Close
Понуди
    Filters
    Пребарување

    Пефкохори

    Види како Табела Листа
    Подреди по
    Приказ по страна

    Аpart hotel Golden Residence Family Resort - ПЕФКОХОРИ

    €200,00
    Апарт хотел ГОЛДЕН БЕЈ се наоѓа во еден од најекслкузивните делови на полуостровот Касандра помеѓу Пефкохори и Ханиоти, на околу 80 метри од плажа. Комплексот се простира на преку 4000 м2, со убаво уреден двор, ресторан, паркинг, базен и бар покрај базенот и нуди услуга на база полупансион. Трокреветно студио (Софита) е лоцирано на поткровје со поглед на море, четворокреветниот апартман е лоциран на високо приземје со поглед на базен: кујна со софа на развлекување и спална соба со брачен кревет и петокреветниот апартман исто на високо приземје со поглед на базен: кујна со софа на развлекување и единечен кревет и спална соба со брачен кревет. Во капацитетите нема можност за готвење!!! Сите капацитети имаат свој балкон, бања, решо, фрижидер, ТВ, клима (се плаќа 5 евра на лице место доколку се користи) и Wi-Fi. Користењето на лежалките на базен е со нарачување пијалок. 39°59'38.8"N 23°35'47.0"E 39.994111, 23.596385

    ВИЛА „ПАРТЕНИС” – ПЕФКОХОРИ

    €180,00
    На околу 100 км од Солун се наоѓа Пефкохори. Мирисот на бор, пријатната клима, зеленилото се совршени за прекрасен одмор. Пефкохори го краси преубавата црква, стариот плоштад, улички со расцветани лимонови дрва, долга песочна плажа, шеталиште покрај море кое во вечерните часови е центар на сите збиднувања. ВилаПартенис се наоѓа на околу 120 метри од плажа веднаш до супермаркетот Масутис. Комплексот располага со прекрасно уреден двор со скара и туш. Секој апартман има балкон, комплетно опремена кујна, сопствен тоалет, ТВ, клима уред (се доплаќа 5 евра на ден) и Wi-Fi од 01 Јуни.

    ВИЛА „ВАСИЛИС” – ПЕФКОХОРИ

    €450,00
    ВИЛА ВАСИЛИС се наоѓа на 50 метри од плажа, лоцирана во најмонденскиот дел помеѓу Ханиоти и Пефкохори (двете градчиња се на километар одалеченост). Вилата има вкупна површина од 150м2 на 3нивоа. На приземјето е дневениот престој со софа за 2 лица, ТВ, клима уред, комплетно опремена кујна, фрижидер, фурна и машина за садови, тоалет со туш. Од дневиот престој се излегува на балкон кон приватна градина, опремена со скара и приватен паркинг. На првиот спрат има тоалет со туш, две спални соби со брачни кревети и излез на балкон со директен поглед на море. На вториот кат има тоалет, 3 единечни кревети и излез на балкон со директен поглед на море.