Шпанија Лето 2027 • Авион

Од 539 € по лице

Земја со богата историја, традиција и култура. Земја на Фламенгото, коридата и виното. Сончева, топла и возбудлива 24 часа. Ве водиме на Коста Брава – “ Дива Обала”, со стрмни, избраздани карпи и проѕирно сино море, скриени заливи, широки песочни плажи, во позадина со борова и храстова шума. Коста Брава т.е. Каталонската Ривиера нуди прекрасен одмор, многу атрактивни излети и незаборавни ноќи: Барселона, Фигерас, забавниот парк Порт Авентура, водени лудории, аквариум… а ноќе многубројни дискотеки, барови и забава до раните утрински часови… Ние за Вас го одбравме најпознатиот центар на Коста Брава > ЛОРЕТ ДЕ МАР 34 Години искуство, традиција, квалитет и задоволни патници со НЕХАР!

🌴 Шпанија Лето 2027

Програма:

01 ден  • Скопје – Браселона – Љорет Де Мар – Санта Сузана – Малграт Де Мар

Состанок на аеродром  Скопје 2 часа пред лет. Лет за Барселона во 18:00ч.  Слетување во Барселона во 20:50ч. Трансфер до Љорет де Мар. Сместување во одбраниот хотел.

2-7 ден  • Љорет Де Мар – Санта Сузана – Малграт Де Мар 

Престој на база 7 ноќевања (со појадок, полу пансион/ полни пансиони, по ваш избор).

За време на престојот ќе бидат организирани бројни факултативни излети: Barcelona Panoramica, Barcelona Magic,Costa Brava Tour, Port Aventura – забавниот парк, Aquarium, Pueblo Espanol, Flamenco Show…

 8 ден  • Љорет Де Мар – Санта Сузана – Малграт Де Мар – Браселона – Скопје

Појадок. Напуштање на собите до 10.00 ч. Стварите се оставаат во дежурна соба или простор предвиден за одлагање на багажот.  Слободен ден за одмор, прошетки и индивидуални активности. Гостите може да ги користат хотелските содржини.

Трансфер до аеродром во Барселона 4 часа пред редовниот термин за полетување на авионот. Нашиот преставник секако ќе ве извести.

Лет за Скопје во 21:35ч. Слетување на авионот на Скопскиот аеродром во 00:20ч. следниот календарски ден.

 Цена за Авионски пакет аранжман по особа според дадените термини во табелите:

 

ALEGRIA FENALS MAR 3* LLORET DE MAR – COSTA BRAVA
Јуни Јули Август Септември
Стандардна соба 5 12 19 10 17 24 31 7 14 21 28 4 11 18
По лице во 1/2 соба Н 619 629 739 849 899 899 899 899 899 829 749 739 639 569
Трето лице во 1/2+1 соба Н 549 559 639 719 759 759 759 759 759 699 649 639 569 509
“EARLY BOOKING” Цена: Резервација до 25.02.2027
По лице во 1/2 соба Н 590 599 699 799 839 839 839 839 839 779 709 699 609 549
Трето лице во 1/2+1 соба Н 529 559 609 679 719 719 719 719 719 669 619 609 569 509
Early Booking: 50% при резервација, доплата до вкупна сума најдоцна 20 дена пред пат !
Доплата за 7 Појадока: 45 евра
Доплата за 7 ПОЛУ ПАНСИОНИ ( Појадок + Вечера): 125 евра
Н: Ноќевање Напомена: хотелот прима само возрасни лица +18 години

 

ALEGRIA PLAZA PARIZ 4* LLORET DE MAR – COSTA BRAVA
Јуни Јули Август Септември
Стандардна соба 5 12 19 10 17 24 31 7 14 21 28 4 11 18
По лице во 1/2 соба Н 669 689 799 859 879 879 899 899 879 769 679 669 629 589
Трето лице во 1/2+1 соба Н 569 589 669 709 719 719 729 729 719 639 579 569 549 519
1,2 дете 2-11. во1/3-4 соба Н 509 519 569 609 609 609 619 619 609 559 519 509 489 469
“EARLY BOOKING” Цена: Резервација до 25.02.2027
По лице во 1/2 соба Н 639 649 749 809 829 829 839 839 829 719 649 639 599 569
Трето лице во 1/2+1 соба Н 549 559 629 669 679 679 689 689 679 609 559 549 529 499
1,2 дете 2-11 г. во1/3-4 соба Н 489 499 549 579 589 589 599 599 589 539 499 489 479 459
Early Booking: 50% при резервација, доплата до вкупна сума најдоцна 20 дена пред пат !
Доплата за Појадок за цело време на престој во Шпанија: 50 € /деца 25 €
Доплата за 7 ПОЛУ ПАНСИОНИ (Појадок + Вечера): 125 € / деца 60 €
Доплата за 7 ПОЛНИ ПАНСИОНИ (Појадок +Ручек+ Вечера): 165 € /деца 80 €
Н: Ноќевање

 

ALEGRIA SUN VILLAGE 4* LLORET DE MAR – COSTA BRAVA
Јуни Јули Август Септември
Стандардна соба 5 12 19 10 17 24 31 7 14 21 28 4 11 18
По лице во 1/2 соба Н 659 679 779 849 869 869 899 899 899 749 669 669 629 579
Трето лице во 1/2+1 соба Н 559 579 649 699 709 709 729 729 729 629 569 569 539 509
1,2 дете 2-11 г. во1/3-4 соба Н 499 509 569 599 609 609 619 619 619 549 509 509 489 469
“EARLY BOOKING” Цена: Резервација до 25.02.2027
По лице во 1/2 соба Н 629 639 739 799 819 819 839 839 839 709 639 639 599 559
Трето лице во 1/2+1 соба Н 539 549 619 659 679 679 689 689 689 599 549 549 519 499
1,2 дете 2-11 г. во1/3-4 соба Н 489 499 539 569 579 579 599 599 599 529 489 489 469 449
Early Booking: 50% при резервација, доплата до вкупна сума најдоцна 20 дена пред пат !
Доплата за Појадок за цело време на престој во Шпанија: 50 € / деца 25 €
Доплата за 7 ПОЛУ ПАНСИОНИ (Појадок + Вечера): 125 € / деца 62 €
Доплата за 7 ПОЛНИ ПАНСИОНИ (Појадок +Ручек+ Вечера): 195 € / деца 97 €
Н: Ноќевање

