Close
Понуди
    Filters
    Пребарување

    BERNINA EXPRESS + (Сирмионе-Тирано-Ст.Морис-Луцерн-Инсбрук-Салзбург-Халштад)

    €649,00
    BERNINA EXPRESS + Бајковита Швајцарија -Австрија - Италија

    Термин: 17 Октомври 2026

    1 ден 17.10.2026 СКОПЈЕ – СИРМИОНЕ (Италија)

    Состанок на групата во 12 00 ч. Поаѓање во 12:30 часот од спортската сала Борис Трајковски. Се патува преку граничниот премин Табановце, Србија, Хрватска, Словенија, Дневно и ноќно возење со попатни паузи.

    2 ден  18.10.2026 СИРМИОНЕ - ТИРАНО

    Oчекувано пристигнување во  Сирмионе во предпладневните часови.  Прошетка низ прекрасното мало место сместено на полуостров, на езерото Гарда. Сирмионе е познато по своите лековити Термални води и прекрасната средновековна архитектура.

    Патувањето продолжува кон Тирано каде пристигнуваме во попладневните часови. Тирано е сместено во Ломбардија, Северна Италија, на самата граница со Швајцарија.

    Сместување во хотел.  Слободно време за индивидуални прошетки.

    Загрејте се со прошетка низ Тирано за да ги видите  прекрасните палати и свети места. Вистинско впечатливо место е Базиликата дела Мадона ди Тирано, најзначајната ренесансна градба од 16 век. Во тој период владеела страшната болест, куга. Легендата вели дека една вечер, 29.09.1504, враќајќи се од поле, еден побожен човек по име Mario Ormodei, оддеднаш се појавила блескава светлина. Во таа светлина му се појавила Света Марија која му рекла да подигне црква во нејзина чест и ветила дека грдаот ќе биде заштитен од куга.

    Така мештаните ја подигнале денешната Santuario della Madonna di Tirano. Велат дека епидемијата на куга престанала. И денеска кога звоната звонат над Тирано, верниците веруваат дека е тоа потсетник на ветената заштита од пред 5 века а планините се тивки сведоци на таа средба.

    Уште една Легенда вели дека кога ќе се слушне звукот на Бернина возот во приквечерина, треба да се замисли желба. Бидејќи помеѓу виновите лозја и Алпите, желбите полесно го наоѓаат патот до вас.

    03 ден 19.10.2026 ТИРАНО – БЕРНИНА ЕКСПРЕС - СЕНТ МОРИС – ЛУЦЕРН

    Појадок. Возбудени го дочекуваме утрото. Се качуваме во легендарниот црвен воз Bernina express, кој ќе не однесе до монденското место Сент Морис.

    Патувањето со Бернина Експрес помеѓу Тирано и Сент Мориц трае приближно 2,5 часа.

    Клучни знаменитости: Патниците го гледаат ледникот Мортератш, спиралниот вијадукт Брузио и ги преминуваат швајцарските Енгадин Алпи. Линијата беше прогласена за светско наследство на УНЕСКО во 2008 година поради своите извонредни технички и инженерски достигнувања.  Оваа живописна рута има 55 тунели и 196 мостови, вклучувајќи го и познатиот спирален вијадукт Брузио.

    Со широко отворени очи и насмевка,  го почнуваме патувањето.  Почнуваме со живописен медитерански поглед, тесни долини со лозја,  додека полека  возот се искачува до кружниот вијадукт Брузио, од каде што погледот се движи наоколу додека возот се извива по спиралните шини надолу од височините на познатиот кружен вијадукт.

    Потоа пејсажот полека се менува и станува карпест, со километри долги гребени, еден по друг со прекрасен поглед на Алпите, вклучувајќи го глечерот Палу и езерото Палу - со панорамски поглед над Каваља и кон италијанските Алпи и пошироко.

    Потоа стигнуваме до Оспицио Бернина станицата која се наоѓа на 2253 метри надморска височина, што ја прави станица со највисока надморска височина на Раетската железница. Називот од кој е изведено името на местото и железницата, исто така, ја означува јазичната граница помеѓу јужната италијанска јазична долина Валпоскијаво и Швајцарскиот регионот Енгадин, каде што жителите зборуваат Raeto (реторомански) и германски. Поминуваме покрај езерото Бјанко и Леј Наир. Се вели дека водите северно од превојот Бернина природно течат преку Дунав  во Црното Море, додека водите јужно од превојот завршуваат во реката По во Јадранското Море. Го здогледуваме глечерот Мортерач каде што зад него лежи масивот Бернина. Се вели дека е највисокиот врв во Пиз Бернина на 4049 метри надморска височина. Никогаш не сте замислувале толку прекрасен пејзаж во рок од нешто повеќе од еден час возење со воз.

