Термин: 05 Март
1 ДЕН 05.03.2024 СКОПЈЕ–МИНХЕН
Состанок со групата на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски и поаѓање за Минхен во 10:00 часот. Дневно и ноќно возење низ Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и царински формалности.
2 ДЕН 06.03.2024 МИНХЕН
Пристигнување во Минхен во претпладневните часови. Разглед на градот: резиденција Максимилианеум, националната опера и театар, галерија на нови и стари Пинакотеки, катедралата, центарот на градот со Мариенплац, плоштадот Виктуалиенмаркт. Слободно време за
индивидуална прошетка низ центарот на Минхен. Сместување во хотел. Ноќевање
3 ДЕН 07.03.2024 ХАЛШТАТ - САЛЗБУРГ
Појадок. По појадокот препорачуваме факултативна целодневна екскурзија Салзбург и Халштад... Заминуваме кон Халштад, мало австриско село во Горна Австрија познато по прекрасните пастелни куќички со цвеќе, првиот рудник за сол и по капелата посветена на Св. Михаел. Бидете спремни на призори кои ќе Ве воодушеват... Препорачуваме да се искачите на видиковецот Hallstatt Skywalk од каде се пружа најубавиот поглед на езерото и планините... уживајте со сите сетила. Слободно време за индивидуални прошетки..
Продолжуваме накај Салзбург ... Разглед на градот - пешачка тура: Дворецот Мирабел и градините , куќата на Моцарт, стариот плоштад, плоштадот на Моцарт, катедрала, глокеншпил, надбискупска резиденција. Историскиот дел на градот, заради своите исклучителни културни вредности е ставен под заштита на УНЕСКО а асоција за овој град е секако познатиот композитор Моцарт кој овде е роден и живеел на денес најпопуларната адреса во градот, во улицата Getreidegasse 9... Ќе уживате во богатата архитектура на Салзбург полна со барокни фасади, плоштади, автентични пасажи полни со ресторани и дуќанчиња... во Салбург едноставно се е на свое место. Ви препорачуваме да ја освоите и тврдината HOHENSALZBURG која доминира над панорамата на градот и гордо го чува Салзбург од височина... Слободно време за индивидуални прошетки и активности. Во вечерните часови враќање во Минхен. Ноќевање.
4 ДЕН 08.03.2024 МИНХЕН – НОЕШВАНШТАЈН - МИНХЕН
Појадок. После појадокот препорачуваме факултативна посета на можеби најубавиот и најспектакуларниот дворецво светот - бајковитиот дворец Ноешванштајн, подигнат на карпа во стилот на старогермански витешки замок, кој го инспирирал Волт Дизни да ги направи препознатливите шпици за бројни цртани филмови ... Новиот Лебедов град, како што гласи името во превод е остварување на сонот на кралот Лудвиг II… тој замислил дворец од соништата кој во утринските часови го обвиваат облаци на мистична магла која се дига од долината под карпата на која е изграден дворецот... призор кој ќе Ве остави без здив. Враќање во Минхен, можност за посета на најпознатата пивница во Баварија –ХБ, која му била омилена и на Хитлер. Враќање во хотел. Ноќевање.
5 ДЕН 09.03.2024 МИНХЕН – СКОПЈЕ
Појадок. По појадокот напуштање на хотелот. Заминуваме во центарот на Минхен... слободен ден за индивидуални прошетки и шопинг ( 9 часа). Во вечерните часови заминување за Скопје.
6 ДЕН 10.03.2024 СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во вечерните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ за резервации до 15.12.2024: 269€ /16.680 ден.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 299€ /18.540 ден.
Цената на аранжманот вклучува:
- Превоз со високотуристички автобус
- 3 ноќевања со појадок во хотел 3* во Минхен
- Прошетка низ центарот на Михнен
- Професионален лиценциран пратител за време на целото патување
Цената на аранжманот не вклучува:
- Задолжителна доплата 60€ за влезница во дворецот Ноешванштајн (превоз, трошоците за резервација, билет за дворецот)
- Целодневна екскурзија Халштад и Салзбург -50 €
- Патничко осигурување – 300 ден.
- Доплата за избор на седиште - 20€
- Доплатаза дополнително седиште - 150€
- Туристичка такса Минхен - 5€ по лице на ден (се плаќа во агенција)
За овој аранжман важат Општите Услови на патување на Т.А. Нехар Травел и СКТМ
За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници
НЕХАР ТРАВЕЛ: ул. Никола Тримпаре бр.10, Скопје
Tel: 31 31 045 Mob: 071/380-724
e-mail: info@nehartravel.com.mk www.nehartravel.com.mk