 

ALEGRIA MARINER 4* LLORET DE MAR – COSTA BRAVA
Јуни Јули Август Септември
Стандардна соба 5 12 19 10 17 24 31 7 14 21 28 4 11 18
По лице во 1/2 соба Н 699 719 839 929 949 949 949 959 959 799 729 709 659 1.099
3-то лице во 1/2+1 соба Н 589 609 689 759 769 769 769 769 769 659 609 599 559 869
4-то лице во 1/2+2 соба Н 589 609 689 759 769 769 769 769 769 659 609 599 559 869
“EARLY BOOKING” Цена: Резервација до 25.02.2027
По лице во 1/2 соба Н 659 679 789 869 889 889 889 899 899 749 689 679 629 1.019
3-то лице во 1/2+1 соба Н 569 579 659 719 729 729 729 729 729 629 589 579 539 819
4-то лице во 1/2+2 соба Н 569 579 659 719 729 729 729 729 729 629 589 579 539 819
Booking: 50% при резервација, доплата до вкупна сума најдоцна 20 дена пред пат !
Доплата за Појадок за цело време на престој во Шпанија: 50 €
Доплата за 7 ПОЛУ ПАНСИОНИ (Појадок + Вечера): 120 €
Доплата за 7 ПОЛНИ ПАНСИОНИ (Појадок +Ручек+ Вечера): 160 €
Доплата за соба со поглед на море: 60 € по лице за 7 ноќи
Н: Ноќевање Напомена: хотелот прима само возрасни лица +18 години

 

DON JUAN 4* LLORET DE MAR – COSTA BRAVA
Јуни Јули Август Септември
Стандардна соба 5 12 19 10 17 24 31 7 14 21 28 4 11 18
По лице во 1/2 соба ПП 669 669 699 799 909 909 909 909 909 909 669 669 669 649
3-то лице во 1/2+1 соба ПП 639 639 669 759 859 859 859 859 859 859 639 639 639 619
1 дете 2-11,99 г. во1/3 соба ПП 509 509 529 579 629 629 629 629 629 629 499 499 499 499
Booking: 50% при резервација, доплата до вкупна сума најдоцна 20 дена пред пат !
Доплата за 7 ПОЛНИ ПАНСИОНИ (Појадок +Ручек+ Вечера): 30€/деца 15€ (вклучено вода и вино)
Доплата за Superior soba: 55 € по лице 7 ноќи / деца 25€
ПП: ПОЛУПАНСИОН ( Појадок + вечера + вино и вода за време на вечерата)

 

AMATISTA 4* SUP. LLORET DE MAR – COSTA BRAVA
Јуни Јули Август Септември
Стандардна соба 5 12 19 10 17 24 31 7 14 21 28 4 11 18
По лице во 1/2 соба ПП 759 759 879 1.049 1.049 1.059 1.119 1.119 1.079 979 879 839 819 759
3-то лице во 1/2+1 соба ПП 679 679 769 919 919 919 969 969 929 849 769 739 719 679
1,2 дете 2-13 г. во1/3-4 соба ПП 549 549 609 699 699 709 729 729 709 659 609 599 579 549
Booking: 50% при резервација, доплата до вкупна сума најдоцна 20 дена пред пат !
ПП: ПОЛУПАНСИОН, вклучено вода и вино за време на вечерата.

 

HELIOS 4* LLORET DE MAR – COSTA BRAVA
Јуни Јули Август Септември
Стандардна соба 5 12 19 10 17 24 31 7 14 21 28 4 11 18
По лице во 1/2 соба НП 999 1.019 1.099 1.399 1.399 1.429 1.589 1.589 1.589 1.229 1.169 1.039 969 969
“EARLY BOOKING” Цена: Резервација до 25.02.2027
По лице во 1/2 соба НП 949 959 1.039 1.319 1.319 1.339 1.489 1.489 1.489 1.139 1.109 989 919 919
Early Booking: 50% при резервација, доплата до вкупна сума најдоцна 20 дена пред пат !
Доплата за 7 ПОЛУ ПАНСИОНИ (Појадок + Вечера): 80€, 7 ПП + вода и вино:130€
Доплата за соба со поглед на базен: 110€ по лице
НП: Ноќевање со појадок Напомена: хотелот прима само возрасни лица +18 години

 

