Салзбург • Инсбрук • Виена 2НП Christmas Market

Од 239 € по лице

Грац, втор по големина град во Австрија, главен град на Штаерската област, еден од најубавите градови на Австрија и една од неговите скриени тајни. Погледот од саат кулата Uhrturmпоставен на јужниот грбен на брдото Шлосберг кон барокните куќи и палати, со покриви од теракотае величенствен. Порано тоа беше Саат кулата а беше и дел од велелепниот Замок срушен од страна на Наполеон… Сјајот на илјадници светла, 15 Божиќни пазари на отворено, сцената од Христово раѓање во природна големина направена од мраз, огромната Божиќна елка со 25.000 светилки поставена на стариот плоштад, се само дел од единствената атмосфера во Грац која ќе Ве маѓепса. Уникатно во Австрија, сите 15 Божиќни пазари се на пешачка дистанца и лесно достапни. Совршена дестинација за овој период од годината !!!

Термин 30 Ноември 2026

 1 ДЕН  30.11.2026 СКОПЈЕ – САЛЗБУРГ

Состанок на групата во 09:30ч. На паркингот на спортски центар Борис Трајковски. Се патува преку г.п. Табановце, Србија,Хрватска, Словенија.. . Ноќно возење со попатни паузи за одмор и гранични формалности…

2 ДЕН 01.12.2026  САЛЗБУРГ

Очекувано пристигнување во Салзбург во предпладневните часови..Прошетка низ стариот дел на градот : Катедралниот плоштад со Катедралата, плоштадот на Моцарт, Стариот плоштад, црквата Св.Петар, куќата на Моцарт, познатата пешачка улица Гетрајдегасе, палатата Мирабел… а над градот величенствено се издигнува Хоензалзбург, една од најголемите и најдобро сочувани средновековни тврдини во Европа. Слободно време за  прошетки низ центарот на градот… уживајте во градот на Моцарт и во барокната архитектура на еден од најмагичните градови за време на Божиќните адвенти. Во ова време Салзбург е како призор од некоја бајка… Не пропуштајте да вкусите австриски колачи, медењаци или печен бадем и да уживате во мирисот на костени, цимети варено вино кој се шири низ калдрмисаните улички додека илјадници светилки создаваат чувство дека Божиќ е на секој чекор…

Сместување во хотел. Ноќевање.

  3 ДЕН  02.12.2026 САЛЗБУРГ – ИНСБРУК

Појадок. По појадокот препорачуваме целодневен излет до главниот град на Тирол, Инсбрук, сместен во срцето на Алпите, град кој во Декември се претвора во една голема романтична бајка.

Опкружен со снежни планински врвови, Инсбрук во ова време на годината изгледа како разгледница.

Името Инсбрук значи “ мост над реката Ин “ , бидејќи градот се развил токму покрај реката, која со векови била важен трговски пат меѓу северна и јужна Европа. Инсбрук е град во кој живееле и владееле Хабзбурговците, а царот Максимилијан оставил силен белег во неговата историја. Денес градот успешно ја спојува царската традиција, Алпскиот дух но и модерниот начин на живот.

Најголема атракција е Стариот град со неговите шарени средновековни куќи и тесните улици со калдрма… во срцето на градот се наоѓа симболот на Инсбрук- Златниот покрив, изграден на почетокот на 16 век, во времето на царот Максимилијан I, украсен со повеќе од 2500 позлатени бакарни плочки, кои и денес блескаат исто како и пред повеќе од 500 год. Токму околу Златниот покрив се одржува и најпознатиот Божичен базар во Инсбрук. Пазарот е полн со дрвени куќички, локални занаетчии, рачно изработени украси, волнени производи и секако Тиролски сувенири… а хоровите кои  пеат божиќни песни создаваат атмосфера која тешко се заборава.

*Hofburg, Царската палата на Хабзбурговците. Едно од најважните културно-историските градби во Австрија со раскошен бароктен ентериер. Првично комплекс на замоци од доцниот среден век, бил проширен во палата во раниот современ период.Неговиот сегашен изглед се базира на доградбите во каснобароктен стил направени за време на царицата Марија Тереза.

