Close
Понуди
    Filters
    Пребарување

    Халкидики - Касандра

    Види како Табела Листа
    Подреди по
    Приказ по страна

    Аpart hotel Golden Residence Family Resort - ПЕФКОХОРИ

    €200,00
    Апарт хотел ГОЛДЕН БЕЈ се наоѓа во еден од најекслкузивните делови на полуостровот Касандра помеѓу Пефкохори и Ханиоти, на околу 80 метри од плажа. Комплексот се простира на преку 4000 м2, со убаво уреден двор, ресторан, паркинг, базен и бар покрај базенот и нуди услуга на база полупансион. Трокреветно студио (Софита) е лоцирано на поткровје со поглед на море, четворокреветниот апартман е лоциран на високо приземје со поглед на базен: кујна со софа на развлекување и спална соба со брачен кревет и петокреветниот апартман исто на високо приземје со поглед на базен: кујна со софа на развлекување и единечен кревет и спална соба со брачен кревет. Во капацитетите нема можност за готвење!!! Сите капацитети имаат свој балкон, бања, решо, фрижидер, ТВ, клима (се плаќа 5 евра на лице место доколку се користи) и Wi-Fi. Користењето на лежалките на базен е со нарачување пијалок. 39°59'38.8"N 23°35'47.0"E 39.994111, 23.596385

    Вила „Ставрос” – Неа Каликратиа

    €89,00
    Неа Каликратија е град со многубројни занимливости за секој турист.Има долга песочна плажа, многубројни ресторани, таверни, кафетерии, забавни паркови за деца,супермаркети Лидл и останати занимливости. Интересно за посетата е плажата “Сахара“ која се наоѓа во непосредна близина 3-4 км. од Неа Клаикратија. Вилата Ставрос се наоѓа на 200 метри од плажа во Неа Каликратија.Студијата располагаат со кујни стандардно опремени,фрижидер, тв, клима уред , Wi-fi ,тераси и паркинг во дворот во зависност од слободно место.

    ВИЛА „ГАЛИНИ “ – КАЛИТЕА

    €99,00
    Вилата ГАЛИНИ се наоѓа на сама плажа во Калитеа. Располага со сопствена плажа, лежалки и чадори... БЕСПЛАТНО КОРИСТЕЊЕТО НА ЛЕЖАЛКИ НА ПЛАЖА СО НАРАЧКА НА ПИЈАЛОК ОД БАРОТ ВО ВИЛАТА. Идеална локација за вистински одмор со опуштање од звукот и бојата на морето. Сите соби се со поглед на море. Вилата располага со безжичен интернет со брзина вообичаена за грчките конекции. Вилата се состои од два блока, првиот блок „Б” е со трокреветни студиа, вториот блок „А“ е со двокреветни студија. Секоја соба има мини вц со туш и мини кујна, решо, кујнски инвентар, фрижидер, тв и тераси. Собите немаат клима уред! Вилата е со скромен квалитет идеална за луѓе кои сакаат мирен одмор и сместување на сама плажа. Истата е од “Ц„ категорија. Туристичката такса се плаќа во агенција, истата изнесува 0,50 евра на ден по студио/апартман(220 мкд за престој од 7 дена).

    ВИЛА „ПАРТЕНИС” – ПЕФКОХОРИ

    €180,00
    На околу 100 км од Солун се наоѓа Пефкохори. Мирисот на бор, пријатната клима, зеленилото се совршени за прекрасен одмор. Пефкохори го краси преубавата црква, стариот плоштад, улички со расцветани лимонови дрва, долга песочна плажа, шеталиште покрај море кое во вечерните часови е центар на сите збиднувања. ВилаПартенис се наоѓа на околу 120 метри од плажа веднаш до супермаркетот Масутис. Комплексот располага со прекрасно уреден двор со скара и туш. Секој апартман има балкон, комплетно опремена кујна, сопствен тоалет, ТВ, клима уред (се доплаќа 5 евра на ден) и Wi-Fi од 01 Јуни.

    Вила Анемохади – СИВИРИ

    €99,00
    Вилата е лоцирана на 90 м од плажа и 50 метри од центарот на Сивири. Вилата располага со 1/2+2 апартмани кои се состојат од 2 одделни соби, спална соба со брачен кревет и кауч на раскопување во дневната соба. Сите апартмани имаат сопствена тераса, комплетно опремена кујна, ТВ и клима уред…. Плажа 90 метри од вилата, ситна песок

    ХОТЕЛ „JENNY“ – СИВИРИ

    €150,00
    Хотелот Џени е лоциран на 150 м. од прекрасната песочна плажа во центарот на Сивири. Хотелот има базен, бар покрај базенот, детски дел, ресторан, рецепција, WiFi интернет…… Хотелот располага со 37 соби: Во собите: клима уред (вклучен во цената), ТВ, фрижидер и тоалет (за 2018 ќе бидат реновирани) Надворешниот базен и лежалките се бесплатни за користење од гостите. 1/4 (четирикреветна соба) стандард соба – еден брачен кревет и два единечни 1/4 дуплекс – еден брачен кревет во една соба и два единечни кревети во друга соба Услуга Полупансион – појадок и вечера на шведска маса Појадок 08:00-10:00ч. Вечера 19:00-21:00ч. Плажа 150 метри од песочна плажа.

    ВИЛА „ВАСИЛИС” – ПЕФКОХОРИ

    €450,00
    ВИЛА ВАСИЛИС се наоѓа на 50 метри од плажа, лоцирана во најмонденскиот дел помеѓу Ханиоти и Пефкохори (двете градчиња се на километар одалеченост). Вилата има вкупна површина од 150м2 на 3нивоа. На приземјето е дневениот престој со софа за 2 лица, ТВ, клима уред, комплетно опремена кујна, фрижидер, фурна и машина за садови, тоалет со туш. Од дневиот престој се излегува на балкон кон приватна градина, опремена со скара и приватен паркинг. На првиот спрат има тоалет со туш, две спални соби со брачни кревети и излез на балкон со директен поглед на море. На вториот кат има тоалет, 3 единечни кревети и излез на балкон со директен поглед на море.

    ВИЛА „СОФИЈА” – ХАНИОТИ

    €150,00
    Вила Софија се наоѓа во централниот дел на Ханиоти, одалечена 80 метри од плажа. Располага со трокреветни студиjа и четворокреветни апартмани на први и втори кат. Секое студио/апартман е опремено со мини кујна со фрижидер, бања, балкон, ТВ, Wi-Fi и клима вклучена во цена.
    Опис: Студио – една просторија со брачен и единечен кревет со кујна.
    Апартман – две простории, спална со брачен кревет и дневен престој со кујна и два единечни кревети.

    ВИЛА „ХРИСТИНА” – ХАНИОТИ

    €89,00
    100 МЕТРИ ОД ПЛАЖА Вила ХРИСТИНА лоцирана во мирен дел на Ханиоти,идеална за фамилии со мали деца каде спокојот несомнено ќе го најдат овде.Од плажа е одалечена на само 100 метри ,а од центарот плоштатчето на Ханиоти е на само 500 метри. Вилата располага со четворокреветни апартмани.Истата е изградена во два блока А блок и Б блок.Апартманите со кои располагаме се наоѓаат и во двата блока на приземје и први спрат. Сите апартмани се опремени со кујна, сопствен тоалет, ТВ, клима,а дел имаат поглед на море од балкон.