GHT OASIS PARK 4* LLORET DE MAR – COSTA BRAVA
Јуни Јули Август Септември
Стандардна соба 5 12 19 10 17 24 31 7 14 21 28 4 11 18
По лице во 1/2 соба НП 669 669 739 859 859 859 919 929 929 879 869 709 709 709
3-то лице во 1/2+1 соба НП 599 599 659 749 749 749 809 819 819 769 769 639 639 639
1-во дете 2-12г. во1/2+1 соба НП 399 399 459 499 499 499 519 529 529 509 519 399 399 399
2-ро дете 2-11г. во1/2+2 соба НП 499 499 539 599 599 599 629 639 639 609 599 529 529 529
“EARLY BOOKING” Цена: Резервација до 25.02.2027
По лице во 1/2 соба НП 619 619 679 779 779 779 839 849 849 799 789 649 649 649
3-то лице во 1/2+1 соба НП 569 569 609 689 689 689 739 749 749 709 699 589 589 589
1-во дете 2-12г. во1/2+1 соба НП 389 389 449 479 479 479 489 499 499 479 489 389 389 389
2-ро дете 2-11г. во1/2+2 соба НП 429 429 459 509 509 509 539 549 549 516 509 449 449 449
Booking: 50% при резервација, доплата до вкупна сума најдоцна 20 дена пред пат !
Доплата за 7 ПОЛУ ПАНСИОНИ (Појадок + Вечера): 40€ / деца 20€ , вклучено вода и вино
Доплата за 7 ПОЛНИ ПАНСИОНИ (Појадок +Ручек+ Вечера):80€/деца 40€,вклучено вода и вино
Доплата за соба со поглед на базен: 20€ по лице / деца 10€
Доплата за Апартман : 120€ по лице / деца 60€
Доплата за Junior Suite : 180€ по лице / деца 90€

 

GHT AQUARIUM 4* LLORET DE MAR – COSTA BRAVA
Јуни Јули Август Септември
Стандардна соба 5 12 19 10 17 24 31 7 14 21 28 4 11 18
По лице во 1/2 соба НП 739 739 789 909 909 909 969 989 989 929 899 769 769 769
3-то лице во 1/2+1 соба НП 659 659 699 799 799 799 849 859 859 809 789 689 689 689
1,2 дете 2-11 г. во1/3-4 соба НП 409 409 569 629 629 629 659 669 669 639 619 409 409 409
“EARLY BOOKING” Цена: Резервација до 25.02.2027
По лице во 1/2 соба НП 679 679 729 819 819 819 879 889 889 839 819 709 709 709
3-то лице во 1/2+1 соба НП 609 609 649 729 729 729 769 779 779 739 719 639 639 639
1,2 дете 2-11 г. во1/3-4 соба НП 399 399 539 589 589 589 609 619 619 589 579 399 399 399
*Early Booking: 50% при резервација, доплата до вкупна сума најдоцна 20 дена пред пат !
Доплата за 7 ПОЛУ ПАНСИОНИ (Појадок + Вечера): 40€ /деца 20€ , вода и вино вклучено
Доплата за 7 ПОЛНИ ПАНСИОНИ (Појадок +Ручек+ Вечера): 90€ / деца 45€,вода и вино вклучено
НП: Ноќевање со појадок

 

ALEGRIA MARPINS 4* MALGRAT DE MAR – COSTA MARESME
Јуни Јули Август Септември
Стандардна соба 5 12 19 10 17 24 31 7 14 21 28 4 11 18
По лице во 1/2 соба Н 659 679 779 839 889 889 889 889 889 739 689 689 629 569
3-то/ 4-то лице во 1/2+2 соба Н 569 579 649 689 729 729 729 729 729 619 589 589 539 499
1,2 дете 2-11 г. во1/3-4 соба Н 499 509 559 599 619 619 619 619 619 539 519 519 489 459
EARLY BOOKING Цена: Резервација до 25.02.2027
По лице во 1/2 соба Н 629 649 729 789 829 829 829 829 829 699 659 659 599 539
3-то/ 4-то лице во 1/2+2 соба Н 549 559 619 659 689 689 689 689 689 599 569 569 519 489
1,2 дете 2-11 г. во1/3-4 соба Н 489 499 539 569 589 589 589 589 589 519 499 499 469 449
Booking: 50% при резервација, доплата до вкупна сума најдоцна 20 дена пред пат !
Доплата за 7 Појадока: 50€ / деца 25€
Доплата за 7 ПОЛУ ПАНСИОНИ (Појадок + Вечера): 120€ / деца 60€
Доплата за 7 ПОЛНИ ПАНСИОНИ (Појадок +Ручек+ Вечера): 180€ / деца 90€
Н: Ноќевање

 

ALEGRIA FLORIDA PARK 4* SANTA SUSANA – COSTA MARESMEAL
Јуни Јули Август Септември
Стандардна соба 5 12 19 10 17 24 31 7 14 21 28 4 11 18
По лице во 1/2 соба НП 699 769 789 899 919 1.029 1.029 1.029 999 919 799 779 699 689
1,2 дете 2-11 г. Во 1/2+2 соба НП 529 559 569 619 629 689 689 689 679 639 569 559 529 519
“EARLY BOOKING” Цена: Резервација до 25.02.2027
По лице во 1/2 соба НП 669 729 749 Нема можност за Early Booking 759 739 669 659
1,2 дете 2-11 г. Во 1/2+2 соба НП 509 539 549 Нема можност за Early Booking 549 539 509 499
Early Booking: 50% при резервација, доплата до вкупна сума најдоцна 20 дена пред пат !
Доплата за 7 ПОЛУ ПАНСИОНИ : Јуни и Септември: 60€ / деца 30€ / Јули и Август: 80€, деца: 40€
Доплата за 7 ПОЛНИ ПАНСИОНИ: Јуни и Септември: 140€ / деца 70€ / Јули и Август: 180€, деца: 90€
НП:Ноќевање со појадок Напомена: максимум 2 возрасни и 2 деца. Нема можност за 3 возрасни лица

 

