Close
Понуди
    Filters
    Пребарување

    Парга

    Види како Табела Листа
    Подреди по
    Приказ по страна

    ПАРГА

    €180,00
    ПАРГА –градче кое се наоѓа во приморскиот дел на Епир, на Јонско море, 60 километри од Јанина и 540 километри одалечено од Скопје. Денес Парга е најпознатото летувалиште во таа област. Интересно за Парга е дека влече корени од античко време, а големи влијанија имаат и западната цивилизација и култура. Жителите се пријатни, во нивниот дух ќе го осетите големото вилајнието на венецијанска култура, британската прецизност и турската гостопримливост. Денес Парга е комплетно летувалиште каде секој ќе пронајде по нешто за себе: две градски плажи, долгото шеталиште покрај море, плажата Валтос- одалечена околу 20 мин. пешачење, плажата Лихнос, старата градска тврдина која датира од 14 век, голем избор на еднодневни излети до островите Крф, Паксос, Антипаксос, Лефкада...

    ВИЛА “ЈОТА”

    €210,00
    ВИЛА ЈОТА се наоѓа на самиот влез во Парга, на 300метри од градската плажа и 500метри од центарот. Вилата има сопствен паркинг, располага со двокреветни и трокревети студија и четворокреветни апартмани. Секое студио/апартман е со балкон, комплет опремена кујна, ТВ, клима (со доплата 7евра на ден ) и Wi-Fi, пешкири и постелнина се менува 2 до 3 пати во текот на престојот ( зависно 7 или 9 ноќи), чистење секојдневно. Студио бр.1 двокреветно студио со брачен кревет на високо приземје. Студио бр.5 трикреветно студио со 3 единечни креветни на високо приземје. Апартман бр.2 и бр.4 - четворокреветни апартмани со две соби, кујна со брачен кревет и спална со 2 еднинечни кревети на високо приземје. Апартман бр.8 четворокреветен апартман со две соби, кујна со брачен кревет и спална со 2 еднинечни кревети на 1кат.

    ВИЛА “ОЛГА”

    €240,00
    ВИЛА ОЛГА се наоѓа на 70м од малата градска плажа и на само неколку минути од центарот. Сите студија имаат балкон, комплет опремена кујна, фрижидер, ТВ и Wi-Fi ТВ, клима (со доплата 6евра на ден ), пешкири и постелнина се менува 2 до 3 пати во текот на престојот ( зависно 7 или 9 ноќи), чистење секојдневно. Студио бр.1 и бр.2 двокреветно студио со брачен кревет на 1кат. Студио бр.4 и бр.7 двокреветно студио со брачен кревет на 2кат.