*Hofkirche, Дворска црква, позната по монументалната гробница на царот Максимилијан Први и црни бронзани статуи околу гробот.

Ако сакате да почуствувате вистински Тиролски вкус, пробајте варено вино, топол јаболков пунч, печени костени или тиролска штрудла… и препуштете се на магијата што Инсбрук ја создава секој Декември.

Слободно време за индивидуални активности. Враќање во Салзбургво вечерните часови. Ноќевање.

4 ДЕН 03.012.2026 САЛЗБУРГ – ВИЕНА – АУТЛЕТ ШОПИНГ ЦЕНТАР ПАРНДОРФ

Појадок. Го напуштаме хотелот и заминуваме накај Виена. Пристигнување во Виена во пладневните часови.Панорамско разгледување на градот со автобус- Рингот, Операта, Музејската четврт, Парламентот, Палатата Белведере,Зградата на Обидинетите Нации, царската палата Хофбург… Виена со векови била престолнина на моќната Хабсбуршка монархија, и денес секој плоштад, секоја палата секој булевар ја ераскажува приказната за нејзиното славно минато. Следи слободно време во царскиот град кој во Декември блеска во своето најмагично издание… Ако постои град кој знае како да ја претвори традицијата во вистинска бајка, тогаш тоа е Виена. Со повеќе од дваесет Божиќни базари, стотици илјади светилки и раскошно украсени улици, Австриската метропола во ова време од годината изгледа како сцена од Новогодишен филм.

Најпознатиот Божиќен базар се наоѓа пред градската куќа – Ратхаусот, огромниот плоштад е исполнет со десетици дрвени куќички во кои се продават украси и сувенири, но и греано вино и Виенски колбас… а љубителите на слатки не треба да пропуштат да ја пробаат прочуената Захер торта или колачите со марципан.

Во близина е и катедралата Свети Стефан, симболот на Виена… нејзиниот шарен покрив и високата кула доминираат над градот повеќе од 7 века. Во Декември околу катедралата владее посебна атмосфера, исполнета со класична музика, светилки, божиќни хорови,  и празнично расположение.

Со шоља топло кафе или греано вино, парче торта и поглед кон украсените улици, лесно ќе разберете зошто со векови Виена е симбол на префинетост и уживање во животот.

Во договор со водичот, состанок на групата и продолжување на патувањето кон Македонија, со попатна посета нa PARNDORF DESIGNER OUTLET. Слободно време за шопинг…

Ноќно возење со попатни паузи за одмор и гранични формалности.

 

5 ДЕН 04.12.2026 СКОПЈЕ 

Пристигнување во Скопје  во предпладневните часови.

 

Цена на аранжманот: 239€ (14.820 ден.)

 

НЕХАР ТРАВЕЛ   📍 ул. Даме Груев бр.18, Скопје   ☎️ Teл: 02/3 13 10 45  📞  Моб: 071 380 724 ; 071 380 796

📧 e-mail: info@nehartravel.com.mk    web:www.nehartravel.com.mk

 

Аранжманот вклучува

  • Автобуски превоз
  • Сместување во хотел со 2*/3* на база 2 ноќевања со појадок во Салзбург
  • Лиценциран придружник од агенцијата
  • Професионална организација и водство

Не е вклучено

  • Патничко осигурување 300 денари
  • Туристичка такса – 5€ по лице по ноќевање
  • Факултативна посета на Инсбрук – 60€
  • Разглед на Салзбург со водич – 20€
  • Задолжителна посета на Виена и Аутлет Шопинг Центар Парндорф - 30€ (се плаќа во агенција)
  • ПАКЕТ ИЗЛЕТИ 100€
  • Hotel 2/3*

    Описот за овој хотел ќе биде објавен наскоро.