ALEGRIA CAPRICI VERD 4* SANTA SUSANA – COSTA MARESME
Јуни Јули Август Септември
Стандардна соба 5 12 19 10 17 24 31 7 14 21 28 4 11 18
По лице во 1/2 соба НП 799 799 809 899 919 1.029 1.029 1.029 ### 869 789 779 719 639
3-то лице во 1/2+1 соба НП 689 689 699 759 769 859 859 859 859 739 679 669 629 559
1,2 дете 2-11 г. во1/3-4 соба НП 569 569 579 619 629 689 649 689 689 609 569 559 529 489
“EARLY BOOKING” Цена: Резервација до 25.02.2027
По лице во 1/2 соба НП 749 749 759 839 859 959 959 959 959 819 739 729 679 609
3-то лице во 1/2+1 соба НП 649 649 659 719 729 799 799 799 799 699 639 639 599 539
1,2 дете 2-11 г. во1/3-4 соба НП 549 549 559 589 599 649 649 649 649 579 539 539 519 479
Early Booking: 50% при резервација, доплата до вкупна сума најдоцна 20 дена пред пат !
Доплата за 7 ПОЛУ ПАНСИОНИ: Јуни и Септември: 60€ / деца 30€ / Јули и Август: 80€, деца: 40€
Доплата за 7 ПОЛНИ ПАНСИОНИ: Јуни и Септември:140€ /деца 70€ / Јули и Август: 160€, деца: 80€
НП:Ноќевање со појадок Напомена: максимум 2 возрасни и 2 деца. Нема можност за 3 возрасни лица

 

Опис на хотелите во Љоре де Мар, Коста Бррава, Шпанија на нашата веб страна

Уплата на аванс 30% при резервација + 20% до 10.03.26, останатиот дел најдоцна 20 денови пред поаѓање

Факултативни излети и влезници според програмата. Распоредот на излетите го преставува нашиот преставник во Шпанија.  Факултативните излети се уплатуваат кај нашиот преставник во Шпанија, вториот ден од пристигнувањето. Веќе пријавен и платен излет, нема можност за отказување. Повеќе информации во агенција.

Ограничен број на авио билети и соби по хотели во секоја смена!

 

Пријатен летен одмор Ви посакува екипата на НЕХАР ТРАВЕЛ Скопје.

 

НЕХАР ТРАВЕЛ   📍 ул. Даме Груев бр.18, Скопје   ☎️ Teл: 02/3 13 10 45  📞  Моб: 071 380 724 ; 071 380 796

📧 e-mail: info@nehartravel.com.mk    web:www.nehartravel.com.mk

Аранжманот вклучува

  • Авио билет на релација Скопје-Барселона-Скопје
  • Аеродромски такси,
  • Кабински багаж до 10 кг (40х30х20 см)
  • 7 Ноќевања со појадок/полупансион/полн пансион, според табелата во одбран хотел.
  • Трансфер од Аеродром во Барцелона до одбран хотел ,
  • Услуги на нашиот иностран преставник,
  • Услуги на нашиот преставник кој ги организира факултативните излети.

Не е вклучено

  • Задолжително патничко осигурување - 320денари (се плаќа во агенција).
  • Туристичка такса за хотели Шпанија - 1€/ден хотел со 3* / 1,50€/ден хотел со 4* (се плаќа на лице место на
  • рецепција при сместување). Цените може да претрпат измени.
  • Доплата за чекиран багаж до 10 кг. - 4.950 ден. / 20 кг. - 7.000 ден. Резервирање исклучиво при пријавивање
  • за патување. Информација во Агенција.
  • Доплата за еднокреветна соба: плус 50% од цената дадена во ценовникот.
  • Alegria Fenals Mar 3*

    ALEGRIA Fenals Mar 3* е пријатен хотел сместен во мирниот и елегантен дел Fenals во Lloret de Mar, познат по убавата песочна плажа и опуштената атмосфера. Хотелот е одличен избор за гости кои сакаат мирен одмор, а сепак да бидат блиску до центарот, шеталиштето и туристичките содржини. Плажата Fenals се наоѓа на околу 150 метри од хотелот, односно само неколку минути пешачење. Хотелот располага со надворешен базен, ресторан, бар и пријатна тераса за релаксација. Во близина има бројни кафулиња, продавници и ресторани, а околината нуди прекрасна медитеранска атмосфера.

     

  • Alegria Plaza Paris 4*

    Alegria Plaza Paris 4* е еден од попознатите хотели во центарот на Лорет де Мар, сместен на околу 200-300 метри од главната плажа Lloret Beach, односно 3-5 минути пешачење. Хотелот е во самиот центар на туристичките случувања, во близина на продавници, ресторани и шеталиштето.Стандардните 1/2 соби се комотни за две лица, додека 1/2+1 собите имаат дополнителен кревет или софа за трето лице.

     

  • Don Juan 4*

    Don Juan 4* е еден од најпопуларните хотели во Лорет де Мар, сместен на околу 350 метри од песочната плажа и во близина на центарот на градот. Хотелот е одличен избор за семејства, парови и групи кои сакаат активен одмор и добра локација. Хотелот располага со комфорни 1/2, 1/2+1, 1/2+2 и семејни соби, опремени со клима уред, балкон, ТВ, Wi-Fi и сопствено купатило. На гостите им се на располагање повеќе надворешни базени, детски базен, ресторан со шведска маса, барови, спортски терени, детски клуб и анимациски програми.

     

  • Alegria Sun Village 4*

    ALEGRIA Sun Village 4* е модерен хотел со пријатна и опуштена атмосфера, сместен во тивкиот дел на Lloret de Mar, на неколку минути пешачење од плажата Sa Caleta и познатиот центар на градот. Благодарение на одличната локација и убавиот панорамски поглед кон морето и градот, хотелот е идеален избор за летен одмор на Costa Brava. Хотелот располага со два базени, сончева тераса со лежалки, ресторан и бар, а модерниот медитерански стил создава чувство на удобност и релаксација. Плажата е оддалечена околу 300 метри од хотелот.

