ЈЕРИСОС е најубавото и најголемото туристичко место на третиот крак Aтос. Има прекрасна долга песочна плажа која во зеленило и бујна вегетација ве разладува и разгалува во летните месеци. Голема пешачка зона со многу паркови,игралишта,забавни паркови ,таверни, клубови во совршен спокој и мир е епитетот на заливот под Атос – Јерисос.Над самата плажа има аквариум бесплатен за посетителите, супермаркети – Лидл,парфимерии и автентични грчки музеи.
Вила Џулисе наоѓа на одлична местоположба, на само 50 метри од плажа, во многу мирен дел веднаш зад познатиот caffe bar ‘Paprika’. Куќата располага со студио и апартман кои можат да се изнајмат и како заедничка целина (споено), бидејќи се поврзани со скали, но може и како одвоени. Користење на клима уредот и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Има сопствен паркинг пред вилата.
40°24'02.1"N 23°52'46.1"E
40.400575, 23.879469