ℹ️ НАПОМЕНИ:

  • За реализација на ова патување, потребен е минимум од 40 патници.
  • Пасошот треба да има важност мин. 3 месеци од денот на враќање.
  • Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 денари
  • За резервација на аранжманот потребна е аконтација од 30%, целосна уплата најдоцна 15 дена пред поаѓање
  • Организаторот на патувањето не гарантира тип на лежај.( Двокреветна соба може да биде со брачен лежај или со два единечни лежаи, Трокреветна соба може да биде со три класични лежаи, брачен лежај и единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и дополнителен лежај ( ранч кревет или софа),   четворокреветна соба може да биде со четири класични лежаи, брачен лежај и 2 единечен класичен лежај, брачен лежај или два единечни лежаи и 2 дополнителнителни лежаи ( ранч кревет или софа).
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата согласно периодот на уплатата.
  • Останатите услови на патување важат според годишниот програм на НЕХАР ТРАВЕЛ
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмалку 5 дена пред поаѓање, поради недоволен број на патници или виша сила.
  •  Патникот има обврска да се јави 24ч. пред патувањето за да потврди термин и час на поаѓање.

Општи услови
1.СОДРЖИНА НА АРАНЖМАНОТ:
Организаторот на патувањето гарантира реализација на аранжманот според описот во програмата. Содржината на аранжманот ќе се оствари според програмата на опишаниот начин, освен во случај на виша сила (војна, штрајк, терористички акции, елементарни непогоди, сообраќаен е граничен застој и слично.) Во таков случај организаторот ќе понуди дефинитивен алтернативен и обврзувачки програм. Усмените информации не може да го обврзат организаторот повеќе од она што е истакнато во програмата.

2.ПРИЈАВИ И УПЛАТИ:
Пријави за секое патување се вршат до пополнување на местата со уплата на аконтација назначена за секоја поединечна програма. Пријавувањето може да се изврши во НЕХАР ТРАВЕЛ и во сите туристички агенции, обвластени за продажба на аранжманите, како и преку Пошта на општа уплатница. При пријавувањето купувачот задолжително уплатува аконтација наведена според програмата а останатиот дел по потврдување од службата за резервации, не покасно од 14 дена пред патувањето. При пријавувањето патникот потпишува пријава – договор со назнака ви изјавувам дека сум запознаен со програмата и општите услови за патување и дека во целост ги прифаќам со што општите услови на патување стануваат правна обврска за организаторот и за патникот.

3.ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:
Цените на сите патувања се дадени по лице, на база на хотелското сместување во двокреветни соби на база на како е наведено во програмата. Апартманите се продаваат како НАЕМ за наведен број соби. Секое посебно барање во врска со сместувањето подразбира додатни плаќања. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на цената на аранжманот, во случај на промена на девизниот курс на пазарот или промената на цената на хотелските услуги и превозот предвиден според програмата или намалување на бројот на патници под минимумот предвиден во програмата. За зголемување на цената до 10% не е потребна согласност на патникот ( се прсметува на двата дела на уплата, т.е. вкупната цена) Доколку зголемувањето е поголемо од 10 %, патникот има право да го раскине договорот без обврска за надокнада на штетата. Уплатените пари во тој случај се враќаат во целост. Плаќањето е во денарска противвредност според куповниот курс на нашата деловна банка на денот на уплаќањето, доколку е истакната само девизната цена. За сите уплати задолжително е да се добие фискална сметка.

4.КАТЕГОРИЗАЦИЈА НА ХОТЕЛИ:
Понудените хотели и апартмани се опишани според националната категоризација за секоја земја поединечно во време на издавање на програмата. Квалитетитот на услугите е под надлежност на локалните туристички организации. Стандардите на сместување у услуги се различни по дестинации и не се споредуваат. Организаторот нема обврска да ги пријави имињата на хотелите (категоризацијата секако се објавува) доколку тоа не е предвидено во програмата. Кај програмата ФОРТУНА ХОТЕЛИ – организаторот се обврзува патникот да ја добие уплатената КАТЕГОРИЗАЦИЈА. Името на хотелот, спратот, погледот од собата, се добива при пристигнување на дестинацијата.

5.ОПИС НА УСЛУГИТЕ (ПЛАНА НА ОБРОЦИ)
Планот на оброци е според секоја програма поединечно: НП (ноќевање со појадок), ПП (полу пансион – појадок, вечера, ноќевање) П ( полн пансион – појадок, ручек, вечера, ноќевање), СЕ ВКЛУЧЕНО (АИ) (полн пансион + домашен пијалок.)Доколку посебно не е назначено, оброците се класични ( појадок континентален, ручек и вечера на послужување) Секоја земја има свој начин на исхрана ( избор на храна, пијалоци и количина), во кој организаторот не може да влијае. Во апартманите (НАЕМ) нема обезбедено исхрана.