  • Alegria Mariner 4* (Adults only)

    Hotel Mariner 4* во Lloret de Mar е модерен хотел, сместен на само неколку чекори од плажа (околу 40–50 метри од плажа), во помирниот дел на градот, а сепак блиску до центарот и шеталиштето. Хотелот е идеален за одмор, релаксација и уживање на Costa Brava, со одлична комбинација од добра локација, удобност и современ дизајн. Хотелот располага со модерно уредени и светли соби со балкон, надворешен базен со лежалки, ресторан на база шведска маса и пријатна атмосфера за одмор. Во близина се наоѓаат бројни ресторани, барови, продавници и атракции по кои е познат Lloret de Mar.

  • Hotel Amatista 4*

    Hotel Amatista 4* - Модерен и реновиран фамилијарен хотел, идеален за релаксиран летен одмор. Се наоѓа на само 5 минути пешачење од прекрасната плажа Феналс. Располага со комфорни соби, надворешни базени, детски содржини, ресторан со разновидна храна и пријатна атмосфера. Одличен избор за семејства со деца, но и за парови кои сакаат да уживаат во убавините на Коста Брава.

  • Helios 4*

    Хотел Helios 4* е еден од најпопуларните хотели во центарот на Лорет де Мар, со одлична локација и многу добра услуга. Се наоѓа на околу 150 метри од главната песочна плажа, односно само 2-3 минути пешачење. Во непосредна близина има бројни продавници, ресторани, кафулиња и шеталиште. Хотелот располага со модерно уредени 1/2 и 1/2+1 соби, опремени со клима уред, балкон, ТВ, бесплатен Wi-Fi, сеф и сопствено купатило. На гостите им се на располагање ресторан со богата шведска маса, надворешен базен со лежалки, бар, wellness & spa центар, 24-часовна рецепција и бесплатен интернет низ целиот хотел.

  • Hotel GHT Oasis Park 4*

    Hotel GHT Oasis Park & Spa 4* - Прекрасен фамилијарен хотел, сместен во мирниот дел на Лорет де Мар, на околу 5–7 минути пешачење од плажата Феналс. Располага со удобни соби, надворешни базени, СПА центар, детско игралиште, забавни содржини и ресторан со разновидна храна. Идеален избор за семеен одмор, релаксација и уживање во сончевата Коста Брава.

  • Hotel GHT Aquarium 4*

    Hotel GHT Aquarium & Spa 4* – Елегантен и комфорен хотел, сместен во атрактивниот дел Феналс, на околу 7–10 минути пешачење од плажата. Располага со надворешен и внатрешен базен, СПА центар, џакузи, модерно уредени соби и ресторан со богата гастрономска понуда. Одличен избор за парови и семејства кои сакаат комбинација од релаксација, удобност и летна забава.

  • Hotel Alegria Marpins 4*

    Hotel Alegria Maripins 4* – Malgrat de Mar - Шармантен хотел со одлична локација, непосредно до крајбрежното шеталиште и на само неколку минути пешачење од плажата. Располага со стилски уредени соби, надворешен базен, сончева тераса, ресторан со разновидна храна и забавни содржини. Идеален избор за семејства и парови кои сакаат безгрижен летен одмор покрај море.

  • Hotel Alegria Florida Park 4*

    Hotel Alegria Florida Park 4* - Santa Susanna - Прекрасен хотел сместен покрај главното туристичко шеталиште во Санта Сузана, на околу 5 минути пешачење од плажата. Располага со пространи и удобни соби, голем надворешен базен, СПА центар, сончева тераса и ресторан со богата гастрономска понуда. Во непосредна близина има бројни ресторани, кафулиња и продавници. Одличен избор за исполнет и релаксиран летен одмор.

  • Hotel Alegria Caprici Verd 4*

    Hotel Alegria Caprici Verd 4* – Santa Susanna, Шпанија

    Модерен и простран хотел, сместен во непосредна близина на крајбрежното шеталиште, на околу 5 минути пешачење од плажата. Располага со комфорни соби, голем надворешен и внатрешен базен, џакузи, фитнес центар и ресторан со разновидна интернационална кујна. Хотелот нуди дневна и вечерна анимација, како и детски содржини, што го прави одличен избор за фамилијарен летен одмор.

 ℹ️ НАПОМЕНИ:

  • Потврда за слободен капацитет во хотелите - 48ч. од денот на упалата на аранжманот.

  • Во случај на отказ на аранжманот од како е потврден хотелот, депозитот е неповратен.

  • Задолжителен депозит при пријавување 50% од цената на арамнжманот.
  • Останатиот износ се плаќа според табелата и најдоцна 20 денови пред поаѓање.
  • За термините 23,30 Мај и 06.Јуни , услугите во Шпанија се во ингеренција на локалниот партнер.
  • Бројот на собата, катот и позицијата на собата се доделуваат од страна на хотелот при пристигнување и не можат однапред да се гарантираат.
  • Патниците се должни да поседуваат БИОМЕТРИСКИ ПАСОШ со рок на траење од мин. 90 дена од денот на напуштање на Шенген зоната, и да немаат престој подолг од 82 дена во изминатите 180 дена во Шенгенската зона во моментот на поаѓање.
  • Н – Ноќевање,  НП – Ноќевање со појадок, ПП - Полупансион – (појадок + вечера), П – Полн пансион (Појадок + ручек + вечера)
  • Распоредот на излети и посети може да претрпи измени.
  • Цените на факултативните излети, влезници, локален превоз, може да претрпат измени.
  • Магичните фонтани во Ноември 2025 г. повторно проработија.
  • Објавените цени се од динамичен карактер и со моментална важност. Истите може да бидат променети без најава во случај на промена на цената на авио билетот, хотелските услуги и сл.
  • Сите потврдени резервации и уплати до тој момент важат според старата цена.
  • Сите други услови на патување важат  Општите услови за патување на НЕХАР ТРАВЕЛ кои се составен дел во Договорот за патување.
  • Задолжително, 48 часа пред поаѓање, проверете ја сатницата за полетување на авионот.Организаторот неможе да прифати одговорност доколку настане промена во редот на летење на авиопревозникот, без оглед на причините кои авиопревозникот не може да ги предвиди. Евентуалното пристигнување во хотелот после полноќните часови/раните утрински часови, ќе се смета за реализирана услуга што се однесува до хотелското сместување т.е. ноќевање. Истото важи и за доцнење во враќањето кон Македонија. За можните спорови во ваков случај, ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот преку авиопревозникот кој го извршил летот.
  • Организаторот на ова патување не може да сноси никаква одговорност за усмено дадени поинакви информации за програмата а кои се дадени во писмена форма.

