Термин 08 Октомври 2026
1 ДЕН: 08.10.2026 СКОПЈЕ – ДРАЧ
Состанок на групата во 10.00ч на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски.. Поаѓање во 10:30ч.Се патува преку Косово кон Драч. Сместување на брод. Бродот испловува во 22:30ч. Ноќно возење кон Бари.
2 ДЕН 09.10.2026 БАРИ -СОРЕНТО:
Пристигнување во Бари во 08.00. По царинските формалности заминуваме кон Бари, главниот град на регионот Апулија и едно од најважните пристаништа на Јужна Италија. Бари има посебен шарм, бидејќи ги комбинира старото и новото, тесните улички на стариот град се мешаат со модерниот град и живата атмосфера на Медитеранот. Бари е духовен центар но и жив град полн со живот, место каде историјата, верата, и секојдневниот живот се спојуваат во една топла медитеранска приказна. Срцето на градот, познат како Bari Vecchia, крие вистинско богатство - Базиликата Свети Никола, една од најзначајните цркви во цела Италија но и во целиот Христијански свет. Изградена е во 11 век во романски стил, со цел да ги чува моштите на Св. Никола, светец почитуван и од православните и од католиците. Застанување кај црквата Св. Никола, прошетка низ историскиот центар на градот и слободно врема за кафе пауза.
Патувањето продолжува накај Соренто. Сместување во хотел. Ноќевање.
3 ДЕН 10.10.2026 ПОСИТАНО – АМАЛФИ:
Појадок. Препорачуваме целодневен излет долж колоритниот брег Амалфи, една од најпопуларните туристички ривиери на Италија, начичкана со шарените италијански села и живописни патеки кои водат до мирисните плантажи со лимони и портокали а која се протега од Поситано до градот Салерно. Една од најубавите разгледници од брегот на Амалфи е панорамскиот поглед на Поситано, некогаш рибарско селце, всечено во брегот... романтично и сликовито. Прошетка низ колоритните улички на Поситано. Слободно време за индивидуални прошетки. Продолжуваме накај Амалфи, некогашна поморска сила по која и целата ривиера го добила името. Градот е под заштита на УНЕСКО и е бисер на средновековната архитектура. Прошетка до катедралата со впечатлива и декоративна фасада - Св. Андреја и централниот плоштад. Слободно време за индивидуални прошетки и ручек. Враќање во Соренто и прошетка низ центарот. Соренто е бисерот на Неаполскиот залив, познат по огромните лимони од кои се прави Лимончело... Овде се мириса на лимони- од сладиоледи до сапуни и парфеми. Соренто не е место, Соренто е чувство... тука се доаѓа ако барате нешто повеќе од патување. Враќање во хотел. Ноќевање.
4 ДЕН 11.10.2026 КАПРИ :
Појадок. Препорачуваме излет до островот Капри, остров кој ќе Ве освои штом ќе зачекорите на него. Тиркизно море, мирис на лимони, улички кои како да се создадени за лутање и погледи од кои застанува здивот.
Не пропуштајте да пробате свежи морски плодови, локална риба, капресе салата и домашна паста или пица печена на печка на дрва а за крај освежете се со лимончело, џелато или торта капрезе.
Marina Grandeе главното пристаниште на Капри и првото место на кое ќе зачекорите по пристигнувањето на островот... традиционални куќи во пастелни бои, мали продавнички со рачно изработени сувенири и бројни ресторани кои нудат локални кулинарски специјалитети. Тука се наоѓа и најголемата јавна плажа на Капри.
“Piazza Umberto I”Секој италијански град има свој централен плоштад а на Капри тоа е “Piazza Umberto I” позната како Ла Пјацета... некогаш пазар за риба, денес главно собиралиште и на мештаните и на туристите.
“Monte Solaro” е највисоката точка на Капри со своите 589 метри и место кое дефинитивно не треба да го пропуштите. Од врвот се пружа спектакуларен панорамски поглед на целиот остров, на Тиренско море а кога времето е убаво дури и на брегот Амалфи.
“Градините Август”Мирна оаза со бујно зеленило, цвеќиња во сите бои и панорамски балкони од кои се пружа величенствен поглед на “Marina Piccola” и на кривите патеки на “Via Krupp”. (влезот се наплаќа 2,5 еур исклучиво со платна картичка).
По прошетката следи слободно време за индивидуални активности и ручек. Враќање во Соренто и прошетка низ центарот.
Враќање во хотел. Ноќевање.
5 ДЕН 12.10.2026 СОРЕНТО – НЕАПОЛ - БАРИ :
Појадок. По појадокот заминуваме накај Неапол, прошетка низ историскиот центар на градот Piazza del Plebiscito, Кралската палата, Teatro di San Carlo и галеријата Umberto I... слободно време за индивидуални прошетки и ручек, прошетајте по тесните улички полни со живот, бои, вкусови и автентична атмосфера. Пробајте ја прочуената Наполитанска пица Маргарита и уживајте во еден од најколоритните градови на Италија.
Во договор со водичот заминуваме кон Бари. Следи процедура за качување на брод. Ноќно пловење.
6 ДЕН 13.10.2026 ДРАЧ - СКОПЈЕ :
Пристигнување во Драч во претпладневните часови. Патувањето продолжува кон Македонија. Очекувано пристигнување во Скопје, на паркингот спроти спортски центар Борис Трајковски во попладневните/вечерните часови часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ ДО 30.06.2026 : 359€/ 22.260 ден
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 389€/ 24.120 ден
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- Превоз со високотуристички автобус на релација Скопје-Драч – Бари -Соренто -Скопје
- Превоз со брод на релација Драч-Бари -Драч (седиште на брод)
- 3 ноќевања во хотел 3* НП во Соренто или Неапол (околина)
- Организација и водство на програмата
- Лиценциран туристички придружник
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
- Задолжително патничко осигурување 300 денари
- Задолжителна посета на Бари и Неапол - 40€ (се плаќа во агенција)
- Излет Поситано и Амалфи -70€ (задолжителна резервација и уплата во агенција )
- Излет Капри - 90€ (задолжителна резервација и уплата во агенција )
- Доплата за бродска кабина Драч-Бари- Драч (два правци) - 50 €
- Туристичка такса 10€ по лице (се плаќа во агенција)
- Доплата за еднокреветна соба – 5.500 ден
- Доплата за избор на седиште во автобус - 20€
- Доплата на дополнително седиште 150€
НАПОМЕНИ:
- За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
- Организаторот на патувањето не гарантира тип на лежај.( Двокреветна соба може да биде со брачен лежај или со два единечни лежаи, Трокреветна соба може да биде со три класични лежаи, брачен лежај и единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и дополнителен лежај ( ранч кревет или софа), четворокреветна соба може да биде со четири класични лежаи, брачен лежај и 2 единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и 2 дополнителнителни лежаи ( ранч кревет или софа).
- Пасошот треба да има важност најмалку 3 месеци по истекот на патувањето
- Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
- За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 10 дена пред поаѓање
- Попустите не се комбинираат
- Останатите услови на патување важат според годишниот програм на НЕХАР ТРАВЕЛ
- Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред поаѓање.
- Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди време и место на поаѓање.
НЕХАР ТРАВЕЛ ул.Даме Груев бр.18 Скопје Teл: 02/3 13 10 45 Моб: 071 380724
e-mail: info@nehartravel.com.mk web:www.nehartravel.com.mk