6.ДЕВИЗЕН ДЕЛ:
Кај одредени програми покрај денарскиот дел може да постои и девизен дел: Тоа подразбира дел од девизниот аранжман на странскиот партнер кој по негово барање се уплатува на лице место на негов преставник за сервисирање на истиот.

7.РАТИ:
Аранжманите може да се плаќаат на рати. Комплетната сума се уплатува најдоцна 14дена пред патувањето. Дополнителни информации во агенција за можни начини на кредитирање.

8.ПАТНИ ИСПРАВИ И ВИЗИ:
Корисниците на патувањето се должни да поседуваат важечки пасош и да се информираат кај организаторот на патувањето, дали за земјата во која патуваат (или транзитните земји) е потребна виза, за таа навреме да се обезбеди. Организаторот на патувањето не прифаќа никаква одговорност за евентуалната неисправност на пасошот или дадени невистинити податоци од патникот или за невремено обезбедена виза. Организаторот на патувањето не превзема никаква одговорност доколку дипломатско – конзуларното претставништво го одбие издавањето на виза или ако емиграционото одделение на странската земја не одобри влез. Сите евентуално трошоци ги сноси учесникот, според општите услови на патувањето.

9.ЗДРАВСТВЕНИ ПРОПИСИ И ЗАШТИТА:
Учесниците на патувањето се должни да се информираат кај надлежната установа и да ги почитуваат сите здравствени прописи за патување во одредена земја. (вакцина или здравствен документ.)Во случај на болест во текот на користењето на аранжманот, трошоците за лечење и евентуалните лекарски интервенции ги сноси учесникот на патувањето, а по враќањето во земјата делот од трошоците може да ги надополни со соодветна документација во фонд за здравствено осигурување, доколку со таа земја е склучен договор за здравствено осигурување или преку задолжително патничко осигурување кое се уплатува кај организаторот.

10.ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:
Пријави и уплати на факултативните излети ги прима водичот т.е. локалниот водич на лице место во валута на земјата во која излетот се реализира. Информациите за цените на излетите може да се добијат на продажното место. Цените на факултативните излети ги одредува иностраниот партнер и истите се променливи. Потребен минимум да се организира излетот е 20 патници, освен ако не е наведено поинаку.Излетите можат да претрпат промениво однос на денови исатници. Доколку патникот не сепојави на договореното место и време за излетот, водичот има право да замине на излетот со остатокот на групата без да го чека или контактира патникот кој доцни, а уплатените средства за излетот се неповратни.

11.ИЗМЕНИ ВО ПРОГРАМАТА:
Организаторот има право да ја измени програмата за патување и нејзиното траење и содржина, во случај на виша сила или настанати околности кој организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (наведени според член 1.)Во ваков случај учесникот на патувањето нема право на надокнада. Организаторот го задржува правото да го одложи или откаже патувањето во случај на недоволен број на пријавени патници најдоцна 7 дена пред поаѓање. Во овој случај агенцијата му го враќана патникот во целост уплатениот износ во рок од 8 дена од денот на откажувањето. Доколку постојат оправдани причини, во текот на патувањето можни се измени во редоследот на престојот, во туристичката програма како и во сместувањето. Доколку дојде до промена на сместувањето, агенцијата ќе обезбеди сместување во рамката на иста или повисока категорија. Патникот нема право на жалба и надокнада за такво променето сместување.

12.ОТКАЗ НА АРАНЖМАНОТ:
Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето. Исклучиво во писмена форма. Доколку патникот се откаже од патувањето поради причини кои неможел да ги избегне или отстрани (болест, несреќа) Организаторот на патникот му го враќа уплатениот износ со одбивањена реалните трошоци кои произлегуваат од откажувањето. Во овој случај патникот е должен во рок од 5 дена на организаторот да му достави писмена потврда за причината на откажување издадена од надлежни органи. Во секој друг случај организаторот има право на надокнада поради неоправдано откажување, која се одредува во зависност од времето на откажување, и наплата на отказни трошоци во однос на аранжманот, според следната скала.

