ВРАХОС БИЧ - се наоѓа на 600 км од Скопје, веднаш по Парга (околу 30км). Сместен на преубава, два километри долга плажа, ви овозможува прекрасен одмор на тиркизното Јонско море. Изобилува со таверни, и рибни ресторани сместени по убавото шеталиште покрај море. Врахос секако ќе ви понуди преубав одмор во едно мало, мирно место богато со борова шума имаслинови дрва.
Вила ФИЛОКСЕНИЈА се наоѓа на крајниот дел од плажата на Врахос во помирен дел, на околу 50 метри од плажа во прекрасен двор со природни сенки од маслинови дрва. Вилата има сопствен паркинг (ограничен капацитет) и лежалки на плажа кои се бесплатни доколку гостите порачаат пијалок од барот. Вилата располага со двокреветни и трикреветни студија и четворокреветни апартмани. Сите се со балкон, комплет опремена мини кујна, сопствен тоалет, ТВ, Wi-Fi и клима(се доплаќа 5 евра на ден).
Координати: 39°10'11.5"N 20°33'14.4"E 39.169863, 20.553990
Вила ИЈОНИЈАН ВЈУ се наоѓа на височинка околу 70 метри од плажа и има прекрасен поглед на целиот залив. Вилата има сопствен паркинг, расоплага со модерно опремени четворокреветни пространи апартмани. Сите апартмани имат свој балкон со поглед на море, комплет опремена кујна, ТВ, сопствено купатило и клима (се доплаќа 5евра ден). Опис: апартманите се на 1 кат, имаат две простории, спална со 1 брачен кревет и кујна со 2 единечни кревети. ДУПЛЕКС апартманот е на 1 кат има три простории, спална соби со брачен кревет, детска соба со два единечни кревети и дневен престој со кауч на извлекување и кујна.
Координатри: 39°11'04.7"N 20°32'22.2"E 39.184626, 20.539502
ПАРГА –градче кое се наоѓа во приморскиот дел на Епир, на Јонско море, 60 километри од Јанина и 540 километри одалечено од Скопје. Денес Парга е најпознатото летувалиште во таа област. Интересно за Парга е дека влече корени од античко време, а големи влијанија имаат и западната цивилизација и култура. Жителите се пријатни, во нивниот дух ќе го осетите големото вилајнието на венецијанска култура, британската прецизност и турската гостопримливост. Денес Парга е комплетно летувалиште каде секој ќе пронајде по нешто за себе: две градски плажи, долгото шеталиште покрај море, плажата Валтос- одалечена околу 20 мин. пешачење, плажата Лихнос, старата градска тврдина која датира од 14 век, голем избор на еднодневни излети до островите Крф, Паксос, Антипаксос, Лефкада...