Close
Понуди
    Filters
    Пребарување

    Крф

    Место Ipsos, низ кое е распослана долгата песочна плажа во најубавиот дел од островот, несомнено оправдано со години се вбројува во најпосакуваните туристички места на Крф. Неговата местоположба, близината до градот Крф и останатите поголеми туристички места како Дасиа, Гувиа, Нисаки и Барбати… го карактеризира како добар избор за летен одмор. Богатата туристичка понуда на сместувачки капацитети, како и на објекти за забава, особено го прават привлечен за оние кои од одморот секогаш очекуваат и нешто повеќе. Изборот на Ипсос и Крф за наша повторна летна дестинација, не е случаен. Долгогодишната соработка со неговите домаќини и задоволството на нашите туристи е императив повеќе, за продолжување на традицијата. Објектите кои се лоцирани во непосредната близина на неговата плажа, нивниот квалитет и поволните цени на туристичките пакети, претставуваат мотив за негов избор.

    Види како Табела Листа
    Подреди по
    Приказ по страна

    KРФ – ОПИС НА ОСТРОВОТ И ИЗЛЕТИ

    €0,00
    Крф e втор по големина од седумте поголеми Јонски Острови, а воедно и еден од најубавите грчки острови. Крф лежи во Јонско Море, кое е дел од Средоземно Море, а северно се спојува со Јадранско Море. Со таа положба си обезбедува место како најсеверен значаен остров во Грција. Островот Крф со околните острови и гребени чинат посебна општина, која припаѓа на истоимениот округ Крф. Крф се наоѓа на крајниот северозапад на Грција во Јонско Море, 2 km северно од Крф се наоѓа албанскиот брег. Крф е многу поблиску до нејзиниот брег отколку до брегот на Епир (околу 15 km). Јужно од Крф се наоѓаат Пакси и Антипакси (околу 15 km). Зафаќа површина од 614 km2 и население од 102.000. Главен град е Крф, 40.000 жители.

    VILA SAVAS - DASSIA

    €99,00
    Крф e втор по големина од седумте поголеми Јонски Острови, а воедно и еден од најубавите грчки острови. Крф лежи во Јонско Море, кое е дел од Средоземно Море, а северно се спојува со Јадранско Море. 2014-та година ни започна авантурата на Крф што значи дека 2024-та е годината која сме 10 години организатори на летување на остров Крф во Ипсос и Дасиа, декадна бројка што не е за потценување. Но, поважно е да дознаете зошто за вас, Крф ќе биде идеалниот спој на одмор и забава правејќи го ова лето авантура што не смеете да ја пропуштите. Оваа година за вас имаме вила со базен во Дасиа на 80 метри до плажа со приватен базен и приватен паркинг. Резервирајте по Black Friday цена, попусти од 20-25% од лице. Дасиа се наоѓа во центарот на источното предградие на Крф, на само 12 километри од главниот град. Со својата долга сончева плажа покриена со песок и ситни камчиња, беспрекорно чиста топла вода и можност за водени спортови, Дасиа е едно од најидеалните места за одмор за млади луѓе, но исто така е одлично место за семеен одмор. Опкружена е со продавници за изнајмување автомобили, продавници за сувенири, супермаркети, ресторани, а еден од најпознатите барови познати по вкусната храна и атрактивните лежалки е Malibu Beach. Вила Савас се наоѓаат во Дасиа, на 80 метри од плажа. Располага со голем двор и прекрасен базен за гостите на вилата. На само 5 минути пешачење се наоѓа Маркетот JOY и автобуската постојка и прекрасниот добро познат Summer Beach Malibu.

    Вила ” Јулијанос ” Ипсос

    €89,00
    Крф, мистично привлечен, спакуван во историски приказни, обоен од влијанија на најразлични цивилизации, кој фасцинира со природна убавина и освојува со искуства вредни за сечие сеќавање. Не случајно една од најпопуларните туристички дестинации за летување. Oстровот Крф, втор по големина во Јонското Море e познат како зелениот бисер на Медитеранот. Можеме до бескрај да ги опишуваме плажите кои ги има на број и по вкус за секого, кристално чистата вода која е во состав на секој отсликан пејзаж, богатиот ноќен живот, традиционалниот вкус на медитеранската клима и на локалните пијалаци како пиво од ѓумбир и ликерот kumquat. Но, поважно е да дознаете зошто за вас, Крф ќе биде идеалниот спој на одмор и забава правејќи го ова лето авантура што не смеете да ја пропуштите. И ова лето посетете го островот Крф. Ве очекуваме.