Вилата ГАЛИНИ се наоѓа на сама плажа во Калитеа. Располага со сопствена плажа, лежалки и чадори... БЕСПЛАТНО КОРИСТЕЊЕТО НА ЛЕЖАЛКИ НА ПЛАЖА СО НАРАЧКА НА ПИЈАЛОК ОД БАРОТ ВО ВИЛАТА. Идеална локација за вистински одмор со опуштање од звукот и бојата на морето. Сите соби се со поглед на море. Вилата располага со безжичен интернет со брзина вообичаена за грчките конекции. Вилата се состои од два блока, првиот блок „Б” е со трокреветни студиа, вториот блок „А“ е со двокреветни студија. Секоја соба има мини вц со туш и мини кујна, решо, кујнски инвентар, фрижидер, тв и тераси. Собите немаат клима уред! Вилата е со скромен квалитет идеална за луѓе кои сакаат мирен одмор и сместување на сама плажа. Истата е од “Ц„ категорија. Туристичката такса се плаќа во агенција, истата изнесува 0,50 евра на ден по студио/апартман(220 мкд за престој од 7 дена).