1.СОДРЖИНА НА АРАНЖМАНОТ:

Организаторот на патувањето гарантира реализација на аранжманот според описот во програмата. Содржината на аранжманот ќе се оствари според програмата на опишаниот начин, освен во случај на виша сила (војна, штрајк, терористички акции, елементарни непогоди, сообраќаен е граничен застој и слично.) Во таков случај организаторот ќе понуди дефинитивен алтернативен и обврзувачки програм. Усмените информации не може да го обврзат организаторот повеќе од она што е истакнато во програмата.

2.ПРИЈАВИ И УПЛАТИ:

Пријави за секое патување се вршат до пополнување на местата со уплата на аконтација назначена за секоја поединечна програма. Пријавувањето може да се изврши во НЕХАР ТРАВЕЛ и во сите туристички агенции, обвластени за продажба на аранжманите, како и преку Пошта на општа уплатница. При пријавувањето купувачот задолжително уплатува аконтација наведена според програмата а останатиот дел по потврдување од службата за резервации, не покасно од 14 дена пред патувањето. При пријавувањето патникот потпишува пријава – договор со назнака ви изјавувам дека сум запознаен со програмата и општите услови за патување и дека во целост ги прифаќам со што општите услови на патување стануваат правна обврска за организаторот и за патникот.

3.ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

Цените на сите патувања се дадени по лице, на база на хотелското сместување во двокреветни соби на база на како е наведено во програмата. Апартманите се продаваат како НАЕМ за наведен број соби. Секое посебно барање во врска со сместувањето подразбира додатни плаќања. Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на цената на аранжманот, во случај на промена на девизниот курс на пазарот или промената на цената на хотелските услуги и превозот предвиден според програмата или намалување на бројот на патници под минимумот предвиден во програмата. За зголемување на цената до 10% не е потребна согласност на патникот ( се прсметува на двата дела на уплата, т.е. вкупната цена) Доколку зголемувањето е поголемо од 10 %, патникот има право да го раскине договорот без обврска за надокнада на штетата. Уплатените пари во тој случај се враќаат во целост. Плаќањето е во денарска противвредност според куповниот курс на нашата деловна банка на денот на уплаќањето, доколку е истакната само девизната цена. За сите уплати задолжително е да се добие фискална сметка.

4.КАТЕГОРИЗАЦИЈА НА ХОТЕЛИ:

Понудените хотели и апартмани се опишани според националната категоризација за секоја земја поединечно во време на издавање на програмата. Квалитетитот на услугите е под надлежност на локалните туристички организации. Стандардите на сместување у услуги се различни по дестинации и не се споредуваат. Организаторот нема обврска да ги пријави имињата на хотелите (категоризацијата секако се објавува) доколку тоа не е предвидено во програмата. Кај програмата ФОРТУНА ХОТЕЛИ – организаторот се обврзува патникот да ја добие уплатената КАТЕГОРИЗАЦИЈА. Името на хотелот, спратот, погледот од собата, се добива при пристигнување на дестинацијата.

5.ОПИС НА УСЛУГИТЕ (ПЛАНА НА ОБРОЦИ)

Планот на оброци е според секоја програма поединечно: НП (ноќевање со појадок), ПП (полу пансион – појадок, вечера, ноќевање) П ( полн пансион – појадок, ручек, вечера, ноќевање), СЕ ВКЛУЧЕНО (АИ) (полн пансион + домашен пијалок.)Доколку посебно не е назначено, оброците се класични ( појадок континентален, ручек и вечера на послужување) Секоја земја има свој начин на исхрана ( избор на храна, пијалоци и количина), во кој организаторот не може да влијае. Во апартманите (НАЕМ) нема обезбедено исхрана.

6.ДЕВИЗЕН ДЕЛ:

Кај одредени програми покрај денарскиот дел може да постои и девизен дел: Тоа подразбира дел од девизниот аранжман на странскиот партнер кој по негово барање се уплатува на лице место на негов преставник за сервисирање на истиот.

7.РАТИ:

Аранжманите може да се плаќаат на рати. Комплетната сума се уплатува најдоцна 14дена пред патувањето. Дополнителни информации во агенција за можни начини на кредитирање.

8.ПАТНИ ИСПРАВИ И ВИЗИ:

Корисниците на патувањето се должни да поседуваат важечки пасош и да се информираат кај организаторот на патувањето, дали за земјата во која патуваат (или транзитните земји) е потребна виза, за таа навреме да се обезбеди. Организаторот на патувањето не прифаќа никаква одговорност за евентуалната неисправност на пасошот или дадени невистинити податоци од патникот или за невремено обезбедена виза. Организаторот на патувањето не превзема никаква одговорност доколку дипломатско – конзуларното претставништво го одбие издавањето на виза или ако емиграционото одделение на странската земја не одобри влез. Сите евентуално трошоци ги сноси учесникот, според општите услови на патувањето.

9.ЗДРАВСТВЕНИ ПРОПИСИ И ЗАШТИТА:

Учесниците на патувањето се должни да се информираат кај надлежната установа и да ги почитуваат сите здравствени прописи за патување во одредена земја. (вакцина или здравствен документ.)Во случај на болест во текот на користењето на аранжманот, трошоците за лечење и евентуалните лекарски интервенции ги сноси учесникот на патувањето, а по враќањето во земјата делот од трошоците може да ги надополни со соодветна документација во фонд за здравствено осигурување, доколку со таа земја е склучен договор за здравствено осигурување или преку задолжително патничко осигурување кое се уплатува кај организаторот.