    Сепак, Бернина Експрес никогаш не е заради дестинацијата, туку заради патувањето, возбудата. Тоа е едно возење што го одзема здивот.

          Возот пристигнува во Сент Морис, на надморска височина од 1822 метри.

    Сент Морис, луксузен алпски ресорт во Кантонот Граобинден, Швајцарија. Познат по зимските спортови, гламур, врвни хотели и спектакуларна природа. Домаќин на Зимските Олимписки игри во 1928 и 1948. Познат по 300+ сончеви денови годишно. Тоа е еден од најстарите зимски туристички центри во светот со над 350 км патеки. Тука е и езерото кое во текот на зимата е комплетно замрзнато и на кое се одржуваат трки со коњи и Поло на мраз, но и монденски забави.

    Сент Морис е синоним за ексклузивен туризам – го посетуваат светски звезди, кралски семејства и бизнис елита. Еден од најпознатите хотели е Badrutt’s Palace Hotel.

    Слободно време за индивидуални прошетки. Предлагаме да ја посетите Навалената Кула, еден од најпознатите симболи на Сент Морис. Потекнува од 12 век и била дел од старата црква St. Mauritius. Црквата била урната 1893 поради нестабилно тло но Кулата останала и подоцна е зајакната. Кулата е навалена 5 степени.

    Патувањето го продолжуваме со автобус кон Луцерн (225 km), но мислите ни се кај поминатите часови, прегледувајќи ги направените фотографии... Пристигнување во Луцерн во попладневните часови. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.

    4 ден 20.10.2026 ЛУЦЕРН - ИНСБРУК

    Појадок. Предпладне прошетка низ еден од најубавите и најромантични градови во Швајцарија. Се наоѓа покрај езерото Lake Lucerne, опкружен со Алпите, со прекрасно сочуван стар град и богата историја.

    Почнуваме со прошетка низ Капел мостот изграден во 14 век, најстар покриен дрвен мост во Европа. Светски познатиот дрвен мост е тема број еден за фотографирање во Луцерн со добра причина. Заедно со водената кула, тој го обликува градскиот пејзаж како ниедна друга знаменитост. Има историски слики во внатрешноста. Капел мостот е обележје со повеќе тајни, историја и драма отколку што можете да замислите.

    Импозантната, но привлечна Водена кула е изградена околу 1290-1300 година, дури и пред мостот Капел. Имала повеќе намени: набљудувачница, градски архив. До крајот на 18 век служела како затвор, каде што затворениците се спуштале со јаже во темното дно и по отслужување се извлекувале пак со јаже. Денес има колекција на оружје таму.

    Вреди да се посети Капелата „Свети Петар“ (Peterskapelle) во Луцерн, мала средновековна капела првпат спомената во 1178 година, што ја прави најстарата зачувана религиозна градба во градот. Се наоѓа на јужниот крај од мостот Капел, кој го добил името по капелата. Структурата има едноставен правоаголен план со подоцнежни готски модификации.

    Шопинг рај: Кратките растојанија и разновидните понуди го прават Луцерн совршено место за шопинг. Без разлика дали барате подарок за сакана личност, нова облека или сладок десерт - сигурно ќе го најдете во Луцерн. Во Casagrande ќе најдете типични Швајцарски производи и сувенири, од чоколади до часовници. Лутајте низ стариот град со шарени фасади со фрески, калдрмисани улички, средновековни кули и градски зидини.

    Во раните попладневни часови, патувањето го продолжуваме кон Инсбрук (315 км). По пристигнувањето во Инсбрук, се сместуваме во хотел. Слободно време за индивидуални прошетки. Ноќевање.

    5 ден  21.10.2026 ИНСБРУК – САЛЗБУРГ

    Појадок. Во срцето на Алпите, во Тирол регионот, опкружен со високи планини, лежи градот Инсбрук. Велат дека настанал таму каде планините шепотат со небото а реката Inn тивко ги носи нивните тајни низ долината.

    Најраните траги укажуваат на првично населување во младото камено доба. Преживувајќи го предримскиот период местото покажува дека просторот бил постојано населен. Во четвртиот век Римјаните основале армиска станица Велдидена. Инсбрук станал главен град на целиот Тирол во 1429 и во петнаесеттиот век градот станал центар на европската политика и култура, а и царот Максимилијан Први, исто така, живеел во Инсбрук во 1490-тите….

    Прошетка низ стариот град со многу топлина, полн со прекрасни градби:           *Goldenes Dashl (Златниот кров),цимболот на градот од 15 век. Кровот е покриен со 2657 позлатени бакарни плочи. Се наоѓа во срцето на стариот град.                                                                                             *Hofburg, Царската палата на Хабзбурговците. Едно од најважните културно-историските градби во Австрија со раскошен бароктен ентериер. Првично комплекс на замоци од доцниот среден век, бил проширен во палата во раниот современ период.Неговиот сегашен изглед се базира на доградбите во каснобароктен стил направени за време на царицата Марија Тереза.                                                                                     * Hofkirche, Дворска црква, позната по монументалната гробница на царот Максимилијан Први и црни бронзани статуи околу гробот.                                                  * Swarovski Crystal World, посета на салонот во Инсбрук. Можност да се купат производи од прочуениот Сваровски кристал по фабрички цени.