 

* За отказ повеќе од 30 дена се пресметува манипулативен трошок 1.200 ден.

* За отказ до 30 дена пред патување: 30% од вкупниот износ на аранжманот

* За отказ од 29 – 15 дена пред поаѓање 50% од вкупниот износ на аранжманот

* За отказ од 14 – 05 дена пред поаѓање 80% од вкупниот износ на аранжманот

* За отказ од 05 – 00 дена пред поаѓање 100% од вкупниот износ на аранжманот

Ако патникот не се појави или го откаже аранжманот на денот на поаѓање, организаторот ќе го наплати целокупниот аранжман. Во случај на отказ на веќе потврдена “резервација на барање” организаторот наплатува отказни трошкови во висина на уплатената аконтација. За промена на термин или промена на име на патник, доколку е можно, организаторот ќе наплати манипулативни трошкови во износ од 20 евра.

13.ОБВРСКИ НА ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕ:
Организаторот е обврзан да се грижи за реализација на услугите и програмата во целост со внимание на добар организатор и да се грижи за интересите на патниците согласно добрите обичаи во туризмот. Организаторот е должен да му ги овозможи на патникот сите услуги наведени во програмата и одговара за евентуалното неизвршување целосно или делумно. Организаторот исклучува секаква одговорност во случај на промени и неизвршување на услуги предизвикани од дејство на виша сила (член 1.) или од доцнењето на превозните средства, за кои превозникот не одговара согласно позитивните прописи и меѓународни конвенции. Организаторот не одговара во случај на неисправност, кражба или губење на патната исправа која влијае на неиполнување на програмат во целост или на дел. Патникот во тој случај ги сноси сите трошкови и одговорноста. Организаторот на патувањето и превозникот немаат обврска да обезбедат штекери за полнење на телефони или други електронски уреди.

14.ОБВРСКИ НА ПАТНИКОТ:
Патникот е обврзан да се грижи да тој лично, неговите документи и патни торби ги исполнуваат предвидени со граничните, царинските, здравствените и други прописи на својата земјата во која патува. Да се придржува кон куќниот ред во угостителските и хотелските објекти, превозни средства, и да соработува со преставникот на организаторот во добра намера. Во случај на непочитување на одредени обврски, патникот одговара на организаторот (или непосредниот давател на услугата) за направената штета. Патник кој свесно го ремети редот во објектите односно возилото може да биде отстранет од аранжманот без право на надомест. Трошковите и одговорноста се на патникот.

Според Европските тековни прописи во автубусите несмее да се ставаат кеси за отпад на рачките на седиштата. Должност на секој патник е да го исфрли својот отпад во канта за отпадоци на секоја пауза.

15.БАГАЖ:
Патникот има права на бесплатен превоз до 15кг на чартер летовите и редовните авионски линии + 1 рачен багаж. Кај автобускиот превоз дозволен е 1багаж односно патна торба до 20кг. За повеќе багаж и тежина се наплатува во зависност од можноста и дестинацијата. Деца до 2години немаат седиште авион и право на бесплатен багаж. Губењето на багажот со авион е одговорност на авио превозникот според меѓународните конвенции. Организаторот не одговара за изгубениот багаж и драгоцености за време на патување или престој (препорачуваме на сеф)

16.СМЕСТУВАЊЕ ВО СОБИ:
Доколку патникот не договорил посебна соба/апартман со посебни карактеристики, се смета дека ќе прифати било која официјално регистрирана соба/апартман за сместување во договорениот објект опишана во каталогот (програмата) и ценовникот. Доколку е возможно ќе се обиде да одговори дополнително на дополнителните барања на патникот (конфор, ориентација на соба, кат) но не може да гарантира на патникот за таквото барање. Сместувањето во хотелските соби е после 14.00ч, во апартманите после 16.00ч а напуштање на собите/апартманите е до 10.00ч, доколку со куќниот ред не е поинаку назначено во одреден објект.

17.РЕШАВАЊЕ НА ПРИГОВОРИ:
Во случај на непотполно или неквалитетно извршување на услугите предвидени во програмата, учесникот на патувањето има право на сразмерно обештетување доколку поднесе писмен (поединечен) приговор. Потписникот на договор има право на приговор врз основа на докажана неизвршена договорена услуга според програмата. Организаторот нема да прима на разгледување приговори кои ги поднесуваат повеќе носители на договори.