10.ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:

Пријави и уплати на факултативните излети ги прима водичот т.е. локалниот водич на лице место во валута на земјата во која излетот се реализира. Информациите за цените на излетите може да се добијат на продажното место. Цените на факултативните излети ги одредува иностраниот партнер и истите се променливи. Потребен минимум да се организира излетот е 20 патници, освен ако не е наведено поинаку.

11.ИЗМЕНИ ВО ПРОГРАМАТА:

Организаторот има право да ја измени програмата за патување и нејзиното траење и содржина, во случај на виша сила или настанати околности кој организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (наведени според член 1.)Во ваков случај учесникот на патувањето нема право на надокнада. Организаторот го задржува правото да го одложи или откаже патувањето во случај на недоволен број на пријавени патници најдоцна 7 дена пред поаѓање. Во овој случај агенцијата му го враќана патникот во целост уплатениот износ во рок од 8 дена од денот на откажувањето. Доколку постојат оправдани причини, во текот на патувањето можни се измени во редоследот на престојот, во туристичката програма како и во сместувањето. Доколку дојде до промена на сместувањето, агенцијата ќе обезбеди сместување во рамката на иста или повисока категорија. Патникот нема право на жалба и надокнада за такво променето сместување.

12.ОТКАЗ НА АРАНЖМАНОТ:

Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето. Исклучиво во писмена форма. Доколку патникот се откаже од патувањето поради причини кои неможел да ги избегне или отстрани (болест, несреќа) Организаторот на патникот му го враќа уплатениот износ со одбивањена реалните трошоци кои произлегуваат од откажувањето. Во овој случај патникот е должен во рок од 5 дена на организаторот да му достави писмена потврда за причината на откажување издадена од надлежни органи. Во секој друг случај организаторот има право на надокнада поради неоправдано откажување, која се одредува во зависност од времето на откажување, и наплата на отказни трошоци во однос на аранжманот, според следната скала.

За отказ до 30 дена пред патување: 30% од вкупниот износ на аранжманот
За отказ од 29 – 15 дена пред поаѓање 50% од вкупниот износ на аранжманот
За отказ од 14 – 05 дена пред поаѓање 80% од вкупниот износ на аранжманот
За отказ од 05 – 00 дена пред поаѓање 100% од вкупниот износ на аранжманот
Во одредени програми важат посебни услови за отказ на аранжманот и истите услови се наведени на самата програма. Со склучување на договор за патување или плаќање на фактура странката ги прифаќа условите за отказ.

Ако патникот не се појави или го откаже аранжманот на денот на поаѓање, организаторот ќе го наплати целокупниот аранжман. Во случај на отказ на веќе потврдена “резервација на упит” организаторот наплатува отказни трошкови во висина на уплатената аконтација. За промена на термин, доколку е можно, организаторот ќе наплати манипулативни трошкови во износ од 20 евра.

13.ОБВРСКИ НА ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕ:

Организаторот е обврзан да се грижи за реализација на услугите и програмата во целост со внимание на добар организатор и да се грижи за интересите на патниците согласно добрите обичаи во туризмот. Организаторот е должен да му ги овозможи на патникот сите услуги наведени во програмата и одговара за евентуалното неизвршување целосно или делумно. Организаторот исклучува секаква одговорност во случај на промени и неизвршување на услуги предизвикани од дејство на виша сила (член 1.) или од доцнењето на превозните средства, за кои превозникот не одговара согласно позитивните прописи и меѓународни конвенции. Организаторот не одговара во случај на неисправност, кражба или губење на патната исправа која влијае на неиполнување на програмат во целост или на дел. Патникот во тој случај ги сноси сите трошкови и одговорноста.

14.ОБВРСКИ НА ПАТНИКОТ:

Патникот е обврзан да се грижи да тој лично, неговите документи и патни торби ги исполнуваат предвидени со граничните, царинските, здравствените и други прописи на својата земјата во која патува. Да се придржува кон куќниот ред во угостителските и хотелските објекти, превозни средства, и да соработува со преставникот на организаторот во добра намера. Во случај на непочитување на одредени обврски, патникот одговара на организаторот (или непосредниот давател на услугата) за направената штета. Патник кој свесно го ремети редот во објектите односно возилото може да биде отстранет од аранжманот. Трошковите и одговорноста се на патникот.

15.БАГАЖ:

Патникот има права на бесплатен превоз до 15кг на чартер летовите и редовните авионски линии + 1 рачен багаж. Кај автобускиот превоз дозволен е 1багаж односно патна торба до 20кг. За повеќе багаж и тежина се наплатува во зависност од можноста и дестинацијата. Деца до 2години немаат седиште авион и право на бесплатен багаж. Губењето на багажот со авион е одговорност на авио превозникот според меѓународните конвенции. Организаторот не одговара за изгубениот багаж и драгоцености за време на патување или престој (препорачуваме на сеф)

16.СМЕСТУВАЊЕ ВО СОБИ:

Доколку патникот не договорил посебна соба/апартман со посебни карактеристики, се смета дека ќе прифати било која официјално регистрирана соба/апартман за сместување во договорениот објект опишана во каталогот (програмата) и ценовникот. Доколку е возможно ќе се обиде да одговори дополнително на дополнителните барања на патникот (конфор, ориентација на соба, кат) но не може да гарантира на патникот за таквото барање. Сместувањето во хотелските соби е после 14.00ч, во апартманите после 16.00ч а напуштање на собите/апартманите е до 10.00ч, доколку со куќниот ред не е поинаку назначено во одреден објект.