    Слободно време за индивидуални прошетки и секако пробајте Kaiserschmarrn – кралска палачинка  правена специјално за  Хабзбурговската фамилија.

    Во попладневните часови тргнуваме кон Салзбург  (190 km)

    САЛЗБУРГ- Пристигнување во вечерните часови. Сместување во хотел.  По краткиот одмор, одиме на ноќна прошетка низ Салзбург. Ноќевање.

    6 ден  22.10.2026 САЛЗБУРГ – ХАЛСТАТ - СКОПЈЕ : Појадок. 

    САЛЗБУРГ- Алпската убавица, еден од најубавите градови на Австрија, сместен покрај реката Салзах и опкружен со Алпите. Градот изгледа како да излегол од бајките, со бароктна архитектура, тврдината на брдото и тесните калдрмисани улички. Стариот град Altstadt се навоѓа на УНЕСКО-вата листа за светско културно наследство.

    Пешачиме и уживаме во разгледувањето на стариот град: родната куќа-музеј на Wolfgang Amadeus Mozart, стариот плоштад со најмалат куќа, Катедралата, кулата часовник со музичките звона, Бискупската резиденција, градините на палатата Мирабел. Слободно време за индивидуални прошетки.  

    Во пладневните часови тргнуваме кон Халстад. Се возиме околу 1,5 часа.

    HALLSTATT – Бајката покрај езерото, мало но неверојатно сликовито место во Австрија, сместено помеѓу планини и мирното Халстатско езеро. Се смета за едно од најубавите села во светот, и штом го видите, знаете зошто.

    Но што го прави така посебно привлечно?                                                                             *Дрвени куќички наслонети на стрмната планина, со балкони полни со цвеќиња,             *Кристално чистото езеро кое ги рефлектира Алпите како огледало,                                 *Тесните, романтични улички без градски гужви,                                                                 *Маглата во утриските часови која полека се подига од водата и прави нестварна мистична слика,                                                                                                                       *Тука се наоѓа најстариот рудник на сол во светот....

    Време е за кафе како би ги смириле чувствата. Ех... би сакале да бидете многу долго во оваа сцена од бајката наречена Халштат.

    Во попладневните часови, полни со многу емоции од претходните денови, тргнуваме кон Скопје.  Се патува низ, Словенија, Хрватска, Србија. Ноќно и дневно возење.

    7 ден  23.10.2026 СКОПЈЕ : Пристигнување во вечерните часови.

    ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 649€ (40.240 денари)

    ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

    • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација,
    • 1 ноќевања со појадок, во Тирано, хотел со 3*
    • 1 ноќевања со појадок, во Луцерн, хотел со 3*
    • 1 ноќевања со појадок, во Инсбрук, хотел со 3*
    • 1 ноќевања со појадок, во Салзбург, хотел со 3*
    • Бернина Експрес воз 2-ра класа, на релација Тирано-Сент Морис
    • Прошетки по градовите наведени во програмата.
    • Лиценциран туристички придружник за цело време на патувањето

    ЦЕНАТA НЕ ВКЛУЧУВА:

    • Туристичка такса 20€ по лице, се плаќа во агенција
    • Задолжително патничко осигурување 350 мкд,
    •  Влезници за културно историски споменици, музеи, локален транспорт.
    •  Билети за јавен превоз
    •  Доплата за еднокреветна соба 14.000 ден (3*)
    • Доплата за седиште по избор 20€ по лице

    НАПОМЕНИ:

    •  За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
    •  Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
    • Организаторот на патувањето не гарантира тип на лежај.( Двокреветна соба може да биде со брачен лежај или со два единечни лежаи, Трокреветна соба може да биде со три класични лежаи, брачен лежај и единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и дополнителен лежај ( ранч кревет или софа),   четворокреветна соба може да биде со четири класични лежаи, брачен лежај и 2 единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и 2 дополнителнителни лежаи ( ранч кревет или софа).
    • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
    •  За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
    •  Останатите услови на патување важат според годишниот програм на НЕХАР ТРАВЕЛ
    •  Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
    • Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.
    • Хотелите се надвор од градовите.

    НЕХАР ТРАВЕЛ ул.Даме Груев бр 18.,  Скопје Teл: 02/3 13 10 45  Моб: 071 380724

    e-mail: info@nehartravel.com.mk    web:www.nehartravel.com.mk

    Ознаки за производ