Постапка за поднесување на приговор:

Веднаш на самото место се инфоормира преставнико на агенцијата, односноо извршителот на услугите.
Патникот е должен да соработува со претставникот и со извршителот на услугите во добра намера за се отстранат причините за приговорот. Доколку патникот не го прифати понуденото решение кое одговара на уплатената услуга, организаторот нема да ја уважи дополнителната рекламација на патникот и нема да одговори на истата.
Ако причината за рекламација не е отстранета, патникот во присуство на претствникот или извршителот на услугата прават писмена потврда (записник)
Најдоцна 8 дена по завршување на аранжманот патникот е должен да поднесе писмен приговор до организаторот со презентација на копија од записникот и направени евентуални трошкови. Организаторот ќе ги прими на разгледување само потполно документираните приговори поднесени во наведениот рок.
Организаторот е должен да поднесе писмено решение во рок од 14 дена од приемот на приговорот. Организаторот може да го пролонгира рокот на решавањето на приговорот заради комплетирање на информациите и проверка на наведените рекламации кај извршителот на услугата. Организаторот ќе ги решава само оние рекламации за кои во местото на одмор (патување) не можеле да бидат отстранети причините кои ги предизвикале.
Доколку организаторот не поднесе решение по приговорот, патникот се од посредување на било кое друго лице, судска установа или давање информации во јавните медиуми.
Највисоката надокнада по приговорот, може да достигне сума до износот на рекламираниот дел на услугите, но тоа не ги вклучува веќе искористените услуги како и севкупниот износ на аранжманот. Со ова се исклучува правото на патникот за идеална штета.
Доколку причината не се отстрани, заедно составуваат записник како потврда за рекламација. Најдоцна 8 дена по завршувањето на аранжманот патникот може да поднесе писмена рекламација до организаторот со која треба да го приложи и записникот потпишан од преставникот, како и евентуалните сметки за додатни трошоци. После тој рок рекламацијата не уважува.
Организаторот е должен да поднесе писмено решение на овој приговор во рок од 14 дена по приемот. Додека организаторот не поднесе писмено решение и додека постапката за негово изнаоѓање е во тек, патникот се одрекува од поднесување на кое било друго лице, судска установа или давање информации во јавните гласила.
Најголемата надокнада после рекламацијата може да достигне вредност на цената на аранжманот. Со ова се исклучува правото на купувачот на идеална штета.
18.НАДЛЕЖНОСТ НА СУДОТ:
Во смисла на точка 16 од овие услови, купувачот на услугите на одредена програма има право на рекламација кај организаторот на патувањето. Доколку купувачот не е задоволен од решението на организаторот, има право да бара дополнителна арбитража од страна на СКТМ или од страна на надлежниот суд во Скопје. За се што не е регуларно со одредбите на општите услови на патување , ќе се применат одредбите од законот за облигациони односи.

19.ВАЖНИ НАПОМЕНИ:
Патникот да ја провери трајноста на патната исправа
Учесникот на патувањето е должен сам да се грижи за своите лични предмети, патни документи, и платежни средства.
Припатување со авион на редовна или чартер линија, потребно е да се провери времето на полетување еден ден пред поаѓање на пат бидејќи се можни промени во редот на летање. Организаторот не сноси одговорност во случај на измена на станицатана поаѓање.
При патување во автобус, местата на седење се одредуваат според редоследот на пријавување кај организаторот на патувањето
Аеродромските такси не се вклучени во цената на аранжманот освен ако тоа во програмата не е поинаку назначено, и се променливи.

Останати патувања

04-08 Декември 2026
Сигурна реализација
Истанбул од 1001 ноќ 2НП Декември
Од 129 € по лице
04-09 Декември 2026
Краков (Wawel • Величка • Варшава • Шиндлеровата фабрика) 3НП Christmas Market
Од 239 € по лице
04-08 Декември 2026
Милано ( Лугано • Комо • Сирмионе) 2НП Christmas Market
Од 239 € по лице