Close
Понуди
    Filters
    Пребарување

    Производот е означен со 'октомври'

    Види како Табела Листа
    Подреди по
    Приказ по страна

    Атина 2НП - Нова Година

    €159,00
    АТИНА – град посветен на божицата Атина по која и го добил името а која со векови била негова заштитничка. Оваа, денес повеќемилионска метропола, оо своето постоење доживеала подеми и падови како малку кој мегаполис во светот. За историјата на човештвото е посебно значајна затоа што во неа се поставени основите на парламентарната демократија и слободните избори. Модерна Атина е космополитски град кој што живее од славата на својата историја а старогрчката Атина била моќна држава и познат образовно филозофски центар. Ја нарекуваат и колевка на западната цивилизација, заради нејзиниот културен придонес во текот на 4ти и 5ти век...и денес во Атина постојат антички градби и уметнички дела од тој период, а секако најпознат е Акропол, признаен како еден од најдобрите примери на класичната грчка архитектура и уметност. Древна Атина владеела со светот и покажала како треба да се разберат цивилизациите, уметноста, културат, науката... Нејзината Академија ги дала најдобрите филозофи на Антиката, чии мисли и денес се цитираат и чии дела и денес се читаат... Нејзините уметници Фидије и Поликлет, и денес се слават како великани на скулптурата и уметноста... Политичката Атинска школа и денес е активна, исто како и името на Перикле, творецот на демократијата и владетел во периодот на Златното доба...

    Болоња -Фиренца - Чинкве Тере 3НП

    €199,00
    Посетете ги најубавите градови на романтичната Тоскана... Доживејте ги ремек делата на Микеланџело, Леонардо, Донатело, Макијавели во Фиренца, прошетајте по познатиот плоштад на кој се одржува “palio”- трка на коњи во Сиена, сликајте се со кривата кула во Пиза… прошетајте ја бајката наречена Чинкветере... Фиренца - ренесансен дијамант во срцето на Италија. Најпопозната е по својата катедрала, Дуомо, нејзината купола и банкарското семејство Медичи. Но малку луѓе знаат дека истата таа катедрала е меѓу најдолгите цркви во Европа, дека Фиренца уште во средината на 14 век станала прв град на светот со поплочени улици и дека кратко време била и престолнина на Кралството Италија... Сиена – еден од најубавите и највпечатливи градови на Тоскана, опкружен со винови насади од кои се прави светски познатото вино Кјанти... познат по својот уникатен плоштад Piazza del Campo, кој како копнена школка со црвени бисери, од 12от век па се до денес останува неизменет и доминира со градот. Сиена е позната и по коњската трка Палио, една од најтешките и најопасни трки со коњи во светот. Додека шетате по улиците на Сиена ќе имате чувство дека сте заталкале во некое друго време... Сан Џимињано – романтично средновековно утврдено градче сместено на брдата на Тоскана... славно по својата уникатна средновековна архитектура и по своите кули, кои се гледаат на километри далечина... Чинкветере – во превод пет земји, пет бајковити села Варнаца, Монтеросо, Манарола, Корнилија и Риомаѓоре... Во текот на вековите, на овие стрмни и нерамни брда се до карпите кои излегуваат директно на море, староседелците внимателно ги граделе шарените куќи како од детските фантазии... Магијата на Чинкветере е неповторлива...

    октомври