возете се со гондола низ каналите на Венеција, посетете ја Дуждевата палата и црквата Св.Марко. Сместување во хотел. Ноќевање.
3 ден 07.04.2018 ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО - ФИРЕНЦА:
Појадок. По појадокот предлагаме целодневен излет до Фиренца. Фиренца, лоцирана во срцето на Тоскана на реката Арно, својот подем го доживува за време на моќната Фамилија МЕДИЧИ кои владееле од XIV- XVII век, кои се познати како големи мецени на уметноста и културата, потикнувачи на ренесансниот период. Разглед на градот со локален водич: Палатата Векио, Катедралата Дел Фиори, Крстилницата Сан Џовани, Плоштадот Сињори, Галеријата УФИЦИ, Мостот ПОНТЕ ВЕКИО, Црквата Санта Кроче, Палатата Пити... Во вечерните часови враќање во Лидо. Ноќевање.
4 ден 08.04.2018 ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО - СИРМИОНЕ – ВЕРОНА :
Појадок . Напуштање на собите. Ве водиме до Сирмионе-езеро Гарда, познат по своите термални извори и прекрасна средновековна архитектура а потоа посета на Верона. Прошетка низ плоштадите Бра, Ербе и Данте, Арената, куќата на Јулија.Слободно време за прошетка по пешачката улица Мазини, и можност за шопинг. Не пропуштајте добра Италијанска пица на плоштадот Бра. Во договор со водичот поаѓање кон Скопје. Ноќно возење со попатни паузиза одмор и царински формалности.
5 ден 09.04.2018 СКОПЈЕ:
Пристигнување во Скопје во попладневните часови .
ЦЕНА ЗА УПЛАТА ДО 01.03.2018: 129€ / 8.000 ден.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 139€/ 8.620 ден.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
- 2 ноќевања со појадок во Лидо ди Јесоло, хотел 3*, Hotel Moderno 3* http://bit.ly/2IDFdOi
- Посета на Трст
- Организација на аранжманот
- Лиценциран туристички придружник на патувањето
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА
- Целодневна задолжителна посета на Верона и Сирмионе 10 €
- Превоз+Разглед на Венеција + бродски билет до/од Венеција 20 €
- Посета на Фиренца 45 €
- Туристичка такса за ноќевање во Италија( 1 € по лице по ноќ, се плаќа во агенција)
- Влезници за музеи и споменици
- Задолжително патничко осигурување 160 мкд
- Доплата за еднокреветна соба 2.480 денари
НАПОМЕНИ:
- За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
- За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%,целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
- Останатите услови на патување важат според годишниот програм на НЕХАР ТРАВЕЛ
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
T.A НЕХАР TРАВЕЛ, ул. Мито Хаџи Василев Јасмин бр.52 Tel: 02/3 13 10 45 Моб: 071/380724
e-mail: info@nehartravel.com.mk, www.nehartravel.com.mk