17.РЕШАВАЊЕ НА ПРИГОВОРИ:

Во случај на непотполно или неквалитетно извршување на услугите предвидени во програмата, учесникот на патувањето има право на сразмерно обештетување доколку поднесе писмен (поединечен) приговор. Потписникот на договор има право на приговор врз основа на докажана неизвршена договорена услуга според програмата. Организаторот нема да прима на разгледување приговори кои ги поднесуваат повеќе носители на договори.

Постапка за поднесување на приговор:

Веднаш на самото место се инфоормира преставнико на агенцијата, односноо извршителот на услугите.
Патникот е должен да соработува со претставникот и со извршителот на услугите во добра намера за се отстранат причините за приговорот. Доколку патникот не го прифати понуденото решение кое одговара на уплатената услуга, организаторот нема да ја уважи дополнителната рекламација на патникот и нема да одговори на истата.
Ако причината за рекламација не е отстранета, патникот во присуство на претствникот или извршителот на услугата прават писмена потврда (записник)
Најдоцна 8 дена по завршување на аранжманот патникот е должен да поднесе писмен приговор до организаторот со презентација на копија од записникот и направени евентуални трошкови. Организаторот ќе ги прими на разгледување само потполно документираните приговори поднесени во наведениот рок.
Организаторот е должен да поднесе писмено решение во рок од 14 дена од приемот на приговорот. Организаторот може да го пролонгира рокот на решавањето на приговорот заради комплетирање на информациите и проверка на наведените рекламации кај извршителот на услугата. Организаторот ќе ги решава само оние рекламации за кои во местото на одмор (патување) не можеле да бидат отстранети причините кои ги предизвикале.
Доколку организаторот не поднесе решение по приговорот, патникот се од посредување на било кое друго лице, судска установа или давање информации во јавните медиуми.
Највисоката надокнада по приговорот, може да достигне сума до износот на рекламираниот дел на услугите, но тоа не ги вклучува веќе искористените услуги како и севкупниот износ на аранжманот. Со ова се исклучува правото на патникот за идеална штета.
Доколку причината не се отстрани, заедно составуваат записник како потврда за рекламација. Најдоцна 8 дена по завршувањето на аранжманот патникот може да поднесе писмена рекламација до организаторот со која треба да го приложи и записникот потпишан од преставникот, како и евентуалните сметки за додатни трошоци. После тој рок рекламацијата не уважува.
Организаторот е должен да поднесе писмено решение на овој приговор во рок од 14 дена по приемот. Додека организаторот не поднесе писмено решение и додека постапката за негово изнаоѓање е во тек, патникот се одрекува од поднесување на кое било друго лице, судска установа или давање информации во јавните гласила.
Најголемата надокнада после рекламацијата може да достигне вредност на цената на аранжманот. Со ова се исклучува правото на купувачот на идеална штета.
18.НАДЛЕЖНОСТ НА СУДОТ:

Во смисла на точка 16 од овие услови, купувачот на услугите на одредена програма има право на рекламација кај организаторот на патувањето. Доколку купувачот не е задоволен од решението на организаторот, има право да бара дополнителна арбитража од страна на СКТМ или од страна на надлежниот суд во Скопје. За се што не е регуларно со одредбите на општите услови на патување , ќе се применат одредбите од законот за облигациони односи.

19.ВАЖНИ НАПОМЕНИ:
Патникот да ја провери трајноста на патната исправа
Учесникот на патувањето е должен сам да се грижи за своите лични предмети, патни документи, и платежни средства.
Припатување со авион на редовна или чартер линија, потребно е да се провери времето на полетување еден ден пред поаѓање на пат бидејќи се можни промени во редот на летање. Организаторот не сноси одговорност во случај на измена на станицатана поаѓање.
При патување во автобус, местата на седење се одредуваат според редоследот на пријавување кај организаторот на патувањето
Аеродромските такси не се вклучени во цената на аранжманот освен ако тоа во програмата не е поинаку назначено, и се променливи.

ОТКАЗ НА АРАНЖМАНОТ:

Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето, исклучиво во писмена форма. Доколку патникот се откаже од патувањето поради причини кои не можел да ги избегне или отстрани (болест, несреќа), Организаторот на патникот му го враќа уплатениот износ со одбивање на реалните трошоци кои произлегуваат од откажувањето. Во овој случај патникот е должен во рок од 5 дена на организаторот да му достави писмена потврда за причината на откажување издадена од надлежни органи. Во секој друг случај организаторот има право на надокнада поради неоправдано откажување, која се одредува во зависност од времето на откажување, и наплата на отказни трошоци во однос на аранжманот, според следната скала:

  • За отказ повеќе од 30 дена се пресметува манипулативен трошок од 1.200 ден.
  • За отказ до 30 дена пред патување: 30% од вкупниот износ на аранжманот
  • За отказ од 29 - 15 дена пред поаѓање: 50% од вкупниот износ на аранжманот
  • За отказ од 14 - 05 дена пред поаѓање: 80% од вкупниот износ на аранжманот
  • За отказ од 05 - 00 дена пред поаѓање: 100% од вкупниот износ на аранжманот

Во одредени програми важат посебни услови за отказ на аранжманот и истите се наведени на самата програма. Со склучување на договор за патување или плаќање на фактура, странката ги прифаќа условите за отказ.

Ако патникот не се појави или го откаже аранжманот на денот на поаѓање, организаторот ќе го наплати целокупниот аранжман. Во случај на отказ на веќе потврдена „резервација на упит“, организаторот наплатува отказни трошоци во висина на уплатената аконтација. За промена на термин, доколку е можно, организаторот ќе наплати манипулативни трошоци во износ од 20 евра.

Останати патувања

Лето Шпанија
Од 549 € по лице