НЕА ФЛОГИТА е туристичко место на западната страна од првиот крак Касандра во областа
Халкидики, на само 290 км од Скопје. Препознатливо е по најдолгата песочна плажа на
Халкидики,бистрината на водата,авенијата на палмите,боровите, бујната вегетација, како и
многубројните ресторани, продавници и детски забавни паркови.Сето ова ќе ви ги направи деновите
на Вашиот одмор незаборавни. Насамо 5-7 минути возење јужно од Неа Флогита ве пресретнува
градот Неа Модања, еден од најголемите и најурбаните градови во областа Халкидики.
Комплексот „Цимбукас вилас“е лоциран на извонредно мирна и тивка локација, помеѓу приватни
куќи на почетокот на НеаФлогита. Оддалечена е околу 250 метри максимум од песочната плажа. Има
сопствен затворен паркинг, голем убаво уреден зелен двор со ѕидана скара. Располагаме со 4 мезонети
за 4 лица од вкупно 8 во вилата, кои на приземјето имааат два одвоени кревета и комплетно опремена
кујна, ЛЦД ТВ, сопствен тоалет, а на спратот брачен – француски кревет.Исклучително квалитетно
уредена, во комбинација на модерен и традиционален стил, дрво и камен. Пред секоја од мезонетите
има голем трем – тераса. Куќата е една од најквалитетните воопшто во понудата на нашиот пазар која
сигурно ќе ги задоволи вкусовите и на најпробирливите патници. Изградена е целосно во лето 2020
година.Интернетот и климата се вклучени во цената.